Едгар Кејси: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
кажувањата на Кејси
с 5
Ред 191:
 
*'''Тело, ум, душа:''' Кејси често ги споменувал овие три термини кога објаснувал ситуација на некого. „Душата е животот. Умот е градителот. Телото е резултатот.“ (Се споменува во повеќе записи.)
 
 
*'''Медитација:''' Кејси понекогаш опишувал [[Медитација|медитативни]] техники на пеење „Aррр--eee-ooммм“ што многу наликува на [[мантра]]та ''[[Харе]] [[Ом]]'', сепак велел дека главната работа е да бидеш отворен за божествените влијанија.
Ред 199 ⟶ 198:
*'''Атлантида:''' Според кажувањата на Кејси, [[Атлантида]] постоела, и тоа била земја со напредна технологија, чии избеглици го населиле древен Египет, како и предКолумбовска Америка. Според него, многумина денес се реинкарнација Атлантиѓаните, кои сега се соочуваат со слични искушенија. Рекол дека Атлантида ја погодиле три големи катастрофи, а конечната катастрофа била експлозија на кристалот кој го користеле како извор на енергија.
 
*'''Египет:''' Древната цивилизација на [[Египет]] била составена од избеглици од Атлантида. Тие ги изградиле монументалните градби во [[Гиза]], вклучувајќи ја и [[Кеопсова пирамида|Големата пирамида]], и оставиле записи за Атлантида во „салата на записи“ која се наоѓа некаде под [[Сфинга]]та.
 
*'''Промени на Земјата:''' Кејси известил за серија на [[катаклизма|катаклизми]] кои би требало да се случат во наредните децении, меѓу кои изместување на земјината оска.
 
*'''„Лековите“ на Кејси:''' Често советувал употреба на масажи, молитви, таблетки од црн јаглен (во медицината познати како лек за прочистување на организмот од отрови), вежби, и еден посебен вид на диета. Диетата се состоела од избегнување на црвено месо, алкохол (освен црвено вино), бел леб, пржена храна, а наместо сето тоа да се користи што повеќе овошје, зеленчук. Интересно е што Кејси неколку пати изјавил дека кафето и цигарите не се голема пречка за здравјето. Самиот не се придржувал постојано на советите за здрава исхрана.
 
*'''Толкување на соништа:''' Кејси е еден од првите толкувачи на соништа спротивставен на толкувањата на [[Фројд]]. Тој велел дека постојат различни видови соништа со различни нивоа на значење, и дека само сонувачот може вистински да си го одгонетне својот сон. <ref>{{cite book|title=The Dream Game|author=Faraday, Ann|pages=xiv}}</ref>
 
==Фусноти==