Михаил VIII Палеолог: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Поништување на унијата: Правописна исправка, replaced: Хабзбу → Хабсбу using AWB
с →‎Поништување на унијата: Правописна исправка, replaced: подршка → поддршка using AWB
Ред 107:
Не само [[Источно римско царство|византискиот]] цар, туку и [[Папска држава|римската]] курија морала да се бори за одржување на римско-византиската спогодба. По смртта на [[папа]]та [[Папа Грегориј X|Григориј X]] ([[1276]]г.) во [[Рим]] зајакнало влијанието на [[Кралство Сицилија|сицилијанскиот]] крал и во римско-византиските односи настапило заладување. Папата [[Папа Никола III|Никола III]] ([[1277]]г.-[[1280]]г.) уште еднаш им дал силен поттик на римските универзалистички стремежи, а со тоа и на унијатската политика. Се обидел на Запад да создаде извесна рамнотежа меѓу [[Карло I Анжујски|Карло Анжујски]] и [[Рудолф Хабсбуршки]], а на Исток меѓу Карло и византискиот цар, за над сите световни сили да се издигне универзалната власт на римската црква. Во времето на неговиот понтификат, Михаил VIII се чувствувал сигурен на Запад и токму во ова време биле најзначајните византиски успеси во [[Мореја]] и на [[Егејско Море|Егејското Море]]. Но при наредниот избор на папа победило влијанието на Карло Анжујски и ситуацијата од основа се изменила. На римскиот стол во [[1281]]г. се качил [[Французи]]нот [[Папа Мартин IV|Мартин IV]], слепото орудие на моќниот сицилијански крал. Римската курија се одрекла од улогата на суверен арбитар и се ставила во служба на анжујската освојувачка политика. Со поддршка од папата, Карло Анжујски и титуларниот [[Латинско царство|латински]] цар [[Филип I (Латинско царство)|Филип]], синот на [[Балдвин II (Латинско царство)|Балдвин II]], на [[3 јули]] 1281г. во [[Орвиет]] склучиле договор со [[Венецијанска република|Венецијанската република]] заради воспоставување на Римското Царство, узурпирана од Палеолог. Дури, потчинувајќи се на барањата на Карло Анжујски, Мартин IV, кон византискиот цар, коишто прифаќајки ја унијата во својата земја морал да издржува тешки борби, го проколнал како шизматик и им забранил на [[Католицизам|католичките]] владетели со него да одржуваат врски.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 559-560.</ref>
 
На тој начин унијата доживеала целосен неуспех. Од неа се одрекол и самиот Рим. Западните сили се обединиле против Византија. Венецијанците на Карло Анжујски му дале флота, а папата му дал морална подршкаподдршка. Владетелите на балканските земји се придружиле во антивизантискиот потфат. Во спогодба со Карло Анжујски, севастократорот [[Јован I Дука Тесалиски|Јован Тесалиски]] и кралот [[Стефан Урош II Милутин|Милутин]] упаднале во [[Македонија]] во [[1282]]г. [[Кралство Србија (Среден век)|Српскиот]] крал го зазел [[Скопје]], по што Византија засекогаш го загубила градот. Во [[Второ бугарско царство|Бугарија]], византискиот штитеник [[Иван Асен III]] го изгубил престолот, а неговиот наследник [[Георги I Тертер]], којшто му ја одзел круната како водач на бугарските болјари, се свртел против Византија и се спогодил со Карло Анжујски и Јован Тесалиски. Никогаш порано Карло Анжујски не бил поблиску до својата цел и никогаш како сега положбата на Михаил VIII не се чинела побезизлезна.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 560.</ref>
 
===Соборувањето на Карло===