Лизинг: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ситна поправка
с Правописна исправка, replaced: подршка → поддршка (2) using AWB
Ред 8:
Сопственик на предметот што се дава на користење е јасно определен, тоа е давателот на лизинг предметот. Всушност се работи за договорен пренос на правото на користење на современа и најнова техничко- технолошка инвестициона опрема, кое право може да вклучува и елементи на лиценца и/или know how. Овој договорен пренос на правото на користење може, но не мора да заврши со пренос на правото на сопственост, што од своја страна, значи прифаќање на функционално-прагматичниот отколку на формално и догматско-традиционалниот пристап на водење на бизнисот.
 
Функционалниот пристап упатува на тоа дека претприемачите не треба да се оптоваруваат со правото на сопственост во водењето на својот деловен потфат, туку нивна движечка сила треба да биде мотивот како побрзо да дојдат до посовремени и поефтини средства за работа.
 
=== Договорни страни ===
Ред 68:
Втората фаза ја означува влегувањето во сила на Законот за лизинг, кога своја полна примена доживува одредбата од член 571 од Законот за облигациони односи според која одредбите од договорот за закуп според ЗОО нема да се применуваат врз закупите уредени со посебни прописи, со што јасно се упатува дека на договорот за лизинг целосно и исклучиво ќе се применуваат одредбите од Законот за лизинг.
 
Како важен за лизингот во Република Македонија е Законот за банки каде што е утврдено дека со лизинг дејност, покрај банките, можат да се бават и небанкарски институции. Важни за лизингот како алтернативен извор на финансирање на мали и средни претпријатија се и Законот за основање на македонска банка за подршкаподдршка на развојот [http://www.mbdp.com.mk/mbdp.php?page=misija_zakon] и Предлогот за донесување на Закон за гарантен фонд на Република Македонија од 01 јули 2003 година, со кој се уредува начинот на издавање гаранции на име на обезбедување на дел од кредит или лизинг на крајни корисници.
 
На меѓународен план, значајна е UNIDROIT Конвенцијата за меѓународен финансиски лизинг од [[Отава]] од [[1988]] година, која стапи насила на [[1 мај]] [[1995]] година и се однесува само на финансискиот лизинг. [[Република Македонија]] ја нема ратификувано оваа конвенција.<ref>Благица Георгиева,” Лизинг-како алтернативен извор на финансирање”, ''Правник'', бр.147/148, јули-август 2004.</ref>
Ред 86:
* Неопходна форма за финансирање на малото стопанство, односно мали и средни претпријатија кои немаат доволно финансиски средства за набавка на сопствени средства за работа од една, и недовербата на банкарските институции кон малите, средните и нови претпријатија на пазарот, од друга страна.
* Со фаворизирањето на развојот на малото стопанство, се овозможува отварање на нови работни места и на тој начин се апсорбира вишокот на работната сила од гломазните индустриски системи.
* Отсуство на соодветна државна политика за помош и подршкаподдршка на развојот на малото стопанство и др.
 
==Лизинг наспроти кредитирање==
Ред 162:
Правната рамка за функционирање на лизингот во Македонија е утврдена со [[Закон за лизинг|Законот за лизинг]], со која се уредуваат начинот и условите за вршење лизинг на подвижни и недвижни предмети, како и правата и обврските на страните во договорот за лизинг.<ref>Закон за лизинг, Службен весник на РМ, бр. 4/2002, 49/2003, 13/2006 и 88/2008.</ref> Согласно Законот за лизинг, даватели на лизинг се домашни трговски друштва и странски трговски друштва што имаат основано подружница во [[Република Македонија]], во согласност со [[Закон за трговски друштва|Законот за трговски друштва]]. За да можат [[трговско друштво|трговското друштво]] и подружницата на странско трговско друштво да бидат даватели на финансиски лизинг во Република Македонија, треба да добијат дозвола од Министерството за финансии за вршење на финансиски лизинг.
На [[Пазар|пазаротпазар]]от на финансиски лизинг во [[Македонија]] во [[2012]] година активно работеле 11 лизинг-друштва.<ref>Министерство за финансии, ''Регистар на даватели на финансиски лизинг''.</ref> Меѓутоа, во 2014 година, на пазарот за лизинг активно работеле само пет фирми, и тоа: „[[НЛБ Лизинг]]“, „С-лизинг“, „[[Порше лизинг]]“, „Мастер лизинг“ и „Евро-лиз ауто“.<ref name="XIX 2015">Алекандра Филиповска, „Лани склучени само 1.100 договори тешки 20 милиони евра“, ''Дневник'', година XIX, број 5704, сабота, 28 февруари 2015, стр. 8-9.</ref> Притоа, во регистрираните лизинг-друштва во Македонија доминира финансискиот лизинг, односно 100% од лизинг-компаниите нудат [[финансиски лизинг]], додека [[оперативен лизинг]] нудат само три лизинг-компании.
 
Од аспект на средствата што се нудат на лизинг доминираат возилата, односно 100% од сите лизинг-компании нудат лизинг на патнички возила, додека четири од нив нудат лизинг и на комерцијални возила ([[камион]]и, [[автобус]]и итн.). Оперативниот лизинг е достапен единствено за патнички возила. Лизингот на опрема и машини е помалку застапен и таква услуга нудат само четири лизинг-компании, додека лизинг на недвижности воопшто не се нуди на [[Пазар|пазаротпазар]]от во Македонија.
 
Сопственичката структура на лизинг-секторот во [[Македонија]] се одликува со изразена доминација на странскиот [[капитал]], кој учествувал со 99,5% во [[2010]] година. Најголемиот дел од [[капитал]]от на лизинг-индустријата, односно 84,8%, е во сопственост на странски [[финансиски институции]], додека остатокот е во сопственост на странски нефинансиски правни лица (14,66%) и физички лица (о,07%).<ref>Министерство за финансии (2011), "Претпристапна економска програма 2011-2013", Скопје, стр. 36-38.</ref>
 
Лизинг-секторот во Македонија, исто како и [[Банкарски систем на Македонија|банкарскиот сектор]], во 2011 година се соочил со отежната наплата на побарувањата, што придонесло за продолжување на [[Профит|непрофитабилното]] работење на секторот и остварување загуба од 22,6 милиони [[Денар|денариденар]]и. Како резултат на тоа, се намалиле бројот и вредноста на новите договори склучени од страна на лизинг-компаниите.
 
Учеството на вредноста на новосклучените договори за лизинг во [[2011]] година изнесувал само 0,4% од БДП.<ref>Народна банка на Република Македонија, ''Извештај за финансиска стабилност 2011'', Скопје, 2012, стр. 146.</ref> Доколку се анализира структурата на активните договори за лизинг, договорите со физички лица учествувале со 54%, додека учеството на правните субјекти изнесувало 46%. Од аспект на намената, доминирало финансирањето за подвижни предмети, кои учествувале со 97,8% во вкупната структура од активните договори за лизинг. Најголемо учество кај активните договори за правни субјекти имале патничките возила, со 65% од вкупните активни лизинг-договори со правни субјекти, додека само 8% од лизинг-договорите биле искористени за набавка на опрема и машини.
 
Табела бр. 1: ''Договори за лизинг на возила во Македонија''<ref>Алекандра Филиповска, „Лани склучени само 1.100 договори тешки 20 милиони евра“, ''Дневник'', година name="XIX, број 5704, сабота, 28 февруари 2015, стр. 8-9.<"/ref>
{| class="wikitable"
|-
Ред 200:
|}
 
Покрај падот на бројот на склучените договори за лизинг, по [[Финансиска криза 2007-2010 година|Глобалната финансиска криза]], во Македонија била забележана и зголемена појава на раскинување на договорите за лизинг, што претставувало симптом на структурното намалување на обемот на работењето на овој сектор, како и раст на [[Ризик|ризиците]] за наплата на побарувањата. Така, во [[2014]] година биле раскинати 347 договори за лизинг, во вредност од 750 милиони [[денар]]и.<ref>Алекандра Филиповска, „Лани склучени само 1.100 договори тешки 20 милиони евра“, ''Дневник'', година name="XIX, број 5704, сабота, 28 февруари 2015, стр. 8-9.<"/ref>
 
Карактеристика на лизинг-секторот во Македонија е тесната специјализираност на регистрираните лизинг-компании. Исто така, неповолна е состојбата и со понудата на средства што се нудат на лизинг, при што предноста ја имаат возилата. Лизинг-понудата во Македонија не кореспондира со потребите на секторот на [[Мали и средни претпријатија|малите и средните претпријатија]] за финансирање на нивните инвестиции и може само делумно да се користи како супститут на банкарските долгорочни кредити. Од финансиска гледна точка, лизингот за малите и средните претпријатија сè уште е поскапа варијанта од [[кредит]]от.
Ред 208:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Деловни поими]]
[[Категорија:Право]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Лизинг