Историја на економската мисла: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Американскиот начин: Праовписна исправка, replaced: 19от век → 19 век using AWB
с Правописна исправка, replaced: подршка → поддршка (3) using AWB
Ред 101:
„... подигнување и одржување на одредени јавни работи и јавни институции што никогаш не може да биде во интерес на било кој поединец или мал број на индивидуи, да се исправи и одржи.. секој систем кој се труди... за да привлече кон посебни видови на индустријата поголем удел на капиталот на општеството од она што во нормални услови би се распределило... стагнираат наместо да го забрзат напредокот на општеството кон вистинско богатство и големина.“
 
Во прилог на потребата од јавно водство во одредени сектори, Смит тврди, второ дека картелите беа непожелни поради нивниот потенцијал да го ограничат производството и квалитетот на стоките и услугите. Трето, Смит ја критикуваше владината подршкаподдршка на каков било вид на монопол кој секогаш ја наплаќа највисоката цена „која може да се исцеди од купувачите„. Постоењето на картели и монопол што подоцна ке ја формира сржта на политиката на законот за конкуренција, би можеле да ги нарушат придобивките на слободните пазари во корист на бизнисот на сметка на суверенитетот на потрошувачите.
 
== Класична политичка економија==
Ред 224:
Кенјз тврди дека вработеноста зависи на тоталната потрошувачка, што се состои од потрошувачката на клиентот и бизнис инвестицијата во правниот сектор. Потрошувачите трошат само „пасивно“ или според флуктуациите на нивниот приход. Од друга страна пак, бизнисите се приморани да инвестираат до очекуваната стапка на враќање на новите инвестиции (добивката) и стапката на исплатената камата (цената). Ако бизнис очекувањата останаа исти и владата ги намалеше каматните стапки (цените на кредитите), инвестирањето би се зголемило и би имал повеќекратен ефект врз тоталната потрошувачка. Каматните стапки пак, зависат од количината на пари и желбата за чување пари на банковни сметки (спротивно на инвестирањето). Доколку има недостаток на пари во споредба со тоа колку луѓе сакаат да штедат, каматните стапки се покачуваат сѐ додека не се намали бројот на штедачи. Доколку пак, количината на пари се зголеми додека интересот за штедење пари остане стабилен, каматните стапки би паднале, водејќи кон зголемено инвестирање, исход и вработување. Поради овие две причини, Кејнз предлага ниски каматни стапки и лесно одобрување на кредити како средства за борба против невработеноста.
 
Меѓутоа, Кејнз во 30те верувал дека тогашната состојба има потреба од делување на јавниот сектор. Намалување на потрошувачката веднаш би ја рамрдала економската активност, вели Кејнз. Ова тој го има изнесено во отворено писмо до претседателот Франклин Делано Рузвелт во Њујорк Тајмс (1933). Програмата „Новата спогодба“ во САД веќе беше започната за време на објавувањето на Општата теорија. Тоа обезбеди клучна подршкаподдршка за полисите кои веќе беа оформени. Кејнз исто така верувал во поправична распределба на приходот и во тоа дека оданочувањето на незаработениот приход тврдејќи дека високата стапка на штедење (кон која се склони богатите луѓе) не се пожелни во развиената економија. Затоа Кејнз предлагал монетарен менаџмент и активна фискална политика.
 
=== Кејнзијанска економија===
Ред 236:
=== Институционализам===
 
Торстејн Веблем (1857 – 1929), кој доаѓа од руралниот дел на централно-западна Америка и работи во Универзитетот во Чикаго, е еден од најпознатите рани критичари на „Американскиот начин“. Во „Теоријата на неработната класа“ (1899) ѓи напаѓа материјалистичката култура и богатите луѓе кои упадливо ги трошат нивните богатства како начин на покажување на нивниот успех, а во „The Theory of Business Enterprise“ (1904) Веблен прави дистинкција помеѓу производство за потребите на луѓето и производство за чист профит, тврдејќи дека првото е често попречено, бидејќи бизнисот го брка второто. Крајниот резултат и технолошкиот напредок се ограничени од бизнисот и креирањето на монополи. Бизнисот ги штити неговите капитални инвестиции и применува преголеми кредити, што води до депресија и зголемување на воената експанзија и војна, преку бизнис контрола на политичката моќ. Овие две книги кои се фокусираат на критицизмот како кон побарувачката така и кон профитирањето, не предложија промени. Како и да е, во 1911 Веблен се приклучи кон наставничкиот колегиум на Универзитетот во Мисури, каде ја доби подршкатаподдршката на Херберт Девенпорт, главниот на економскиот оддел. Веблен останал во Колумбија, Мисури во текот на 1918 и истата година се преселил во Њујорк каде што започнал да работи како уредник во списанието “The Dial” за во 1919 заедно со Чарлс Бирд, Џејмс Харви Робинсон и Џон Дјуи да помогнат при основањето на Новата школа за социјални истражувања (позната како „Новата школа“). Исто така бил дел од „Техничка алијанса“ основана во 1919 пд Хауард Скот. Од 1919 па се до 1926 Веблен продолжил да пишува и да е активен во повеќе сфери во „Новата Школа“. Во овој период ја напишал „Инженери и ценовниот систем“ (1921).
 
Џон Р. Комонс (1862-1945) исто така доаѓа од централно-западна Америка. Изнесувајќи ги неговите идеи собрани во „Институционална Економија“ (1934) заклучува дека економијата е мрежа на соодноси помеѓу луѓе со различни интереси. Постојат монополи, големи корпорации, работнички несогласувања и флуктуирачки деловни циклуси. Но во нивни интерес е да се разрешат овие несогласувања. Владата, според Комонс, би требало да биде посредник помеѓу групите инволвирани во конфликтот. И самиот Комонс посветил многу време во советување и посредништво на влади и индустриски комисии.