Миленко Неделковски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Спортско новинарство: Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB
с →‎Спортско новинарство: Правописна исправка, replaced: председател → претседател (2) using AWB
Ред 41:
По Олимпијадата во Барселона, а на понуда од Аљоша Руси и Предраг Чемерикиќ преминува од Радио Телевизија Скопје во [[А1 телевизија]]. За време на престојот во А1 ги следи од лице место следните настани: примањето на Македонскиот Олимписки комитет во фамилијата на Европските Олимписки комитети во Даблин, примањето на ФСМ во УЕФА и ФИФА во Лозана и Светското фудбалско првенство во фудбал во САД во 1994-та. Септември 1994, ја напушта А1 и преминува во независни новинари и пишува за „Пулс“, „Скок“, „Форум“, „Македонски спорт“, „Фокус“, „Форум плус“. Како независен новинар присуствува на Европското првенство во фудбал во Англија 1996-та, Светското првенство во фудбал во Јапонија 2002-ра. Покрај тоа, Миленко Неделковски го организира првиот меѓународен фудбалски натпревар по осамстојувањето на Македонија помеѓу Вардар и Фоџа (1:2) на Градскиот стадион во Скопје пред 11.000 гледачи. Тој го организираше и првиот меѓународен фудбалски натпревар на наша екипа во странство, по осамостојувањето на Република Македонија, натпреварот Перуџа - Вардар (1:4).
 
Во втората половина на 90-тите и почетокот на новиот милениум, Миленко бил сопственик и председателпретседател на [[ФК Скопје]], потоа директор на [[ФК Вардар]] и председателпретседател на [[ФК Брегалница]] од Делчево. ФК Скопје го преземал на полусезона и успеал да го спаси од испаѓање во понизок ранг. Следната година клубот бил шампион на Втората лига. Следната година, ФК Скопје бил лидер во Првата лига на крајот од полусезоната. Под негово раководство ФК Скопје гостувал на прославата на 100-годишнината на [[ФК Удинезе]] на стадионот [[Фриули]]. Миленко Неделковски успева да организира и гостување на ФК Вардар во Бразил, Аргентина и Уругвај, земји од Јужна Америка со долга фудбалска традиција. Вардар одиграл 5 натпревари (2 победи, 1 нерешен 2 порази) со Њувел Олд Бојс, Кордоба, Пењарол, Пелотас. Миленко го организира и настапот на првиот македонски фудбалер за тимот на светот. Зоран Јовановски играше за тимот на „божикните звезди“ во Рим во почетната постава.
 
===ТВ емисија и други анганжмани===