Принципат: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Воспоставување на принципатот: clean up, replaced: Јануари → јануари using AWB
с →‎Воспоставување на принципатот: Правописна исправка, replaced: подршка → поддршка using AWB
Ред 4:
== Воспоставување на принципатот ==
 
Поради долготрајните граѓански војни , пропратени со проскрипции, конфискација на земјишта, присилно наплаќање даноци, воени мобилизации, бегства на робовите и воена власт, италското општество се стремело за мир и воспоставување на нормален живот. Најважните противници на [[Цезар]] биле мртви, а останатата анти-цезарова коалиција била деморализирана и ослабена. Тие за да ја сочуваат својата положба биле спремни да пружат да склучат примирје па дури и подршкаподдршка на [[Октавијан]] во неговите цели.
 
Откако се вратил во [[Рим]], Октавијан најавил враќање на мирните времиња, стариот римски морал и обновување на стариот републикански дух. Почнувајќи од 31 година п.н.е Октавиан секоја година бил биран за [[конзул]], а во 29 год. добил [[Цензор|цензорски овластувања]], врз основа на кои во 29-28 година составил нов список на членови на [[Сенат на Стариот Рим|сенатот]] и спровел цензус кој не бил спроведен цели четириесет и две години. За да го заштити достоинството на сенатот тој ги исклучил сенаторите кои не припаѓале на највисокиот сталеж, а со тоа му се дало можност да ги исфрли и приврзаниците на [[Марк Антониј]]. Во новиот список името на Октавијан било ставено на прво место, и од таму тој ја добил титулата ''princeps Senatus''. Со таа титула тој бил во можност прв да го искажува своето мислење во сенатот. На 13 јануари 27 година Октавијан се одрекол од сите државни функции и ги ставил на располагање на сенатот и римскиот народ, изјавувајќи дека сака да се повлече од јавниот живот. Таа оставка била формална, по што уследиле молби од сенаторите да ја задржи власта во државата. Истиот ден Октавијан добил низа овластувања кои фактички му ја осигурале врховата власт. Три дена подоцна на 16 јануари, тој ја добил титулата Август (возвишен). Во прв ред овој епитет бил ставан во контекс со некој сакрален обиект, но во овој случај бил додаден до името на принцепсот. По тоа Октавијан го променил своето име во Император Цезар Август, син божји. Сите овие промени имале со цел, докажување дека на Рим му претстоело ново златно доба. Неговата власт се засновала врз спојувањето на повеќе магистратури, кои во класичната република не можеле да се спојуваат. Во неговите раце се наоѓала највисоката воена власт – imperium. Таа власт ја има од 31. до 23.г. како конзул, а од 23 година ја добива титулата imperium maius, која му давала врховна воена команда во сите провинции, свои и сенатски. Imperium е основна власт, на сите доцни римски императори. Од 19.г. до крајот на својот живот добива знаци на конзуларното достоинство. На тој начин Август има највисока воена и граѓанска власт.