Политика на САД: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: конзерватизам → конзервативизам (2) using AWB
с Правописна исправка, replaced: подршка → поддршка (2) using AWB
Ред 24:
==Право на глас==
Правото на глас е универзално кај сите граѓани на возраст од 18 години или постари. Сите држави и областа Колумбија придонесуваат на изборите каде што се гласа за претседател. Сепак, округот, а и другите американски територии како што се Порторико и Гвам, имаат недостаток во застапеноста во Конгресот. Овие изборни единици немаат право да избираат некоја друга политичка фигура надвор од нивните области. Секоја заедница, територија или област можат само да изберат делегат без гласање кој ќе работи во Претставничкиот дом.
Правото на глас кај жените стана важно прашање по Граѓанската војна во Америка. По петнаесетиот амандман од Уставот на САД кој беше ратификуван во 1870 година, со кој им се даде право на афроамериканските мажи да гласаат, неколку женски групи исто така сакаа да гласаат. Се формираа две поголеми групи на интерес. Првата група беше Националното здружение за право на глас кај жените, формирано од страна на Сузан Б. Антониј и Елизабет Кеди Стентот, кои сакаа да добијат право да гласаат на федерално нибо и да извршат притисок за да се направат поголеми владини промени кои ќе им гарантираат на мажените жени да добијат право да имаат и сопствен имот. Втората група беше Американското здружение за право на глас кај жените, формирано од Луси Стоун чија цел беше жените да добијат право да гласаат. Во 1890 година двете групи се споија во Американското национално здружение за право на глас кај жените. Тогаш здружението се мобилизира за да добие подршкаподдршка од држава, по држава и до 1920 година деветнаесетиот амандман од Уставот на Обединетите Нации беше ратификуван и жените добија право да гласаат.
 
==Државна власт==
Ред 99:
Специјални групи на интерес се залагаат за потребите на нивните специфични изборни единици. Бизнис организациите ќе ги форсираат ниските корпоративни даноци и ограничувања на павото на штрајкови, а синдикатите ќе го подржат законодавството за минималните плати и заштитата на колективно договарање. Другите приватни групи на интерес како што се црквите и етничките групи, повеќе се загрижени за пошироките прашања во врска со политиката која може да влијае на нивните организации и нивните верувања.
Еден тип на група со приватен интерес која прерасна во голема влијателна група во последните години е политичката комисија за акции или ПОК. Ова се независни групи, организирани околу едно прашање или збир на прашања кои придонесуваат пари на политичките кампање за американскиот Конгрес или за претседателската функција. ПОК се ограничени во износите и тие директно можат да придонесат за кандидатите на федералните избори. Сепак, не постојат ограничувања во однос на сумите кои може да се потрошат независно и да се залагаат за еден став или за еден кандидат да добие некаква функција. ПОК денес има неколку илјади членови.
Бројот на групи на интерес има многу голем пораст и повеќето од нив работат во Вашингтон и се претставуваат себеси директно пред Конгресот и федералните агенции, вели Мајкал Шудсон во книгата Добар домаќин од 1998 година, Историја на американскиот граѓански живот. Многу организации што внимаваат на Вашингтон бараат финансиска и морална подршкаподдршка од обичните граѓани. Бидејќи многу од нив се фокусираат на тесен сет на загриженост, па дури и на емотивни проблеми и често пати едно прашање со огромна емотивна тежина, па така тие се натпреваруваат со партиите за пари, време и страст.
Износот на потрошените пари од страна на овие посебни интереси продолжува да расте, како што кампањите стануваат се поскапи и поскапи. Многу американци имаат чувство дека овие богати интереси, било да се корпорации, здруженија или слично, се многу по моќни од обичните граѓани и само малку можат да сторат за да би ги отстраниле нивните влијанија.