Конкуренција: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Конкуренцијата во бизнисот: Правописна исправка, replaced: кои што → коишто using AWB
с →‎Право: Правописна исправка, replaced: подршка → поддршка using AWB
Ред 33:
===Право===
Законот за заштита на конкуренција, познат како закон против монопол на цени во САД, има три основни функции. Како прво, забранува договори кои имаат за цел да ја ограничат слободната трговија меѓу произведувачите и нивните потрошувачи. На пример, картел на продавници за спортска опрема кои заеднички одредуваат цени на фудбалски дресови повисоки од вообичаените е нелегално. Како второ, законот за конкуренција може да го забране работењето или неправилното однесување на фирма која доминира на пазарот. Веќе познат пример е софтверска компанија која преку својот монопол на копмјутерски оперативни системи, ги обврзува потрошувачите да го користат нејзиниот софтвер за мултимедијално репродуцирање. И како трето, за да ја задржи конкурентноста на пазарот, законот ја надгледува и корпоративната стратегија и менаџмент на припојување и превземање на големите корпорации. Надлежните власти би можеле на пример, да побараат од една голема компанија за амбалажа да даде лиценци за пластична амбалаза за флаширање на конкурентите пред превземање на голем PET производител. Во овој случај (како и во сите три), законот за заштита на конкуренција има за цел да ја зачува благосостојбата на потрошувачите осигурувајќи се да одреден бизнис се натпреварува за својот дел од пазарот на економија.
Во последните декади, законот за заштита на конкуренција се користи како средство за обезбедување на подобри јавни услуги, вообичаено финансиски потпомогнато од даночни обврзаници и спроведено од демократски владини гарнитури. Според тоа, законот за заштита на конкуренција е тесно поврзан со законот за либерализација на пристап кон пазарите, со обезбедување државна помош и субвенции, приватизирање на државен имот и со употребата на независни секторски регулатори, како на пример Ofcom, телекомуникацискиот регулатор на Обединетото Кралство. Позади практиката се наоѓа и теоријата, која во последните педесет години е под влијание на неокласичната економска теорија. Пазарите се сметаат за најефикасниот начин на распределба на ресурси, и покрај тоа што повремено тоа не е случај, а регулативите стануваат потребни за да се зачува идеалниот пазарен модел. Позади теоријата се наоѓа историјата, која води потекло и пред Романската Империја. Работната практиката на трговците, здруженијата и владините гарнитури секогаш подлежела на надбљудување и строги санкции. Почнувајќи од дваесетиот век, законот за заштита на конкуренција се раширил на глобално ниво. Двата најголеми, најорганизирани и највлијателни системи за регулирање на конкуренцијата се законот против монопол на цени на САД и законот за заштита на конкуренција на Европската заедница. Задолжените државните институции, Министерството за правда и Федералната комисија за трговија на Соединетите Држави и Департманот за конкурентска политика на Европската Комисија формирале бироа за меѓународна подршкаподдршка и контрола. Законот за заштита на конкуренцијата добива на значење од ден на ден, што алармира за негово внимателно проучување.
 
===Политика===