Њу ејџ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
с →‎top: Јзична исправка, replaced: индивидуите → единките using AWB
Ред 1:
{{Без извори|датум=октомври 2009}}
{{Шаблон:Окултизам}}
'''Њу Ејџ''' ([[англиски јазик|англиски]]: ''New Age''), '''ново доба''', '''ново време''' се поими кои вообичаено се користат за да означат широко движење на доцниот 20 век и современата [[западна култура]], карактеризирано со еклектичен и индивидуален пристап кон [[духовност]]а. '''Само-духовност''' (''Self-spirituality''), '''нова духовност''' (''New spirituality''), и '''ум-тело-дух''' (''Mind-body-spirit'') се други имиња кои се користат за движењето. Њу Ејџ е разнолико движење на индивидуалци, кое вклучува и лица кои калемат њу ејџ верувања врз одредена традиционална [[религија]]. Скорешните истражувања покажуваат дека околу 20% од [[Америка]]нците имаат барем некои њу ејџ верувања.
 
[[Психологија|Психологот]] [[Мерилин Фергусон]], во нејзината книга ''Заверата на Водолијата'' (1980) го дефинира Њу Ејџ-от како ''„појава на нова културна парадигма, чие ширење ќе биде планетарно, навестувајќи една нова ера во која човештвото ќе успее да реализира значаен дел од својот физички, психички и духовен потенцијал“''. Самиот термин е популаризиран од масовните медиуми во [[САД]] во текот на 80-тите години, за да го опише [[субкултура|субкултурното]] движење заинтересирано за [[медитација]], [[реинкарнација]], здрава храна, [[кристал]]и, природна средина, [[псевдонаука]], нерешени [[мистерии]] ([[Атлантида]], [[НЛО]], [[кругови во жито]], итн.)
 
Заедничко за индивидуалнитепоединечните автори, како и групите кои се бараат себеси во оваа идеја, е тоа што тие споделуваат склоност индивидуитепоединците да бидат трансформиранипреобразени преку будење на духот и издигнување на [[свест]]а. Њу Ејџ мислата на тој начин сака да го подготви човештвото за доаѓањето на едно „ново време“ на универзална [[хармонија]] (концепт кој понекогаш, во [[Астрологија|астролошката]] терминологија се поврзува со „ерата на Водолијата“).
 
Њу Ејџ-от, кој се смета себеси за обид за „повторно маѓепсување на светот“, како реакција на [[материјализам|материјализмот]] на општеството на почетокот на [[20 век]], е составен дел на глобалниот феномен на новата религиозност родена во 60-тите години, наспроти кризата на идеологиите и отпорот кон [[индустрија|индустрискиот]] раст, и притоа, инспирација црпи од претходните [[теозофија|теозофски]] доктрини. Некои од главните особини се отфрлување на хиерархиските поредоци на религиозните учења, апсорпција и редефиниција на [[мистицизам|мистичните]] гранки на ортодоксните верски традиции, ориентација кон [[езотерија|езотерични]] и [[окултизам|окултни]] доктрини за целиот свет, парцијално усвојување на модерните [[наука|научни]] и [[псевдонаука|псевдонаучни]] парадигми и ново вреднување на спиритуалните традиции на примитивните општества. Њу Ејџ не е религија во постанок, туку симптом на модерната духовна криза, во која цутат спиритуалните синкретизми и еклектицизми од секој вид.
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Езотерија]]
[[Категорија:Окултизам]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Њу_ејџ