Скопски земјотрес (1963): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 39:
 
==По земјотресот==
Според познатите податоци, во земјотресот загинале 120 деца лол.<ref>Група автори: „До видување Скопје, довидување граду наш мил“, Паблишер, Скопје, 2016, стр. 45</ref> Една од првите мерки на градските власти било организираното евакуирање на скопските деца низ Македонија и низ СФР Југославија. За да биде евакуирањето поорганизирано, било формирано Одделение за народна одбрана при Градското собрание, сместено на игралиштето на ФК Работнички, а со евакуација биле опфатени неактивните жители: жени, стари и изнемоштени, инвалиди и сите деца до 15 годишна возраст. Вкупно 105.000 лица биле евакуирани по земјотресот, од кои околу 30 илјади биле деца.<ref>Група автори: „До видување Скопје, довидување граду наш мил“, Паблишер, Скопје, 2016, стр. 48</ref> Дел од евакуираните (63.200 лица) заминале кај свои роднини и пријатели во внатрешноста на Македонија, а 41.743 биле распоредени во другите југословенски републики. Така, во деновите по земјотресот, Скопје станал град без деца.
 
Низ градовите во [[Србија]] биле евакуирани околу 44.000 лица, и тоа: во Белград, Ниш, Лесковац, Крагуевац, Краљево, Смедерево, Сремска Митровица, Шабац, Кањижа, Боговоѓа, Пионерскиот град и други помали места. Скопската општа околиска болница била преселена во Врање, а се користеле нервната клиника, венерологијата, гинекологијата и оториноларингологијата во [[Ниш]]. Во [[Косово и Метохија]] биле евакуирани болните во Интерната болница во Приштина.<ref>Група автори: „До видување Скопје, довидување граду наш мил“, Паблишер, Скопје, 2016, стр. 70-71</ref>