Алеко Василев: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: чие што → чиешто using AWB
с →‎Септемвриското востание: Правописна исправка, replaced: подршка → поддршка using AWB
Ред 21:
=== Септемвриското востание ===
[[Податотека:Aleko Pasha.jpg|десно|мини|350п|Четата на Алексо Василев.]]
За време на [[Септемвриско востание|Септемвриското востание]] на БКП во Бугарија во 1923 година, меѓу поголемиот број на убиени комунисти-Македонци од страна на ВМРО бил убиен и внукот од сестра на [[Гоце Делчев]], [[Тодор Чопов]], македонски деец од левицата и член на БКП. Во ова востание учество зеле комунисти и приврзаници на соборената Земјоделска партија на поранешниот премиер [[Александар Стамболиски]]. Тоа имало подршкаподдршка и кај македонскиот народ во Пиринска Македонија, пред се кај членовите и симпатизерите на БКП.
 
БКП пред почетокот на востанието се обидела да ја привлече на своја страна и ВМРО или ако тоа е невозможно, барем да ја неутрализира. Таквата можност се гледала во создавањето на едно лево течение, внатре во Организацијата, кое било предводено од бивши членови на Серскиот револуционерен округ, блиски до [[Јане Сандански]], како и членови на [[ВМРО (Автономистичка)|ВМРО]] на кои им биле блиски комунистичките идеи. Во полза на тоа оделе и не толку добрите односи меѓу владата на [[Александар Цанков]] и раководството на ВМРО по прашањето за подобрување на односите меѓу [[Бугарија]] и [[Кралството на СХС]]. Сето тоа придонело ВМРО во преговорите со БКП да вети дека ќе остане неутрална за време на востанието и дека ако тоа успее, ќе ја признае новата комунистичка власт. Но како услов за својата неутралност раководителите на ВМРО го поставиле барањето во Пиринскиот дел на Македонија да нема востанички акции. Дури еден дел од левицата на Организацијата на чело со Алеко Василев, активно го помагале Септемвриското востание <ref name="ATEN">Виолета Ачковска и Никола Жежов ПРЕДАВСТВАТА И АТЕНТАТИТЕ ВО МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА,Скопје,2004.</ref>.