Разлика помеѓу преработките на „Никола I Цариградски“

с
→‎top: Правописна исправка, replaced: Апенинскиот полуостров → Апенинскиот Полуостров using AWB
с (→‎top: Правописна исправка, replaced: Апенинскиот полуостров → Апенинскиот Полуостров using AWB)
'''Никола I Цариградски''' (852 &ndash; {{починал на|15|мај|925}}) — [[Вселенски патријарх]] од 901 до 907 година и од 912 до неговата смрт во 925 година. Се празнува на 16 мај во [[православие|православната црква]].<ref>{{gr icon}} ''[http://www.synaxarion.gr/gr/sid/3210/sxsaintinfo.aspx Ὁ Ἅγιος Νικόλαος ὁ Α’ ὁ Μυστικὸς, Πατριάρχης Κωνσταντινουπόλεως].'' 16 Μαΐου. ΜΕΓΑΣ ΣΥΝΑΞΑΡΙΣΤΗΣ.</ref>
 
Никола е роден на [[апенински полуостров|Апенинскиот полуостровПолуостров]] и станал пријател со патријархот [[Фотиј I Цариградски|Фотиј I]]. Паднал во немилост по расчинувањетпо на Фотиј I во 886 година и се повлекол во манастир. Императорот [[Лав VI Мудриот|Лав VI]] го повикал од манастирот и го прогласил ''[[мистик]]'', титула која птретставувла или империјален секретар или пак правно лице.
 
На 1 март, 901 година, Никола бил назначен за патријарх. Сепак, подоцна имал расоравија со Лав VI поради неговиот четврити брак со љубовницата [[Зоја Карбонопсина]]. Иако неодлучен ги прифатил последиците од оваа врска, идниот император [[Константин Порфирогенит|Константин VII]], му било забрането да влегува во црквата и можно е Никола да бил замешан во бунтот на [[Андроник Дука]]. Бил сменет од местоположбата патријарх на 1 февруари 907 година и заменет од страна на Евтимиј. Протеран во својот манастир, Никола сметал дека е неправедно сменет и во спорот го вклучил и папата [[Папа Сергиј III|Сергиј III]].
 
Во периодот кога на власт стапува братот на Лав VI, [[Александар III (византиски владетел)|Александар III]] на 12 мај 912 година, Никола бил повторно устоличен како патријарх. Со ова започнала борба со подржувачите на Евтимиј, која не завршила се додека новиот император [[Роман I]] Лакапин го донел ''Томосот на единството'' во 920 година. Во меѓувреме Александар починал во 913 година откако започнал [[византиско–бугарска војна (913–927)|војна со Бугарија]], при што малолетниот Константин VII Го наследил на тронот. Никол I Цариградски станал водечки член на седумчленото советодавно тело, и истиот морал да се соочи со напредувањето на [[Симеон I]] кон [[Константинопол]]. Никола договорил примирје, го крунисал Симеон за цар на бугарите во церемонија надвор од Константинопол, и договорил брак на Симеоновата ќерка со Константин VII.
 
Овие негови постапки ја поткопале неговата позиција, и во март 914 година, со подршка на ''[[магистрат]]от'' [[Јован Грчки]], Зоја Карбонопсина го заменила Никола како најглавен регент. Го отфрллила договорот со Симеон, со што непријателството повторно започнало со [[Бугарија]]. Кога нејзинот главен поддржувач [[Лав Фока Постариот|Лео Фока]] бил целосно поразен од бугарите во [[битка при Ахелој|битката при Ахелој]] во 917 година, Зоја започнала да ја губи поддршката. Посрамотени поради понатамошните порази, таа и нејзините подржувачи биле истиснати во 919 година од страна на адмиралот [[Роман I|Роман Лакапин]], кој ја оженил својата ќерка [[Елена Лакапина]] со Константин VII и го зграбил тронот во 920 година. Никола станал најголем поддржувач на новиот император, и го поднел товарот на обновените преговори со бугарите се до неговата смрт во 925 година.