Роман III Аргир: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
поврзница
с Правописна исправка, replaced: Подршка → Поддршка using AWB
Ред 32:
Роман III Аргир бил типичен [[Аристократија|аристократ]], мошне образован и, иако веќе шеесетгодишник, со се уште привлечен надворешен изглед. Државничките способности целосно му недостасувале но, како вистински епигон, полн со суета, тој се огледал на големите цареви од славното [[Римско Царство|Римско]] и [[Источно Римско Царство|Источно Римско]] минато. Еднаш го подражавал [[Марко Аврелиј]] и водел филозофски разговори, другпат го земал за пример [[Јустинијан I|Јустинијан]] и се занимавал со величествени градби, третпат се огледувал на [[Трајан]] и, вообразувајќи дека бил голем војсководец, слава барал и на бојното поле, додека најпосле не бил отрезнет од тежок пораз во еден поход во [[Сирија]]. Ситуацијата ја спасил истакнатиот војсководец Георгиј Манијакис, кој тука првпат стапил на историската сцена. Тој во повеќе наврати ја поразил непријателската војска, ја зазел [[Едеса (Сирија)|Едеса]] ([[1032]]) и со тоа уште еднаш ја потврдил надмоќта на Византија.<ref>Острогорски, стр. 387</ref>
 
===ПодршкаПоддршка на аристократијата===
Роман Аргир отворено се одрекол од антиаристократската политича на [[Василиј II]] и тоа е историско најважна црта на неговото кратко, инаку, беззначајно владеење. Под притисок на благородништвото тој го отповикал алиленгионот, даночниот додаток за напуштената [[Село|селска]] земја, кого Василиј II им го наметнал на велепоседниците. Со тоа конечно бил укинат системот кој првин по облик на епибола а потоа во облик на алиленпија, ја чинел битната особина на византиското даночно уредување. Селаните не можеле, а велепоседниците не сакале па плаќаат даночен додаток. А царот Роман III, не смеел ниту да помисли, како Василиј II, да им се спротистави на интересите на големците. Постарите закони со кои на велепоседниците им се забранувало стекнување на селански и војнички имоти, не биле навистина официјално отповикани, и совесните судии се уште нив ги сметале како важечко право. Но било доволно и тоа што издавањето на закони против порастот на велепоседништвото после Василиј II оддеднаш целосно било сопрено. Зошто ако многубројните наредби од [[X век]], и покрај својата острина, не можеле да го спречат преминот на селанските и војничките имоти во рацете на благородништвото, сега при благонаклоно пасивниот став на владата, ширењето на велепоседништвото зело целосен замав. Борбата меѓу централната власт и феудалната аристократија, која се водела во текот на цел век, завршила, во политички и во стопански поглед, со одлучна победа на великодостојниците. Велепосеништвото без пречки се побрзо растело на сметка на селанските парици на благородничките и на [[манастир]]ските имоти. Тоа бил крајот на здравиот систем врз кого, почнувајќи од [[VII век]] се темелела моќта на [[Источно римско царство|Византиското царство]].<ref>Острогорски, стр. 387-389.</ref>
 
Ред 44:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Македонска династија]]
[[Категорија:Родени во 968 година]]