Правен факултет - Штип: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 13:
|website= [http://pra.ugd.edu.mk/ pra.ugd.edu.mk]
}}
[[Податотека:Praven fakultet kocani.jpg|thumb|300px|Поранешен Правен факултет - Кочани]]
 
'''Правниот факултет''' со седиште во Штип (претходно во [[Кочани]]) е основан во [[2007]] година како редовна членка на [[Универзитет Гоце Делчев | Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип]]. Правниот факултет како единствен Правен факултет во источниот дел на [[Македонија]] се наметна од потребата за поефикасно вршење на правосудните, административните и политичките функции во Републикава.
 
'''Мисијата''' на Правниот факултет е да се развие како транспарентна високообразовна [[институција]] во која ке се образуваат кадри за наставно-научните [[институција | институции]], правосудните органи, јавната администрација, како и во други области каде се бараат правните знаења. Да се развие како отворена институција во која ќе се отсликува европски осмислениот модел на [[едукација]], како преку исполнување на стандардите и нормативите во образовниот систем, така и преку вклучување на европските и светските трендови во наставните планови и програми.
Ред 32:
*Катедра по новинарство и медиуми
 
Согласно [[закон | Законот за високото образование]] во [[Република Македонија]], на Правниот факултет во [[Кочани]] додипломските студии траат три до пет години (во зависност од насоката) по кој период секој студент добива јавна диплома со стручен назив – '''дипломиран правник''' од соодветната насока или '''дипломиран новинар'''. Сите студиски и предметни програми се изготвени согласно со одредбите од Законот за високото образование на [[Р.Македонија]] и усогласени со [[ЕКТС | Европскиот кредит-трансфер систем]], одобрени од Ректорската управа и Сенатот на Универзитетот.
Секоја предметна програма има точно определен број на кредити кои се доделуваат само за исполнети предвидени обврски на студентот. Студентот за секој семестар запишува предметни програми кои носат по 30 кредити или вкупниот број на кредити по студиска програма да биде од 180 до 300 кредити (зависно од насоката). Според бројот на часови по предмети и семестри, нашите студиски програми го задоволуваат квантумот од потреби и не претставуваат оптоварување согласно со возраста на студентите. Во студиската 2009/2010 година на Правниот факултет се запишаа 330 суденти, од кои во [[Штип]]: на насоката новинарство има 20, а на Европско право 40 студенти. Бројот на запишани студенти во студиската 2010/2011 изнесува 324, додека во вториот циклус на студии се запишани 99 студенти.