Разлика помеѓу преработките на „Воен конфликт во Македонија, 2001“

Нема измена во големината ,  пред 7 месеци
с (→‎Можни воени злосторства: Јазична исправка, replaced: локалитетот → наоѓалиштето using AWB)
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување Напредно мобилно уредување
 
== Можни воени злосторства ==
И покрај тоа што конфликтот во Македонија бил краток, тој не бил миновен за воените злосторства. Припадниците на [[ОНА]] се служиле и со друѓидруги осетливи дејства, како на пример убивањето на осумте припадници на безбедносните сили во [[масакрот кај Вејце]], каде по смртта ги масакрирале нивните трупови. Некои очевидци велат дека од вкупно осум полицајци, само еден бил убиен од огнено оружје, додека другите биле малтретирани со најразлични ладни оружја<ref>[http://www.veritas.com.mk/rubAng/polemiks/enpolemiks2.html Veritas] Utrinski vesnik, Sonya Kramarska, 2006</ref>. Други злосторства од страна на [[ОНА]] е и сопирањето на [[Липковско Езеро|Липковската брана]], со кое градот [[Куманово]] со околината останале без вода за пиење, оштетување на столбот од далновод за напојување со електрична енергија во месноста [[Попова Шапка]], каде околината останала без електрична енергија. Во текот на кризата во Македонија имало и повеќе случаи на киднапирање на цивилно население. Така, на [[18 јули]] во село [[Теарце|Отушиште]] биле киднапирани тројца македонци по потекло цивили, и биле брутално малтретитирани. Исто така, веќе на [[7 август]], албанската војска грабнале пет работници на градежната компанија “Маврово“, кои биле физички малтретирани и сексуално злоупотребени. Како за крај, на сите пет работници со нож на телото им биле напишани по една буква, која се претпоставува дека се иницијалите на злосторниците<ref>[http://www.realitymacedonia.org.mk/web/news_page.asp?nid=204 A1 coverage] Reality Macedonia, [[August 08]], [[2001]]</ref>. Исто така, од страна на албанската војска бил разрушен и [[Манастир „Св. Атанасиј“ - Лешок|манастирот во Лешок]]<ref>[[The Guardian]], [http://www.guardian.co.uk/macedonia/story/0,,540417,00.html Macedonia blast hits monastery], 21.08.2001</ref>.
Во тридневната операција на македонската полиција во село [[Љуботен (Скопско)|Љуботен]], од [[10 август]] до [[12 август]] [[2001]] година, биле убиени десет цивили и биле уапсени околу 100 мажи, за кои се сметало дека ги подпомагале бунтовниците. Овие случувања довеле до обвинение од страна на Меѓународниот Суд за воени злосторства во [[Хаг]] кон тогашниот министер за внатрешни работи, [[Љубе Бошкоски]]. На [[10 јули]], [[2008]] Бошковски бил прогласен за невин од страна на Хашкиот трибунал за настаните во скопското село [[Љуботен (Скопско)|Љуботен]] во [[август]] [[2001]] и бил ослободен<ref>[http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=BA4B4C1DEDA421459F48617F6411A4FD Утрински весник: Бошкоски се врати во Македонија]</ref>. Единствено [[Јохан Тарчуловски]] бил осуден на десет години затвор<ref>[http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=BA4B4C1DEDA421459F48617F6411A4FD Утрински весник: Резиме на пресудата за Љубе Бошкоски и Јохан Тарчуловски]</ref>. Тој од затворот во [[Германија]] бил пуштен во [[2013]] година.