Неразградлив органски загадувач: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB
с →‎top: Правописна исправка, replaced: 50тите → 50-тите using AWB
Ред 38:
Влијание на здравјето на човекот
Научните резултати покажуваат дека изложувањето на многу ниски дози на некои од соединенијата класифицирани во Неразградливи органски полутанти (кои се меѓу најтоксичните супстанции досега синтетизирани) може да предизвика рак, оштетувања на централниот и периферниот нервен систем, болести на имунолошкиот систем, заболувања на репродуктивниот систем, пореметувања на развојот на доенчињата и кај децата.
Загрижувачки е фактот дека постојат големи количини на заостанати залихи на пестициди и отровни хемикалии, особено во земјите во развој. Местата каде овие хемикалии се елиминирани и резервоарите во кои биле складирани во 50тите50-тите и 60тите години од минатиот век сега се распаѓаат и нивните продукти доаѓаат во почвата, водите, животните и човекот.
Импликациите од хронична и акутна изложеност на Неразградливи органски полутанти не се целосно разбрани. Студиите за лабораториските испитувања и влијанието врз животната средина покажале дека изложеноста на овие супстанции може да резултира со нарушување на правилната работа на ендокриниот систем, репродуктивна и имунолошка дисфункција, дисфункција на мозокот и нервниот систем, развојни нарушувања и рак. Eндрин, диелдрин и oлдрин се класифицирани од страна на СЗО, како многу опасни врз основа на нивната акутна токсичност.
Фетусите и бебињата се особено подложни на влијанието и изложеноста на неразградливи органски полутанти заради нивниот трансфер од мајката за време на критичните фази на развој. Изложеноста во текот на развојот е поврзана со намалениот имунитет и зголемена подложност на инфекции, развојни абнормалности, промени во развојот на мозокот и нервниот систем и нивно оштетување и појава на рак и тумор.