Германско Царство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Првата светска војна и крајот на Царството: Правописна исправка, replaced: кој што → којшто using AWB
с →‎Надворешни работи: Јазична исправка, replaced: ПацификотТихиот Океан (3) using AWB
Ред 147:
=== Надворешни работи ===
 
[[Вилхелм II]] сакал да и направи на [[Германија]] "место под сонцето", па така исто како [[Велика Британија]] почнал да освојува и да создава колонијални територии ширум [[Африка]] и [[ПацификТихиот Океан]]от. Поголемата африканска територија веќе од порано била колонизирана, така што Германија немала лесна задача. Ги превземале сите неколонизирани држави во Африка и створиле таканаречена [[Германска Југозападна Африка]] во која што спаѓале [[Намибија]], [[Германски Камерун]], [[Камерун]] и [[Германска Источна Африка]] ([[Танзанија]]). Германија исто така добила и некои острови во [[ПацификТихиот Океан]]от. Кинеското пристаниште [[Чингдао]], било конкурентно пристаниште со британскиот [[Хонгконг]] и португалското [[Макао]]. Африканските колонии остварувале некаков профит на Германија, додека пак пацифичките острови не биле од никакво економско значење. Служеле само за ширење на [[Германски јазик|германскиот јазик]] и за влијание во светот. Германија, која била финансирана од Германската Банка, се вклучила во проектот за изградба на Багдадска железница ([[1900]] - 1911) заедно со [[Османско царство|Османскиото царство]], што покренало настанување на германски пристаништа-градови на [[Близок Исток|Блискиот Исток]]<ref>Stürmer, Michael. (2000). ''The German Empire: 1870-1918.'' New York: A Modern History Library Chronicles Book. p. 91</ref>. Создавањето на Багдадската железница било поддржано и од [[Велика Британија]], која верувала дека со тоа дека, трговијата помеѓу неа и Германија ќе биде поголема. Меѓутоа како што времето изминувало, Британците увиделе дека германските напори за подобрувањето на своето влијание на [[Блзок Исток|Блискиот Исток]] би довело до смалување на британското влијание, па затоа Британците побарале прекин на изградбата на Багдадската железница. Барањето било прифатено од Германија и од [[Османското царство|Османското Царство]]. [[Ото фон Бизмарк|Бизмарк]] пак, имал и друга политика со која се противел на колонизацијата. Сметал дека Германија ќе добие меѓународна моќ и доминација во [[Европа]] со создавањето на Германија во средна Европа така што би превземал некои делови од територијата на [[Руско царство|Руското Царство]], што би довело до доволни економски ресурси и би остварило профит. Вилхелмовите напори за колонизација на неколкуте слободни територии во [[Африка]] и на [[ПацификТихиот Океан]]от наишло на големи критики од страна на германските [[Национализам|националисти]] и идниот нацистички лидер [[Адолф Хитлер]], затоа што пропуштил да направи Германско Царство кое би се темелело само на [[Европа|европските]] територии.
 
Германскиот колонијализам на Вилхелм II ја вовлекол Германија во многу конфликти. Првиот конфликт се случил за време на [[Боксерско востание|Боксерското востаине]] во Чјингдау. Кинеските цивили протестирале против германската власт во таа покраина. На овој чин, царот брзо одговорил со вооружен напад, говорејќи дела [[Кинези]]те мораат да ја запамтат германската моќ и сила на ист начин како што европските народи ги запамтиле [[Хуни]]те. Таа изјава на царот била употребувана многу пати во [[Првата светска војна]] и [[Втората светска војна]] за исмејување на Германија и германскиот народ. Друг случај бил кога насилната германска политика два пати скоро предизвикала војна со [[Франција]] околу прашањето за [[Мароко]].