Енравота: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена (од Kitoff08) и ја поврати преработката 3425337 на Тиверополник
с →‎top: Правописна исправка, replaced: подршка → поддршка using AWB
 
Ред 8:
'''Енравота''' — христијански светец од [[9 век]].
 
Енравота бил најстариот син на хан [[Омуртаг]]. Според изорите дадени од охридскиот архиепископ [[Теофилакт Охридски]]<ref>''„Българските ханове и царе VII-XIV век“'' — Йордан Андреев, Държавно издателство „Д-р Петър Берон“, 1988 г., с.44-45</ref>, Енравота паднал под влијание на заробениот византиски епископ Кинам и прифатил од него христијанското крштевање под името Бојан. Поради неговата подршкаподдршка кон христијанството, тој бил лишен од правото на престолонаследник од својот татко [[Омуртаг]]. По смртта на Омуртаг на бугарскиот престол се качил третиот син [[Маламир]] (вториот син [[Звиница]] веројатно бил починат), во чија лојалност кон татковинските богови Омуртаг не се сомневал.
 
Според Теофилакт, Енравота го помолил својот брат да му го даде византискиот заробеник Кинам, кој бил во затвор по наредба на Омуртаг, поради одбивањето да се одрече од христијанството, на кое Маламир позитивно му одговорил. Кога сепак дознал дека Енравота станал христијанин по предлогот на Кинам, бугарскиот хан ова го протолкувал како предавство кон старите традиции и го повикал својот брат и му наредил да се откаже од својата нова вера, на кое Енравота му одговорил:
 
{{цитат|''Никој не може да ме одлачи од Христовата љубов, ниту оган, ниту меч, ниту камшици, ниту некоја друга тешка мака...''<ref name="mk.wikisource.org">[https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%96%D0%B8%D1%82%D0%B8%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D0%A1%D0%B2._15_%D0%A2%D0%B8%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%B8%D0%BE%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BC%D0%B0%D1%87%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8 Житие на Св. 15 Тивериополски маченици на Викиизвор]</ref>}}
 
Откако го чул ова неговиот брат, веднаш дал заповед да биде исечен со меч. Пред да биде погубен, Енравота ги кажал следните зборови:
 
{{цитат|''Таа вера за која јас умирам денес ќе се распространи и умножи по целата бугарска земја, иако вие мислите дека ќе ја ограничите со мојата смрт. Знакот на крстот ќе биде поставен насекаде, Божјите домови повторно ќе се подигаат и чисти свештенослужители ќе му служат на чистиот Бог. И жртви благодарни и исповедни ќе се принесуваат на животворната Троица. А идолите и нивните олтари и нивните скверни храмови ќе се разурнат и ќе се уништат како никогаш да не биле. А и ти самиот по изминувањето на не многу години, лошо ќе ја испуштиш неблагочестивата душа без да се ползуваш со нешто од твојата жестокост''...<ref name="mk.wikisource.org">[https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%96%D0%B8%D1%82%D0%B8%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D0%A1%D0%B2._15_%D0%A2%D0%B8%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%B8%D0%BE%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BC%D0%B0%D1%87%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8 Житие на Св. 15 Тивериополски маченици на Викиизвор]</ref>}}
 
Енравота бил канонизиран како Светиот маченик Бојан-Енравота, кнез Бугарски<ref>[http://www.pravoslavieto.com/life/03.28_sv_Bojan_Enravota_Bulgarski.htm Житие на Св. мъченик Боян–Енравота, княз Български]</ref>.