Сметачко памтење: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: кои што → коишто using AWB
с →‎Системски параметри: Правописна исправка, replaced: подржување → поддржување using AWB
Ред 34:
Сигналот што се генерира кога постои потреба од трансфер на страница е наречен странична грешка. Во случај на промена на содржината на страницата се генерира потреба од нејзиното префрлање назад во секундарната меморија, во страничната табела таа се обележува со посебно одреден дескриптор.
Обично оперативниот систем го менува процесорот кон друг корисник секогаш кога ја префрла страницата во било која насока од секундарната во главната меморија или обратно со што процесорот се ослободува од мртвото време на чекање. Работата и контролата на префрлање страници ја презема контролната единица или меморискиот арбитер.
Принципот на виртуелната меморија дава процедури за униформно адресирање, делејќи ја меморијата на мали делови, така што голем број корисници истовремено можат да ја делат меморијата. Доста често се појавуваат податоци или програми што истовремено можат да се делат меѓу повеќе корисници. Техниката на страничење е техника со користење на блокови со фиксна големина. Постои и друга техника која користи блокови со променлива големина сегментирање и се користи за подржувањеподдржување на помоќни методи на заштита и делење на адресен простор. Многу архитектури го делат адресниот простор на големи блокови со фиксна големина со што ја поедноставуваат заштитата помеѓу оперативниот систем и корисничките програми и ја зголемуваат ефикасноста во имплементација на страничењето.
Сегмент е блок на виртуелната меморија. Виртуелната мемориска адреса за сегментарната меморија се формира од сегментен, страничен или линиски број. Сегментирање е хардверска или софтверска метода за поделба на виртуелната меморија на повеќе сегменти. Ова дозволува корисникот засебно да употребува повеќе сегменти за неговата потреба и сегменти што ке ги дели со други корисници.
Сето тоа може да се разгледува на венови дијаграми за пресек на множества. На пример нека има три множества А, В и С асоцирани кон секој корисник, поделени на сегменти така што сите меѓусебни пресеци се содржани во некој сегмент. Во тој случај пресекот на сите три множества е сегмент што ќе се користи од сите три корисници и нема потреба од префрлање на овој сегмент во меморијата засебно за секој корисник. Сите можни пресеци меѓу два корисника на сличен начин ќе бидат поделени меѓу корисниците.