Менструален циклус: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: кој што → којшто (2) using AWB
с →‎Лутеинска фаза: Јазична исправка, replaced: конзистентно → доследно using AWB
Ред 74:
Лутеинската фаза се нарекува и фаза на секреција. Жолтото тело, тврдо тело кое се создава во јајчникот по испуштањето на јајце-клетката од јајчникот во јајцеводите, има многу важна улога во лутеинската фаза. Телото продолжува да расте одреден период по овулацијата и лачи значителна количина на хормони, особено прогестерон. Прогестеронот игра важна улога при подготвувањето на ендометриумот за да биде способен да го издржи всадувањето на бластоцистот и раната бременост. Тој исто така го предизвикува споредниот ефект на кревање на базалната телесна температура кај жената. На крајот на секреторната фаза има и лачење пролактин.
 
По овулацијата, гонадотропните хормони FSH и LH ја предзвикуваат преобразбата на преостанатите делови од доминантната фоликула во жолто тело, кое што лачи прогестерон. Зголеменото ниво на прогестерон во надбубрежните жлезди го започнува и предзвикува лачењето на естрогенот. Хормоните кои ги лачи жолтото тело исто така го потиснуваат лачењето FSH и LH, коишто му се потребни на жолото тело за да се одржува. Како последица со текот на времето нивото на FSH и LH брзо се намалува и жолтото тело атрофира. Нивото на прогестеронот, кое брзо опаѓа, ја активира менструацијата и почетокот на наредниот циклус. Времетраењето на процесот од овулацијата до намалувањето на прогестеронот и почетокот на меструацијата обично изнесува околу 2 недели, со тоа што од 10 до 16 дена се сметаат за нормални. Кај одделни жени времетраењето на фоликуларната фаза често варира од циклус до циклус. Но, за разлика, кај истите жени времетраењето на лутеинската фаза е прилично конзистентнодоследно од циклус до циклус.
Атрофирањето на жолтото тело може да се спречи со оплодување на јајце-клетката. Создадениот [[ембрион]] произведува хорионски гонадотропин (hCG), кој е многу сличен на LH и може да го зачува жолтото тело. Поради тоа што хормонот се лачи исклучиво од страна на ембрион, најголемиот дел од тестовите за бременост бараат присуство на [[хормон]]от.