Разлика помеѓу преработките на „Европски суд за човекови права“

с
Јзична исправка, replaced: индивидуите → единките using AWB
с
с (Јзична исправка, replaced: индивидуите → единките using AWB)
 
== Судии и оддели ==
 
Судот има пет оддели, а 47 судии се избрани од земјите-членки на [[Совет на Европа|Советот на Европа]].
 
Пленарниот суд избира генерален секретар и еден или повеќе заменик-секретари. Секретарот е на чело на Регистратурата, која ги врши правните и административните задачи и подготвува одлуки и пресуди во име на судот. Од 4 јануари 2007 година секретар и заменик секретари се:
== Реформи ==
 
Поради зголемената свест на европските граѓани за нивните права пропишани со конвенцијата, судот стана жртва на својот сопствен успех. Некои случаи траеја и до пет години пред да се донесе одлука, па постоеше значаен број на заостанати предмети. На пример, според Билтен за информации за човековите права (издаден од страна на Советот на Европа) помеѓу 1 ноември 2003 година и 29 февруари 2004 година, судот одлучуваше за 7.315 случаи, од кои 6.255 се прогласени за неприфатливи, за да се намалат заостанатите предмети.
 
Во 2008 година, судот поднесе извештај дека донел 1.543 пресуди, а преку 32.000 случаи биле прогласени за неприфатливи. Според извештајот од 2008 година, со околу 94% од предметите разгледани како неприфатливи, судот де факто се придвижи во насока на проблеми од поширока правна важност, наместо заштита на индивидуалните човекови права.
* Комитетот на министри може да го прашат судот за ,,толкување" на пресуда за да го одреди најдобриот начин со кој државата може да се согласи.
Од [[Амнести интернешнел]] (Amnesty international) изјавија загриженост дека овие промени за критериумите за прифатливост ќе значат дека индивидуитепоединците можат да ја изгубат способноста да „добијат надомест за штета за прекршување на човековите права.``
 
Алекс Бајлин и Алисон Мекдоналд изјавија за ,,Гардијан`` дека Протоколот 14 ќе му овозможи на судот да ги принуди земјите да се согласат со обврските за човековите права.
 
== Врски со Европскиот суд за правда ==
[[Европски Суд на Правдата|Судот за правда на Европска унија]] (ЕСП) не е поврзан со Европскиот суд за човекови права. Сепак, бидејќи сите земји-членки на ЕУ се и земји-членки на Советот на Европа и ја имаат потпишано Конвенција за човекови права, постои загриженост за постојаноста на прецедентното право помеѓу двата суда. Според тоа, за прецедентното право ЕСП се однесува на Европскиот суд за човекови права и со Конвенцијата за човекови права се однесува како да е дел од правниот систем на ЕУ. Иако, нејзините членки се приклучија, ЕУ сè уште се нема приклучено, бидејќи нема надлежност да го направи тоа според претходните договори. Сепак, институциите на ЕУ со Членот 6 од ЕУ договорот од Ница се ограничени да ги почитуваат човековите права како што наложува конвенцијата. Понатаму, со стапувањето во сила од 1 декември 2009 година на договорот од Лисабон, се очекува ЕУ да ја потпише конвенцијата. Со ова, Судот на правда би се ограничил на судските преседани од Судот за човекови права, а со тоа и решавајќи го проблемот со прецедентното право.
 
== Врска со националниот правен поредок ==
 
Повеќето од договорните страни на Европската конвенција за човекови прави ја имаат вградено конвенцијата во нивниот национален поредок, преку уставни одредби, статут или судски одлуки. Нејзиното вградување заедно со стапувањето во сила на Протоколот бр.11, драмитично го зголеми статусот на правата од Конвенцијата и влијанието на прецедентното право на Европскиот суд за човекови права. Државни судии, избрани функционери и службеници сега се под зголемен притисок за да ја ефективно да правата од Конвенцијата станат ефективни во рамките на националниот систем.
 
== Значајни одлуки ==
 
Како ,,клучна одлука`` за судот се смета случајот, Ирска против Обединетото Кралство, од декември 1977 година. Судот одлучи дека владата на Обединетото Кралство е виновна за ,,нечовечки и деградирачки третман`` врз луѓе кои се затворени без судење, по еден случај изнесен од [[Република Ирска]] (случај број 5310/71), кој го вклучува практикувањето на петте техники (*техники за испрашување) и практиката за претепување на затвореници претставува нечовечка и деградирачка казна.
 
Некои од другите значајни случаи се Соеринг против Обединетото Кралство (јуни 1989 година), кој вклучува екстрадиција во САД за да се соочи со смртна казна. Тајрер против Обединетото Кралство (март 1978 година) во врска со телесните казни за малолетнички престапници, како и Кокинакис против Грција (април 1993 година) кој се справуваше со конфликтот на правата на различни луѓе. По 20 години судот пресуди за случајот Лоизиду против Турција со штета за надоместот (од над 1 милион долари) за Кипарскиот бегалец.
 
== Архитектура ==
 
[[Податотека:ECHR-CEDH.jpg|thumb|,,Ричард Роџер Партнершип`` ја дизајнираше зградата на Европскиот суд за човекови права ]]
 
Ричард Роџер Партнершип ја дизaјнираше, а во 1995 и комплетираше зградата, која е дом на судските комори и Регистратурата (администрација и референдуми). Помеѓу другите работи, дизајнот треба да ги рефлектира двете различни компоненти на Комисијата и Судот (како што беа тогаш). Големата количина на стакло ја нагласува ,,отвореноста`` на судот кон Европските граѓани.
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Совет на Европа]]
[[Категорија:Човекови права]]