Киевски Рус: Разлика помеѓу преработките

Додадени 2 бајти ,  пред 1 година
с
→‎Киевска Русија во време на Олга: Правописна исправка, replaced: подржување → поддржување using AWB
с (→‎top: Праовписна исправка, replaced: 11ти век → 11 век using AWB)
с (→‎Киевска Русија во време на Олга: Правописна исправка, replaced: подржување → поддржување using AWB)
== Киевска Русија во време на Олга ==
 
Кнегињата Олга ја превземала власта по смрта на нејзиниот сопруг кнезот Игор. Владеела од 945-964. Таа владеела во име на нејзиниот малолетен син Свјетослав. Таа го задушила востанието на Древјаните и го убила нивниот кнез Мала и некои древјански благородници, го запалила главниот град на Древјаните и други населени места а голем број од населението ги продала како робови. Древјаните биле принудени да им плаќаат данок на Русите. Потоа тргнала во поход кон Дуљебите кои живееле во горниот тек на Западен Буг каде што навлегувале Пољаците. Во 957 година Олга заминала за Цариград . Таму го примила христијанството и го променила своето име во Елена. Исто така го обновила договорот што го склучил кнезот Игор. Ова нејзино покрстување бил нејзин личен чин но сепак ја потикнал мисионерската дејност на византиската црква во Киевска Русија. Меѓутоа меѓу Русија и Византија сè уште владеела недоверба.„Констан Порфирогенит му давал упатство на својот син Роман во кое го советувал да ги одржува добрите односи со Печенезите, степските соседи на Русите, бидејќи само со подржувањеподдржување на притисокот на Печенезите на Русија може да се спречи тој народ да ги загрози интересите на Цариград“. Од друга страна и Олга сметала дека црковното влијание од Цариград претставува опасност за нејзина та држава и побарала од Отон I да помогне во ширењето на Христијанството. Меѓутоа пред да дојдат германските мисионери во Киевска Русија се подобриле односите меѓу Киевска Русија и Византија. Било обновено ширењето на Христијанството преку Цариград. Новиот византиски император Роман I побарал од кнегињата Олга да испрати воена помош во борба со Арапите. Таа му испратила помош а со тоа дошло до подобрување на односите меѓу Византија и Киевска Русија.
 
== Киевска Русија во време на Владимир ==