Селим I: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Војна со Персија: Јазична исправка, replaced: Табриз → Тебриз (3) using AWB
с →‎Војна со Мамелуците: Исправка на име, replaced: Алепо → Алеп using AWB
Ред 46:
Султанот на мамелуците, [[Гансу ал-Гаури]], се подготвувал за инвазија врз Османлиите од градот Алеп. Неговата империја до 1516 година како најголема исламска сила во светот чија територија ги опфаќала земјите од Египет до централна Анадолија заедно со Сирија и Палестина. Владетелот на Мека бил вазал на мамелучкиот султан. По зазимањето на Дијарбекир, османлиските територии не биле меѓусебно поврзани туку биле заобиколени од мамелучките земји во Меспотамија.
 
Египетскиот шах собрал 30000-на коњаница, и ја поставил на 16 километри северно од [[АлепоАлеп]] во [[Мерџ Дабик]]. Околу половина од коњаниците биле [[Мамелуци]], а останатите биле арапски коњаници. Султанот немал ниту артилерија ниту пешадија. Армијата на Селим I изнесувала 40.000, од кои 15.000 биле коњаници тимариоти, 8000 – јаничари, 3000 – гарда-коњаница, и 15 000 пешадија. Во [[јули]] [[1516]] година Селим I, извршил ненадејна инвазија на [[Сирија]]. Во освоената Сирија, Селим I не можел да остане долго, но оставил во тврдините силни турски гарнизони. Тој повторно започнал агресивна кампања, овој пат против [[Египет]], кој во тоа време бил една од најбогатите земји на Истокот. Во [[октомври]] [[1516]] година Османлиите го освоиле градот – тврдина [[Газа]], а со тоа го отвориле патот кон [[Нил]] и египетската престолнина.
 
Во [[јануари]] [[1517]] година армијата на султанот со тешка опсадна артилерија дошла под ѕидините на [[Каиро]]. На отоманските Турци и се спротивставиле египетските Мамелуци, и остатоците од уништените сиријски војски. На [[22 јануари]] под ѕидините на Каиро, се водела тешка борба која одлучила за судбината на Египет во наредните векови. Египет бил освоен од Отоманското Царство. Така отоманските владенија се прошириле не само на [[Балкан]]от во [[Европа]] туку и во [[Азија]], но и во [[Северна Африка]]. Шиитска Персија, која ги изгубила сите свои сојузници, иако имала побројна, но слаба армија, не можела да одолее. Воинствениот султан Селим I, за кратко време кон неговата држава присоединил голем дел од [[Мала Азија]], и свечено себеси се прогласил себеси и за египетски султан и калиф.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Селим_I