Аутизам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎''Причини'': Правописна исправка, replaced: чии што → чиишто (2) using AWB
с →‎top: Правописна исправка, replaced: 1980тите → 1980-тите using AWB
Ред 21:
'''Аутизам''' — нарушување на невролошкиот развој, кое се одликува со намалена способност за социјализација и комуникација и со ограничено и повторливо однесување. Сите овие знаци се манифестираат пред три годишна возраст. Аутизмот делува на процесирањето информации во мозокот, со тоа што го менува начинот на којшто невроните и нивните синапси се поврзуваат и организираат. Како доаѓа до оваа појава сѐ уште не е познато. Другите две нарушувања од спектарот на аутизмот (НСА) се синдромот Аспаргер, којшто не се одликува со заостанатост во когнитивниот развој и во јазикот, и ПНР-Н (первазивното нарушување во развојот - неодредено), кој се дијагностицира во случаи кога не се комплетно исполнето критериумите за другите два синдроми.
 
Аутизмот има цврста генетска основа, но генетскиот состав на аутизмот е сложен и не е јасно дали НСА се објаснува повеќе со ретки мутации, кои имаат огромни ефекти, или пак со мултигенски интеракции на нормалните гени. Во ретки случаи аутизмот е поврзан со фактори кои предизвикуваат вродени малформации. Постојат и многу контроверзни теории за некои причинители, коишто можат да произлезат од опкружувањето, како што се тешките метали, пестицидите или вакцините, кои се примаат во раното детство. Хипотезите за вакцините се биолошки невозможни и не се потврдени со достојни научни докази. Аутизмот се појавува кај 1-2 од 1000 луѓе. Распространетоста на НСА е 6 луѓе од 1000, со тоа што се јавува 4 пати повеќе кај машката популација отколку кај женската. Бројот на луѓе, кои се дијагностицирани дека страдаат од аутизам почна драстично да се зголемува од 1980тите1980-тите, делумно поради промените во дијагностиката. Причините за зголемениот број на случаи со аутизам се непознати.
 
Родителите обично ги забележуваат симптомите во првите две години. Симптомите обично се развиваат постепено, но има исклучоци кај некои деца со аутизам, кои отпрво се развиваат нормално, а потоа нивниот развој назадува. Иако преземањето мерки во поглед на воспитување или учење за спознавање на светот уште во раниот период од детството може да им помогне да станат способни да се грижат за самите себе, да комуницираат и да се социјализираат, не постои лек којшто делува 100 процентно. Не многу деца со аутизам се осамостојуваат и живеат независно по стекнувањето полнолетство, иако некои од нив стануваат успешни. Развиена е и култура на аутистите, во рамките на која што некои бараат лек, додека пак други веруваат во тоа, дека аутизмот не треба да се третира како нарушување, туку да се толерира како разлика.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Аутизам