Шеќерино, малој моме: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Додадена е изведбата на Шербет.
Нема опис на уредувањето
Ред 25:
Песната со своите мелоритмички особености ги одушеви тетовци, се пееше на Два бреста, Певчина, Поток, Горно маало, во кафеаните. Но, ефектот за кој беше измислена не го даде. Свадбата на Иљо Мачурче, син на Ѓерасим и Таса и аџи Зора, ќерка на Глигур и Султана, се случи есента 1896 или 1897 година. Иљо беше роден 1870 година, а аџи Зора беше десет години помлада од него. Во бракот им се родија децата: Славе, Павлина, Пандора, Даница, Ката, Спиро, Цена, Кирил и Герасим.
 
Песната '''Шеќерино, малој моме''' се наоѓа на албумот ''Тетовски староградски бисери'' на тетовската група Серенада, издаден 1986 год. од тогашен [[Југотон]], сега Кроација – Рекордс. Тетовската група Шербет исто така ја има снимено оваа песна на својот ЦД наречен ''Спомен'', издаден 2018 год. од Студио ЛЦВ.