Лав (филм од 2016): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: претворање врска од навод во обичен текст, replaced: Box Office Mojo → Box Office Mojo using AWB
с →‎Содржина: Јазична исправка, replaced: локалитетот → наоѓалиштето using AWB
Ред 60:
Дваесет години подоцна, Сару, сега студент, се преселува во [[Мелбурн]] за да студира хотелски менаџмент. Тој започнува врска со Луси, која е американска студентка. За време на ручек со индиски пријатели во нивниот дом, тој гледа [[џелеби]] во кујната, специјалитет кој го помни од своето детство. Тој се доверува на пријателите дека е посвоен, и тие му предложуваат да го побара својот роден крај во Индија преку интернет алатката [[Google Earth]]. Сару започнува да пребарува но со текот на времето, ја прекинува врската со Луси, обземен од мислата низ какви емоции неговото семејство морало да помине кога тој исчезнал.
 
Сару ја посетува Сју, чија здравствена состојба се влошува, и дознава дека таа можела да раѓа деца, но се одлучила да им помогне на оние деца на кои им е потребна помош, верувајќи дека веќе има премногу луѓе на Земјата. Сару го поминува најголемиот дел од своето време пребарувајќи го својот роден крај, но безуспешно. Една вечер, прегледувајќи по Google Earth, тој го забележува составот на карпи каде работела неговата мајка, и потоа ја наоѓа областа каде што тој живеел: областа Кандва и локалитетотместото Ганеш Талај. Тој конечно и кажува на Сју за неговата потрага, и таа целосно ги подржува неговите напори.
 
Сару се враќа во својот роден крај, каде има емоционална средба со својата биолошка мајка и сестра, но дознава дека Гуду починал. Филмот завршува со слики на вистинскиот Сару кој се вратил во Индија во февруари 2012 година, како и на средбата на Сару и Сју со биолошката мајка. Гуду починал од удар од воз истата вечер кога тие отишле на железничката станица. Нивната мајка никогаш не се откажала од надежта и верувала дека еден ден нејзиниот син ќе се врати дома, и никогаш не се преселила од селото. Сару, подоцна дознал дека тој погрешно го изговарал своето име, кое всушност било Шеру, деминутив од шер, индискиот збор за „лав“.