Словачки јазик: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Замена со тековна предлошка, replaced: цитирана мрежна страница → Наведена мрежна страница (2) using AWB
Ред 34:
}}
 
'''Словачки јазик''' (''slovenčina, slovenský jazyk'') — [[службен јазик]] во [[Словачка]] и еден од службените јазици во [[ЕУ|Европската Унија]]. Словачкиот јазик е еден од [[Западнословенски јазици|западнословенските јазици]] и се зборува воглавно во Словачка, но истиот се зборува од малцинските заедници во [[Чешка]], [[Унгарија]], [[Полска]], [[Романија]], [[Канада]], [[САД]], [[Србија]] и [[Хрватска]]. Словачкиот јазик е доста сличен со [[Чешки јазик|чешкиот]] во писмена форма, но се разликува до одреден степен во поглед на граматиката и фонетиката. Покрај тоа, јазикот е сличен и со [[Полски јазик|полскиот јазик]] и меѓусебното разбирање со чешкиот и полскиот јазик е помалку или повеќе остварливо.
 
== Географска распространетост ==
Ред 48:
==Правопис==
[[File:Das Buch der Schrift (Faulmann) 249.jpg|thumb|right|200px|Словачка азбука во книгата „Книгата на буквите“ од Карл Фаулман од 1880.]]
Правописот на словачкиот јазик е фонетски, исто како [[македонски]]от, и во тој јазик важи правилото „пишувај како што слушаш“. Сепак, јазиците во светот не се доследи на еден чист правопис, па така и во словачкиот можат да се пронајдат принципи на останати видови правописи. Така, како второстепен правопис во словачкиот се сретнува морфолошкиот, според кој зборовите од кои се добиваат нови зборови се пишуваат исто иако се изговараат поразлично. Како пример за морфолошкиот правопис е правилото за асимилација. Како трет сет правописни правила се сретнува етимолошкиот правопис. Како пример на етимолошкиот правопис е употребата на буквите ''i'' и ''y''. Имено, двете букви се изговараат исти, но поради етимолошки причини, i се користи после еден вид согласки, додека y се користи после друг вид согласки. На крај, во јазикот можат да се сретнат и правила од граматичкиот правопис, според кој има разлика при пишаната форма на една придавка во еднина и множина, како на пример придавките ''pekný'' (''добар'') и ''pekní'' (''добри''), каде различна е пишаната форма, но изговорот е ист.
 
Што се однесува за позајмени странски зборови, словачкиот јазик ги приспособува позајмените зборови спред словачкиот правопис. Така на пример зборот „викенд“, кој е добиен од [[англиски]]от ''weekend'', се пишува ''víkend''. Покрај овој пример може да се сретнат и зборовите ''softvér'', ''gej'', ''kvalita'' итн. Личните имиња и географските поими се пишуваат во оригинал според јазикот од кој потекнуваат, иако за секој топоним има словачки еквивалент. Пример за ова е градот [[Лондон]], кој се пишува според англискиот правопис (London), иако има и словачка форма (''Londýn'').
Ред 58:
* [[квачка (знак)|квачка]] (''mäkčeň'', мекчењ) - овој знак се користи за означување на палатизација на гласовите. Во азбуката можат да се видат следните букви со квачка: č, dž, š, ž, ň, ľ, ď и ť (иако последните три се апострофи, сепак се сметаат за знаци за палатизација).
 
При пишана форма, квачката може да се сретне во два вида, како што веќе беше напоменато. Првата форма е знакот во буквите č, dž, š, ž и ň, додека втората форма е апострофот кој иако не е по форма ист, тој ја врши истата функција - палатизација на буквите l, d и t. Кога станува збор за палатизацијата, во словачкиот има два вида палатизации. Така, гласовите ľ, ň, ď и ť се палатизирани, додека гласовите č, dž, š и ž се посталвеоларни фрикати и африкати, исто како во македонскиот.
 
За да се забрза пишувањето на јазикот и да се скрати на време, правописно правло било воведено за чести комбинации на согласка и самогласка. Како резултат на тоа, старите комбинации ''ňe, ďe, ťe, ľe, ňi, ďi, ťi, ľi, ňí, ďí, ťí, ľí'' според новото правило се пишуваат како''ne, de, te, le, ni, di, ti, li, ní, dí, tí, lí'', без квачка, но со ист изговор. Сепак од ова правило има исклучоци:
Ред 183:
 
== Именки ==
Именките во словачкиот јазик имаат број, род и падеж<ref name="деклинација">{{цитиранаНаведена мрежна страница|url=http://www.angelfire.com/sk3/quality/Slovak_declension.html|title=Словачка деклинација|accessdate=2011-08-30}}</ref>.
 
=== Род ===
Ред 201:
 
=== Падежи ===
Падежите се посебна карактеристика на словачките именки, но по падежи може да се менуваат и придавки и заменки. Првично словачкиот имал седум падежи, но со губењето на вокативот, јазикот добил само шест падежи. Падежите во словачкиот јазик се<ref name="вовед">{{цитиранаНаведена мрежна страница|url=http://www.slovakiasite.com/slovak-language.php|title=Вовед во словачкиот јазик|accessdate=2011-08-30}}</ref>:
 
{| class=wikitable
Ред 483:
}}
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Словачки јазик|*]]