Халил Рифат-паша: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадено преведувајќи ја страницата „Halil Rifat Pasha
(нема разлика)

Преработка од 18:23, 31 мај 2020

Халил Рифат-паша (современ турски: Halil Rıfat Paşa; 1820 година [Notes 1] 9 ноември 1901 година) бил отомански државник и Голем везир шест години помеѓу 1895 година до неговата смрт во 1901 година, за време на владеењето на Абдул Хамид II.

Халил Рифат
Паша
Мутасариф на Видин
На должноста
1882–1886
Гувернер на Сиваскиот Вилает
На должноста
1886–1889
Гувернер на Ајдинскиот Вилает
На должноста
1889–1891
Претходник Нафиз-паша
Наследник Абдурахман Нуредин-паша
Гувернер на Битолскиот Вилает
На должноста
1891–1893
Голем везир на Османлиската Империја
На должноста
7 ноември 1895 – 9 ноември 1901
Монарх Абдул Хамид II
Претходник Ќамил-паша
Наследник Мехмед Саид-паша
Лични податоци
Роден(а) 1820
Сер, Румелиски Пашалак, Османлиска Империја
Починал(а) 9 ноември 1901
Константинопол, Константинополски Вилает, Османлиска Империја
Националност Османлија
Вероисповед Ислам

Образование

Роден е во Сер и се школувал во една медреса во Солун, а потоа продолжил на Факултетот за политички науки во Константинопол (денес установата се наоѓа во Анкара).

Живот и кариера

После неколку години на образование, тој започнал да работи како поштенски службеник во Видин, а потоа работел како секретар во канцеларијата на гувернерот на Солун.[1] Тој напредувал чекор по чекор и бил назначен на повисоки официјални позиции со изминувањето на времето, вклучително и во Русе. Во 1882 година бил назначен за мутасариф на Видин, а потоа во 1886 година бил назначен за гувернер на Сивас, каде започнал програма за градење на патишта.[1] Потоа бил назначен за гувернер на Ајдин (1889), а подоцна и во Битола, каде се борел против комитски единици, кои растеле во покраината.[1] Тој бил назначен за министер за внатрешни работи во 1893 година. Потоа бил назначен за голем везир во ноември 1895 година. Најважните настани во неговата ера како голем везир биле немирите на Сасон (во 1895 година) и на Крит (во 1897 година), како и грчко-турската војна од 1897 година, која завршила со османлиска победа.

Тривија

Неговото мото во кампањата за градење на патиштата било „Секое место каде што не можете да одите не е ваше“ (турски: Gidemediğin yer senin değildir.)

Белешки и наводи

  1. Според посмртницата во „The Times“, тој бил роден околу 1807 година. Така тој бил имал речиси 95 години до неговата смрт. Други извори ја посочуваат годината 1820.
  1. 1,0 1,1 1,2 "Obituary - Turkish Grand Vizier" The Times (Лондон). понеделник, 11 ноември 1901. Бр. 36609, стр. 10.

Поврзано

Надворешни врски

Политички функции
Претходник
Ќамил-паша
Голем везир на Османлиската Империја
7 ноември 1895 – 9 ноември 1901
Наследник
Мехмед Саид-паша