Луис Хамилтон: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат (3), трет пат → третпат (2) using AWB
с →‎Формула Рено и Формула 3: Правописна исправка, replaced: Кореа → Кореја using AWB
Ред 24:
 
===Формула Рено и Формула 3===
Хамилтон ја започна неговата автомобилистичка тркачка кариера во 2001 година, во Британскато формула рено зимско првенство (англиски: British Formula Renault Winter Series). Покрај неговиот судар во третиот круг при едно тест возење, тој ја заврши сезоната на петото место во ова првенство. Тоа му овозможи во 2002 година уште една натпреварувачка кампања и настап за тимот на Манор Мотоспорт. На крајот на сезоната тој заврши на третото место со три победи и три пол позиции. Хамилтон остана во тимот на Манор уште една година во која го освои шампионатот со десет победи, 419 поени за разлика од неговиот најблизок ривал Алекс Лојд, кој издвојува само две победи и 377 поени. Откако го освоил првенството, Хамилтон ги пропушти последните две трки за да може да дебитира на сезонското финале во Британското формула 3 првенство. Овде тој беше не толку успешен откако на првата трка тој се повлече поради откажување на пневматик, додека на следната Хамилтон беше одведен во болница поради колизија со тимскиот колега Тор Грејвс. Тој покажа колку е навистина брз на Гран прито на Макао и Големата награда на КореаКореја, каде што ја освои пол позицијата во неговата прва посета на оваа патека и вкупно трета трка во Ф-3. Запрашан во 2002 година околу шансите за да стане еден од најмладите Формула еден возачи, Хамилтон одговори дека негова цел е: „не само најмлад во Ф-1... [но] да стекнам искуство и потоа да покажам што можам да направам во Ф-1“.
Кон крајот на 2004 година, Вилијамс објавува вест дека биле блиску до потпишување на Луис Хамилтон, меѓутоа оваа можност била отфрлена од снабдувачот на мотори на Вилијамс од тоа време, БМВ, одбивајќи да инвестираат за Хамилтон. Тој на крајот одново потпиша со Мекларен и во 2004 година дебитираше со Манор во првенството на Еуро Формула 3. Тимот на Манор на чело со Хамилтон забележа една победа и го завршија шампионатот на петото место. Тој исто така во Ф-3 забележал победа на Големата награда на Бахраин и возеше на една од големите награди на Макао Ф-3. Во 2004 година Хамилтон за првпат тестираше за Мекларен на патеката Силверстоун.
За сезоната 2005, Хамилтон се пресели во Еуро натпреварувањето на шампиони АСМ каде доминираше во шампионатот и победи на 15 од 20 рунди, односно би биле 16 доколку не беше дисквалификуван од Спа Франкоршамп, кога при техничка грешка со него повлече неколкумина возачи надвор од патеката. Тој меѓудругото победи на Марлборо мастерсот на Формула 3 на патеката Зантфорт. На крајот на сезоната, Британскиот магазин Аутоспорт издаде статија „Топ 50 возачи во 2005“, рангирајќи го Хамилтон на 24 место.