Автопатролери, Автооценувачи, Бирократи, Уредници, Администратори на посредникот, Патролери, Оценувачи, Администратори
684.240
уредувања
Иако беше на албумот, тапанарот Бил Ворд не беше во можност да оди на турнеја поради притисокот и се откажа од бендот на почетокот на турнејата “Повторно роден”. Се распаднав од идејата за турнеја,“ рече Ворд подоцна. “Имав толку многу стравови од турнеите, не зборував за страво-наместо тоа пиев и тоа беше голема грешка. Ворд беше заменет од Бев Беван поранешниот тапанар на Електрик Лајт Оркестра за светската турнеја “Повторно роден” 83-84 година, (често нарекувана како симулирана Смрт на Сабат “83-84“ Светска Турнеја) која започна во Европа со “Дијамантска Глава” (Diamond Head), а подоцна во САД со “Тивок Бунт” (Quiet Riot)и “Ноќен Ренџер” (Night Ranger). Бендот се насочи кон Рединг фестивалот во 1983, додавајќи ја песната на Дип Парпл “Smoke on the Water” на нивната список на песни.
Турнејата за
Таткото на Шерон Озборн, Дон Арден, ни беше менаџер. Негова беше идејата за да го имаме споменикот Stonehenge на сцена. Тој ги запиша димензиите и им ги даде на нашиот менаџер за турнејата. Тој ги запиша во метри но мислеше да ги запише во стапки. Луѓето што го правеа видоа петнаесет метри наместо петнаесет стапки. Тоа беше високо 45 стапки и немаше да одговара за ниту една сцена, па така ние моравме да ја оставиме во складиштето. Таа чинеше богатство да се направи но немаше зграда на Земјата во која што можеше да се смести.
Блек сабат го издаде “Обезглавен крст” (Headless Cross)во април 1989 година и повторно беа игнорирани од современите рецензенти. На крај Allmusic му даде на албумот четири звезди, нарекувајќи го “Обезглавен крст” (Headless Cross) “најфиниот албум на Блек Сабат без Ози или Дио“. Закотвен на 62 место, албумот “Обезглавен крст” (Headless Cross) достигна до број 31 на листите во Велика Британија, и број 115 во САД. Гитаристот на Квин Брајан Меј, добар пријател на Ајоми, свиреше како соло гостин на песната “Кога Смртта Повикува“ (When Death Calls). По издавањето на албумот, бендот го придодаде турнејскиот басист Нил Мареј, кој порано членувал во Вајтснејк, пратечкиот бенд на Гери Мур, и Вау Уау.
Турнејата за “Обезглавен крст” (Headless Cross), со лоша судбина, започна во мај 1989 година со Kingdome Come и Silent Rage како предгрупи, но поради слабата продажба на карти турнејата беше откажана после само осум концерти. Европскиот дел од турнејата започнал во септември, каде бендот доживеа повторен успехот на топ-листите. После низа на концерти во Јапонија, бендот тргна на 23 дневна Руска турнеја со Girlschool. Блек Сабат беше еден од првите бендови кои имале турнеи во Русија, откако во 1989 Михаил Горбачов ја отвори земјата кон западните акти за првпат. Бендот се врати во студио во февруари 1990 година за да го сними продолжетокот на “Обезглавен крст”. Иако технички не беше концептуален албум, некои од темите во текстовите на песните од албумот се базирани на Нордиската митологија. “ТИР” (TYR) беше издаден на 6 aвгуст 1990година и достигна место број 24 на листата на албуми во Велика Британија, но беше првото издание на Блек Сабат кое не влегло меѓу најдобрите 200 во САД. Албумот ќе се здобие со мешани рецензии на интернет, како забелешката на Allmusic дека бендот “меша мит со метал во едно тешко изложување на музичката синтеза“, додека Блендер му даде на албумот само една звезда, изјавувајќи дека Ајоми продолжува да го валка името на Блек Сабат со оваа незабележителна колекција“. Бендот направи турнеја за
“Обесчовечувач” (Dehumanizer) (1990 – 1992)
Рони Џејмс Дио и Гизер Батлер му се придружија на Тони Ајоми и Кози Пауел во есента 1990 година за да почнат да работат на следното издание на Блек Сабат. Додека вежбале во ноември, Пауел претрпел кршење на колкот кога неговиот коњ умрел, паѓајќи на нозете на тапанарот. Неспособен да го заврши албумот, Пауел бил заменет од поранешниот тапанар Вини Апајс, повторно обединувајќи ја поставата од времето на “Толпата владее” и бендот влегол во студио со продуцентот Реинхолд Мак. Процесот на снимање кој траел една година се соочил со проблеми, главно со тензијата помеѓу Ајоми и Дио за пишувањето на песните, и некои песни беа препишувани повеќе пати. “На “Обесчовечувач” му требаше долго време, тој едноставно беше тешка работа“ рече Луми. “Ни одзеде премногу време, не кошташе милион долари, а тоа е проклето смешно“. Дио подоцна го нарече албумот тежок, но вреден за напорите. “Тоа беше нешто што ние моравме да го исцедиме од нас самите, но јас мислам затоа тој успеа“ рече тој. “Понекогаш ви треба таков вид на тензија, затоа што ќе направите Божиќен албум“. Албумот “Обесчовечувач” беше издаден на 22 јуни 1992 година, а во САД на 30 јуни 1992 година од Reprise Records, бидејќи Рони Џејмс Дио и истоимениот бенд беа сè уште под таа издавачка куќа. Додека албумот прими мешани рецензии, тоа беше најголемиот комерцијален успех на бендот во последната деценија. Усидрен на топ 40 рок радио со синглот “ТВ Крајмс“, најдобриот пласман на албумот беше 44 место на Билборд 200. Албумот исто така ја содржи песната “Временска машина“(Time Machine), од која беше снимена верзија за филмот “Светот на Вејн” во 1992 година. Додатно, перцепцијата на многу фанови за сличноста со “вистинската“ Блек Сабат му го обезбеди на бендот потребниот импулс, кој му беше многу потребен.
Блек Сабат почна со турнеја за
“Мене ми беше речено на средината од турнејата дека ние ќе бидеме предгрупа за Ози Озборн во Лос Анџелес. И јас реков, “Не извинете, Јас имам повеќе гордост од тоа“. Многу лоши работи беа речени од камп до камп, и тоа го создаде оваа ужасна разединетост. Така да со согласувањето [бендот] да свири на концертите во Л.А. со Ози, тоа, за мене, го отфрли повторното обединување. И тоа очигледно значеше пропаст на тој особен проект.
Тоа дури не ни требаше да биде албум на Сабат; јас немаше ниту да го направам под изговор на Сабат. Тоа беше времето кога оригиналниот бенд зборуваше за враќање повторно на турнеја за повторно обединување. Тони и јас само што влеговме внатре со неколку луѓе, направивме албум само за да имаме, додека се одвиваше (под претпоставка) турнејата за повторно обединување. Тоа беше како проект албум на Ајоми/Батлер.
Под притисок на нивната издавачка куќа, бендот го издаде нивниот седумнаесетти студиски албум, “Цели на крстот” (The Cross Purposes), на 8 јануари 1994 година, под името Блек Сабат. Албумот доби мешани рецензии, од кои една беше од Блендер, кој му даде две звезди на албумот и изјави дека албумот на Soundgarden од 1994 година, Superunknown, е многу подобар албум на Сабат отколку овој, кој е направен само за пари. Бредли Тореано од Allmusic го нарече “Цели на крстот” (The Cross Purposes) “првиот албум после “Повторно роден” кој реално звучи како вистински албум на Сабат“. Албумот за малку не стигна на Топ 40 во Велика Британија, стигнувајќи само до 41 место, и исто така стигна на 122 на Билбордот 200 во САД. “Цели на крстот” ја содржеше песната “Зло Око“ (Evil Eye), која што беше напишана во соработка со гитаристот од Ван Хален, Еди Ван Хален, иако не доби заслуга поради рестрикциите на издавачката куќа. Турнејата за
После турнејата за “Цели на крстот”, басистот Гизер Батлер го напушта бендот за вторпат. “Јас конечно тотално се разочарав со последниот албум на Сабат, и јас повеќе ги претпочитувам работите кои ги пишував отколку работите кои Сабат ги правеа“. Батлер формираше соло проект наречен GZR, и го издаде “Пластична Планета” (Plastic Planet) во 1995 година. Албумот ја содржеше песната “Giving Up the Ghost”, којашто беше критика за Тони Ајоми за продолжувањето со името на Блек Сабат, со текст: Ти правиш плагијат и пародија/ од магијата на нашето значење/ легенда во твојот сопствен ум/ ги остави зад себе сите твои пријатели/ не можеш да си признаеш дека грешиш/ духот е мртов и заминат.
|
уредувања