Перово: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознака: Изворно уредување 2017
Нема опис на уредувањето
Ознака: Изворно уредување 2017
Ред 25:
== Етимологија ==
 
Во врска со името на селото, [[Влоѓимјеж Пјанка]] пишува дека е посесивно, образувано со помош на суфиксот -овоово“ и потекнува од личното име Перо. Подоцна биле додадени и атрибутите Горно и Долно. Ова е истоветно и со преданието на перовчани, кое говори дека секогаш постоеле двајца браќа Перо и Отеш, кои први се населиле во месностите Перово (се мисли на Старо Перово) и [[Отешево]], кои подоцна биле наречени по нив.<ref name="книга" />
 
Постои уште едно предание дека Перово води потекло од некогашното истоимено село, кое се наоѓало на јужната страна на Големото Преспанско Езеро, во месноста Кула (денес во [[Грција]]), за кое се вели дека исчезнало за време на отоманскиот период.<ref name="книга" />
Ред 31:
== Географија и местоположба ==
 
Селото се наоѓа во средишниот дел на територијата на [[Општина Ресен]], а непосредно до северниот брег на [[Преспанско Езеро|Големото Преспанско Езеро]].<ref name="енциклопедија">{{наведена книга|last=Панов|first=Митко|title= Енциклопедија на селата во Република Македонија|url= https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf|accessdate=29 мај 2020|year=1998|publisher=Патрија|location=Скопје|language=македонски|page=108}}</ref> Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 854 метри. Од градот [[Ресен]] е оддалечено околу 10 километри.<ref name="енциклопедија" />
 
Перово се наоѓа во јужниот дел на [[Ресенско Поле|Ресенското Поле]], на околу еден километар северно од брегот на езерото, на дел од просторот помеѓу [[Дрменска Река|Дрменска]] и [[Стипонска Река]], на две одделни места (Горно и Долно Перово).<ref name="книга">{{наведена книга|last=Јовановски|first=Владо|authorlink=Владо Јовановски|title=Населбите во Преспа|url= https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/f/f8/%D0%9D%D0%B0%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%B2%D0%BE_%D0%9F%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%BF%D0%B0.pdf|accessdate=29 мај 2020|year=2005|publisher=[[Ѓурѓа (Издавачка куќа)|Ѓурѓа]]|location=Скопје|language=македонски|isbn=9789989920554|pages=222–227}}</ref>
Ред 42:
 
Месности во атарот на селото се следниве: Бранејнца, Бучало, Вича, Вршица, Горна Лапа, Горно Перово, Долно Перово, Кучебан, Коланов Даб, Канали, Коначе, Лолици, Над Куќи, Оморица, Под Лозја, Патиште (во Езерото), Слатина, Стојаноа Ливада, Стипонка, Солејнца, Шајкојца и други.<ref name="книга" />
 
Перово е село од релативно собран тип, поставено на две локации со меѓусебна оддалеченост од околу еден километар, со околу 70 куќи (50 во Долно и 20 во Горно Перово). Скоро сите стари куќи се обновени, а се градат и нови современи и поголеми, внатре современо опремени. Околу куќите постојат разновидно оградени дворни места во кои се изградени стопански и други објекти (гаражи, магацини, летни кујни и др.) и парцели на зеленчукови, овошни и цветни градини.<ref name="книга" />
 
Оддалеченоста меѓу двете локации на селото Долно и Горно Перово постепено се намалува со изградбата на новите куќи. Самото Долно Перово може да се каже дека е поделено на две маала, Горно и Долно Маало.<ref name="книга" />
 
== Историја ==
 
Перово е старо христијанско село во кое секогаш живееле православни [[Македонци]]. Под различен облик на денешното име (Перево, Ново Перово, Горно Перово и Долно Перово) неговото постоење е забележано во повеќе извори од различни периоди. Најрано е споменато во турските пописни дефтери од 1519 година.<ref name="книга" />
 
Во [[XIX век]], Перово се наоѓало во [[Битолска каза|Битолската каза]], нахија Горна Преспа, во [[Отоманско Царство|Отоманското Царство]].
 
== Стопанство ==
 
Атарот е мал и зафаќа простор од {{км2|4}}. На него преовладува обработливото земјиште на површина 208 [[хектар]]и, пасиштата заземаат 41 хектар, додека шумско земјиште нема.<ref name="енциклопедија" />
 
Селото, во основа, има полјоделска функција.<ref name="енциклопедија" />
 
 
 
 
 
 
 
== Инфраструктура ==
Ред 48 ⟶ 70:
Дислокацијата започнала веднаш по папсувањето на Илинденското Востание. Имено во вората половина на август 1903 год. башибозлукот и турската војска го запалиле селото. Од 85 куќи, неопожарени останале само 5 куќи. Селаните на просторот околу црквата, северно и северзападно направиле времени смештајни "куќи“ од поплет од гранки премачкани со кал ,покриени со трска. Немирните години: Уриетот, Балканските војни, Првата светска војна, овие куки ги „поживеале“ до 1918 год., кога дошла катастрофата од поплавата и тифусот од војната.
Во атарот на селото ,од северниот дел на котлината се влеваат во Големото Преспанско Езеро три реки: источно од црквата Дрменска Река и западно од селото Стипонска Река и Прељупска Река. Трите се со повремен водотек и буични после топењето на снегот и силни врнежи. За да може водата да истекува во езерскиот простор, и на трите реки јужно од песочниот превлак на кој лоцира црквата ,а порано и селото ,копани биле и редовно чистени канали . И сега просторот јужно од црквата се именува Канали.
 
'''ЗАБЕЛЕШКА:'''Мораме да кажеме дека во Преспанската Котлина постоела насеба, а сега месност викана Перово на северозападното ккајбрежје на Малото Преспанско Езеро ,на западниот крај на песочниот превлак Гладно Поле и подножјето на Сува Гора. Тука е реката Перовска Река, која е природна површинска врска помеѓу Малото и Големото Преспанско Езеро. Во 1568/69 год,спрема пописниот Дефтер, селото имало 7 фамилии. Во 1900 год е без жители .Од 1924 година грците го именуваат Кула. Сега тука лоцира грчката гранична војска и полиција.
 
За инфраструктурата ќе кажеме кратко за: патните сообраќајници и превозните средства, езерскиот сообраќај како овде неизбежен, снабдувањето со вода и одводот на отпадната вода, телефонскиот сообраќај и др.
Ред 96 ⟶ 116:
Младите луѓе се определуваа за образованието. Така во 1955 год. имавме млади заботехничар, учител и гимназијалци. Наобразбата продолжи,така што иднината даде повеќе образовани луѓе од разни струки. Продолжи и печалбарењето. Законот за амнестија и одобрено -легално печалбарење, популарно наречено "гастарбајтлуг", го испразни селото од млади луѓе и деца. Основното училиште престана да работи. Еве и ден денес не работи, затоа што таа боилошка катастрофа продолжи и уште трае. Во селото имаме повеќе од 10 мажи на возраст од 30 до 50 години не женети и без надеж да се оженат. Селото е населба на стари луѓе,над 65 години.
Во 1990 год. се случи рападот на социјлистичкиот систем. Во селото настана поделба на идеолошка основа. Се создадоа две групи-партии: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. За чудо групите беа, а тоа уште трае, доста антагонизирани, спротивставени една на друга. На власт се сменија и двете партии, ама не дојде до никакво подобрување на животот во селото. Завладеа некоја апатија, незаинтересираност за ништо друго освен за јаболкото. Полето е скоро 80% необработено. Дури и селската продавница не работи. Падна кровот пред 5 до 6 години , нема организираност, нема сили кои ќе ја обноват. “Странците”,печалбарите од Шведска и другите, ја превзедоа иницијативата ,ама без домашната поткрепа нема успех.
 
Во пописниот дефтер од 1583 година во селото Перово регистрирани се 49 домаќинства:
 
''-Атанас Бошко, Јован Кирко, Марич Миро, Никола Радко, Бојо Продан, Петри Агапин, Ѓуро Петко, Стојко Јандро, Петко Димитри, Никола Атанас, Јован Петко, Петко Иваниќ,Стојан Перо, Продан Миле, Михајло Петко, штавачот Петко, Јован Димитри, Никола Стојан, Митан Менко, Ѓорго Продан, Јован Петро, Марко Ѓорго, Петко Лозан, Кирче Тодор, Пејо Никола, Атанас Јован, Петко Јован, Никола Волчин, Димитри Атанас, Јован Димитри, Јован Петко, Петко Мешко, Никола Петко,Петко Никола, Јован Пејо, Продан Миле, Петко Махачко, Јован Петро, Димитри Стојан, Киро Димитри, Атанас Доброслав, Рајко Пејо, Петко Јован, Гојко Марко.''
 
''-''Попови: ''Поп Михајло, Поп Јован, Поп Димитри, Поп Никола и Поп Никола од Дупени.''
 
-Неженети: ''Кирко Манојло, Димитри Грк, Бојко Димитри,Стојко Јарче,Димитри Јанко,Стојко Киро,,Атанас Димитри, Никола Јарче, Вукослав Петко,Новак Петко, Петко Јован, Никола Митан, Стојан Никола, Петко Петко, Никола Тодор, Лазар
Петко, Јован Петко.''
 
== Стопанство ==
Спрема податоците од пописниот турски дефтер од 1583 год. селото ги плаќало следните даноци:
- Во селото имало 49 домакинства, неженети мажи 17 и 2 баштини (имоти без сопственик), а ги обработувале жителите на селото. Сите тие плаќале данок од по 25 акчиња по глава на семејство и неженет.<br />
-Испенџе............68 по 25 акчиња = .......................................... 1.700 акчиња
 
-Пченица, 40 товари, вредност....................................................2.160 -/-
 
-Јачмен, 15 товари,вредност......................................................450 -/-
 
-Рж 25 товари, вредност.........................................................750 -/-
 
-Просо , 1 товар, вредност.......................................................30 -/-
 
-Уров, 1 товар,вредност..........................................................30 -/-
 
-Овес, 10 товари,вредност........................................................180 -/-
 
-Ушур од шира,250 медри,вредност.................................................1.500 -/-
 
медра,мерка за шира - грозје чија тежина била 8 оки-10,262 кгр
 
- Ушур од лен....................................................................80 -/-
 
Ушур, данок во натура, десеток од производот
 
-Данок за риба..................................................................515 -/-
 
-Ушур од улишта.................................................................25 -/-
 
-Данок за градинарски култури....................................................98 -/-
 
-Данок за свињи..................................................................73 -/-
 
-Данок за корито.................................................................50 -/-
 
-Данок за летно пасиште(јајлак) се зема од дојдените од надвор...................40 -/-
 
-Такса за вино,се зема од продадната шира донесена од надвор.....................30 -/-
 
-Нијабет,свадбарина,пољарина и за тапија за земја...............................344 -/-
 
'''ВКУПНО ................. 8.055 акчиња'''
 
Дадениот преглед ни кажува дека населението на селото се занимавало со ситно земјделие и сточарство.Толку колку да се прехрани семејството и да остане семе за идната година. Се разбира тука е и храната и крмата за крупната и ситната стока.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Перово