Дорис Деј: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Правописна исправка, replaced: 1940тите → 1940-тите using AWB
с →‎Први почетоци: Правописна исправка, replaced: 1930тите → 1930-тите using AWB
Ред 8:
Дорис Деј е родена во Синсинати, Охајо, во соседство на Еванстон од Алма Софија Велц (домаќинка) и Вилхем (подоцна Вилијам) Капелхоф (наставник по музичко и мајстор по хор). Нејзините баба и дедо биле германски имигранти. Иако во пописот од 1930 година е попишана како на возраст 7, таа за нејзиниот биографер во „Дорис Деј: Нејзината Сопствена Приказна“ изјавува дека е родена во 1924 година. Специфично изјавува дека: „(Јас бев) именувана од мајка ми во чест на нејзината омилена глумица, Дорис Кејтон, ѕвезда во тогашната 1924.“ Најмала од три деца, таа имала два браќа: Ричард, кој починал пред таа да се роди, и Пол, неколку години постар.
Бракот на нејзините родители бил неуспешен поради јавното неверство на нејзиниот татко. Иако фамилијата била Римо-Католичка, нејзините родители се развеле. По нејзиниот втор брак, самата Деј ќе стане Христијански Научник. Деј била мажена четири пати.
Деј развила ран интерес за играње, и во средината на 1930тите1930-тите формирала танчерско дуо со Џери Доерти, настапувајќи локално во Синсинати. На 13ти октомври 1937 година, во сообраќајна несреќа таа ги повредува своите нозе и со тоа се ограничуваат нејзините проспекти како професионален танчер. Во текот на заздравувањето Деј зема часови по пеење, и на 17 годишна возраст започнува да настапува локално.
Во текот на работењето со локалниот лидер на бендот Барни Рап, во 1939 или 1940 година таа го прифаќа уметничкото име „Деј“ како алтернатива за „Капелхов“, на негов предлог. Рап смета дека нејзиното презиме е премногу долго. Првата песна која таа ја изведува за него е „Day After Day“ („Ден По Ден“), од каде што и потекнува нејзиното уметничко име. По работењето со Рап, Деј работи со бројни други лидери на групи, вклучувајќи ги и Џими Џејмс, Боб Кросби и Лес Браун. Токму и работејќи со Браун Деј го постигнува својот прв хит снимајќи ја „Sentimental Journey“ („Сентиментално Патување“), издаден во почетокот на 1945 година. Набргу потоа таа станува химна на желбата на демобилизирачките трупи на Втората светска војна да се вратат дома. Песната е се уште поврзана со Деј, и е преснимувана од нејзе неколку пати за различни пригоди.