Василиј II: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Тематско уредување на Истокот и Италија: Јазична исправка, replaced: Германската империја → Германското Царство using AWB
с →‎Војната со Фатимидите: Исправка на име, replaced: Алепо → Алеп (2) using AWB
Ред 99:
 
===Војната со Фатимидите===
Заплетите на Исток го присилиле да го прекине војувањето во [[Македонија]]. [[Арапи|Арабјаните]] од [[Фатимидски калифат|Фатимидскиот калифат]] во [[Египет]], во тоа време најсилниот противник на [[Римско Царство|Римското Царство]] на Исток, продреле во [[Сирија]] и на императорскиот командант на [[Антиохија]] му нанеле тежок пораз на Оронт ([[994]]г.) Потоа бил опседнат [[АлепоАлеп]] и се чинело дека и самата Антиохија била загрозена. Рим од почетокот на својата историја била осудена истовремено да води борба на два фронта. Кога се обидувала да ја избегне оваа судбина тоа жестоко и се одмаздувало. За Василиј II [[балкан]]ското прашање имало исто толку исто првенствено значење како што во свое време за [[Никифор II Фока|Никифор Фока]] имало сириското. Но тој не ја повторил грешката што ја сторил неговиот голем очув, кој заради борба на Исток ги запоставил задачите на Балканскиот Полуостров. Во [[995]]г. Василиј лично се појавил пред ѕидините на АлепоАлеп, го избркал изненадениот непријател и ги зазел Рафанеја и Емеса. Во [[999]]г. кога командантот на Антиохија доживеал нов пораз, императорот дошол во Сирија уште еднаш да ја спаси ситуацијата. Потоа тргнал во [[Кавказ|кавкаските]] покраини за да ги среди приликите во [[Ерменија]] и [[Иберија (Кавказ)|Иберија]].<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 369-370.</ref>
 
===Освојување на Самоиловата држава===