Маркови Кули (Прилеп): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Бришење на "Manastirot_Sv.Bogorodica.jpg", беше избришана од Заедничката ризница од страна на Regasterios поради: No permission since 31 Januar
с Јазична исправка, replaced: локалитетот → наоѓалиштето (4) using AWB
Ред 4:
[[Податотека:Markovi kuli 1.JPG|мини|десно|Кула и ѕидини на Марковите Кули]]
 
'''Маркови Кули''' е локалитет кој се наоѓа во централниот дел на [[Македонија]], во непосредна близина на градот [[Прилеп]]. На [[10 април]] [[2006]] година, локалитетотонаоѓалиштетоо е прогласенпрогласено за Споменик на природата<ref>[http://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2014/09/Zakon%20za%20proglasuvanje%20na%20lokalitetot%20%E2%80%9CMarkovi%20kuli%E2%80%9D%20za%20spomenik%20na%20prirodata%2010.04.2006.pdf ''Указ за прогласување на Маркови кули за Споменик на природата'']</ref>. Составен е од бројни денудациони форми коишто претставуваат извонредна скулптура на релјефот. Оваа феноменална појава на богатство на облици, се должи, пред се, на геолошкиот состав на теренот u(кој е изграден од метаморфни карпи-гнајсеви кои се пробиени од помладите гранити-гранодиорити), климата, релјефот и растителната покривка. Според современите геохронолошки испитувања, гранитите интрудирале пред околу 300 милиони години во постарите гнајсеви, чија старост е проценета на околу 700 милиони години.
Просторот на Маркови Кули, во целина, го сочинуваат поголем број импозантни грамади поврзани во две паралелни низи со правец на протегање север-северозапад, југ-југоисток, чија надморска висина постепено се зголемува од југ кон север. Двете низи грамади во северниот дел се сврзани со највисоките врвови: Златоврв (1422 м) и Липа (1392 м). Низ целиот овој масив се истакнуваат најразновидни форми во вид на врвови и остенци, столбови и запци, печурки, плочи, топки, пештерски и котлести длабнатини.
Природните структури на карпите, потекнуваат од времето на консолидација на магмата која ладејќи се, лачела свероидни и паралелопипедни блокови.
Ред 16:
==Местоположба и граници==
;Исток:
источната граница на локалитетотнаоѓалиштето Маркови Кули започнува од месноста Г. Чаир. Оттука границата се протега во североисточен правец по источните падини на грамадата Кукул (980 м), покрај асвалтниот пат којшто води спрема [[Прилепското Езеро]]. Кај езерото границата го менува правецот и се искачува по источните падини на грамадата Главица (1.033 м), потоа води по југозападните падини на месноста Ридон и по источните делови на грамадата Единак(1.303 м) и избива кај месноста Самарница. Оттука границата се спушта по источните падини на грамадата Сурун (1.077 M) и завршува на патот што ги поврзува селата [[Дупјачани]] и [[Небрегово]].
;Запад:
западната граница започнува кај селото [[Забрчани]] и се протега на југ, па на југозапад спрема селото [[Мало Мраморани]], при што води по западните падини на возвишението Негреа (988 м). Оттука границата се протега на југоисток и води по јужните падини на ридот Негреа, потоа по југозападните падини на возвишението Заградски Стени (976 м), по западните падини на Зеленик (983 м) и Маркови Кули (945 м) и завршува на јужните падини на грамадата Маркови Кули над месноста Варош.
Ред 25:
 
==Археолошки наоѓалишта==
Споменичниот археолошки комплекс Маркови Кули претставува утврден град со акропола во која се откриени повеќе градби од станбен и стопански карактер, а во западното и југозападното негово подножје се развила неутврдената средновековна населба Варош. Во повеќе кампањи истражувано е на повеќе пунктови во градот, подградијата, некрополите и сакралните објекти, при што е констатиран континуиран живот од X до крајот на XIV век.Името на средновековниот град Прилеп било пренесено на населбата што подоцна, во турско време, била изградена на оддалеченост од неколку километри од местото каде првобитно лежел градот. Денес, остатоци од некогашниот средновековен град се наоѓаат на локалитетотнаоѓалиштето Маркови Кули и во приградската населба Варош, која всушност води потекло од прилепскиот подград. Средновековниот град бил изграден на едно возвишение што доминира над пределот и што кај населбата Варош се спушта стрмно во полето. Тоа возвишение е составено од многу испокршени и измазнети камени грамади со чудесни облици и бои. Таму каде што природата не ги затворила пристапните места, човекот доградил високи ѕидови и масивни кули и на тој начин направил тешко освоива тврдина. На највисоката точка бил издигнат најутврдениот дел од средновековен Прилеп, горниот град. Под тоа орловско седело, на градските тераси и на други површини биле изградени куќи, цркви, како и други објекти. Најстарите траги од животот на луѓето на просторот на средновековниот Прилеп им припаѓаат на неолитскиот и бронзениот период. На истиот овој простор се пронајдени остатоци од населба од железниот период. Натамошното населување на овие простори може да се следи низ целиот подоцнежен архајски и антички период.Лутањата на варварските словенски племиња завршиле со населување на племето Брсјаци во плодната рамница Пелагонија. Од VII до IX век Македонија била поприште на војувања меѓу Византија и Бугарското царство за господарење на таа територија, со променливи резултати и со периодични пресврти во корист на еден од ривалите. Тешко е да се тврди дали во тие времиња тврдината Прилеп функционирала. За тоа недостасуваат конкретни материјали од тоа време. Тука всушност, доаѓаме до необично важната проблематика поврзана со почетоците на средновековната тврдина.Од овој период се двата монолитни камени столбови од тремот на црквата во манастирот “Св. Архангел Михаил” во Варош. На едниот од нив е врежан вториот по старост словенски запис со кирилски букви од 996 година, а се однесува на епископот Андреја. Тој е сосема краток и стереотипен по содржина, но сепак е мошне значаен затоа што сведочи за писмената активност на овие територии уште во најстариот период на словенската писменост.Пред тоа, во 1385 година за време на султанот Мурат I (1362-1389) Прилеп потпаѓа под турска власт. Со смртта на Крали Марко завршува средновековната историја на Прилеп. Пред тоа, во 1385 година за време на султанот Мурат I (1362-1389) Прилеп потпаѓа под турска власт. Со смртта на Крали Марко завршува средновековната историја на Прилеп.
 
== Културни програми==
Ред 35:
 
==Слонот==
Исто така на локалитетотнаоѓалиштето на Марковите Кули се наоѓа и Слонот ( што на некои им личел и на штрк) кој е составен од две природно споени карпи. Слонот е висок 8 метри и од него Прилеп се гледа како на дланка.
Постојат и повеќе верувања дека Слонот се користел и во религиозни обреди на предците, а показатели за тоа се окилните гробови и видливите остатоци од фрескоживописот кој е сериозно оштетен.
Марковите кули и населбата Варош со 77 цркви, заедно со природните раритети, се недоволно покажани природни дарови и артефакти со предиспозиција за туристичка дестинација.