Морален ризик: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 1:
'''Моралниот ризик''' во [[економија]]та е претставен како ситуација во која еден агент превзема ризични активности за кои е заштитен од [[ризик]]от бидејќи некое друго лице ќе ја сноси штетата. Се појавува поради постоење на [[Асиметрични информации|асиметрија на информации]] помеѓу агентите. Имено поединецот или групата што превзема ризици знае повеќе за сопствените намери од тие што ги поднесуваат последиците.
Се смета дека за првпат терминот морален ризик бил употребен во [[осигурување]]то уште во [[
== Економска теорија ==
Теоретската анализа за моралниот ризик ја постави Вилијам Викри<ref>http://darp.lse.ac.uk/papersDB/Vickrey_(Ecmet_45).pdf</ref>, а ја реши Џејмс Мирлес. Проблем во осигурувањето е дека штетата од осигурените објекти не зависи само од надворешни фактори како што се [[време]]то и обидот за [[кражба]], туку и од грижата на купувачот на [[осигурителна полиса|полисата]]. Грижата неможе да биде набљудувана и поради тоа крајниот резултат зависи од сопствените акции на агентот кој ја држи полисата. Конечниот исход е [[економска ефикасност|неефикасност во економијата]]. Мирлес истакна дека акциите на агентот индиректно имплицираат на избор од веројатности за различни резултати<ref>http://restud.oxfordjournals.org/content/66/1/3.short</ref>. Условите за оптималност на тој начин ни обезбедуваат информации за изборот на агентот и степенот до кој треба да обезбеди осигурителна заштита. Во дизајнирањето на полисата осигурителот треба да ги земе во предвид трошоците преку кои ќе го стимулира агентот да се однесува дисциплинирано. Колку е поголема осетливоста на агентот за казна и колку се подостапни информациите за изборот на агентот, толку се помали трошоците. Решението на проблемот предлага агентот да превземе дел од штетата доколку настане, а осигурителот да се грижи за осигурениот објект исто како да не е осигурен.
|