Константин IV: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: Балканскиот полуостров → Балканскиот Полуостров using AWB
с →‎Војна со Арапите: Јазична исправка, replaced: конзистентност → доследност using AWB
Ред 37:
Во [[670]] година Арапите го зазеле градот Кизик на малоазискиот брег на [[Мраморно Море]], а во 672 година - [[Смирна]]<ref name="Norwich, pg. 323">Norwich, pg. 323</ref>. Меѓу [[674]] и [[678]] година [[Цариград]] бил опколен од арапски трупи. Вкупно арапските армии бројат над 100,000 војници и голема флота. Нападите против градот се воделе во пролет, лето и есен, а во зима арапските бродови се повлекувале кон Кизик<ref name="Moore, Constantine IV"/>.
 
Недостатокот на конзистентностдоследност при нападите на тврдината (војниците од одделните области на Арапскиот калифат во ниеден момент на опсадата не презеле заеднички напад врз градот), слободата за напад на византиската флота, можностите за снабдување на градот со жито од [[Словени]]те во текот на зимата и, особено важно - примената на [[грчки оган|грчкиот оган]], измислен од сириецот Калиникос против арапските бродови, како и организаторски способности и воениот талент на Константин IV, претставувале главните причини за неуспехот на опсадата.
 
По крајот на опсадата на Цариград, византиската флота дејствувала успешно против арапските сили во [[Мраморно Море]], а византската армија ги победила во Битката кај Сулајем (677). Во есента [[678]] година арапската флота била поразена, по кое арапско-муслиманските сили започнале повлекување. Тие биле пресретнати од византиски војници во Централна Мала Азија и конечно поразени.