Деловна етика: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена (од 92.53.59.191) и ја поврати преработката 3627147 на Kolega2357
с Праовписна исправка, replaced: 19тиот век → 19 век using AWB
Ред 1:
''Етиката'' (''[[ethics]]'') тешко се дефинира на прецизен начин. Во генерална смисла етиката е код на морални принципи и вредности кои го насочуваат однесувањето на поединецот или групата кон почитување на тоа што е правилно или погрешно. Етиката ги поставува стандардите за тоа што е добро или лошо во водењето и во одлучувањето. Етиката се справува со внатрешните вредности кои се дел од организациската култура и ги обликува одлуките вклучувајќи ја социјалната одговорност со почит кон надворешната околина. Денес етикатa е важен дел од секоја компанија, за успешна примена на етиката во секојдневното работење се формираат оддели за '''деловна етика'''. Етиката е присутна во ситуации во кои активноста на личноста или организација може да ги загрози другите.
 
Етиката може подобро да се разбере кога ќе се спореди со однесувањата раководени од законот и слободната. Човековото однесување може да се стави во три категории област на кодифициран закон (законски стандард), област на етика (социјален стандард) и област на слободен избор (персонален стандард).
Ред 21:
 
== Етички структури ==
Етичките структури ги претставуваат различните системи, позиции и програми кои компанијата може да ги превземе за да имплементира етичко однесување. ''Етичкиот комитет'' е група на извршители наменети да ја надгледуваат етиката во компаниите. Комитетот овозможува управување со дискутабилните предмети. Етичкиот комитет ја презема одговорноста за дисциплинирање на оние кои грешат, што е есенцијално доколку [[Организација|организацијатаорганизација]]та е под директно влијание на однесувањето на вработените. Многу организации денес имаат оддел за [[етика]] со целовремена работа. Овие канцеларии работат повеќе како советодавни центри отколку како «полициски оддели». Тие се зафатени со помагање на вработените да се справат со секојдневните проблеми или прашања. Бесплатната доверлива «жешка» линија им овозможува на вработените да го изнесат дискутабилното однесување као и болното раководење во однос на етичките дилеми. Канцелариите исто така спроведуваат тренинзи базирани на организациониот етички код или кодот за бизнис управување, па вработените можат да ги преведат вредностите во дневно однесување. Тренинг програмите се важен суплемент на напишаниот етички код.
 
=== ''Обелоденување'' ===
Ред 65:
 
=== ''Утилитарен приод'' ===
''Утилитарниот'' (''[[утилитаризам]]'') ''приод'' претставен од филозофите од 19тиот19 век — [http://en.wikipedia.org/wiki/Jeremy Bentham Џереми Бентхам] и [http://en.wikipedia.org/wiki/John Stewart Mill Џон Стујат Мил], опфаќа дека моралното однесување го создава најдоброто за најголем број луѓе. Според овој приод од одлучувачот се очекува да го пресмета ефектот од секоја алтернатива во сите делови и да ја избере онаа која го оптимизира задоволството за најголемиот број луѓе. Бидејќи вистинското пресметување може да биде многу сложено, неговото поедноставување се смета за соодветно. На пример, едноставна економска рамка на податоци може да биде искористена со пресметка на вредноста на доларот и добивката од доларот. Исто така одлуката може да се донесе така што ќе се земат предвид само оние кои се директно зависни од истата, а не оние кои се индиректно опфатени. Утилитарната етика е наведена како основа за моменталниот тренд помеѓу компаниите да ги спречат личните навики на вработените како — консумирањето на алкохол и цигари на работа во некои случаи и после работа бидејќи и ваквото однесување го опфаќа целото работно место. Слично, многу компании расправаат дека следењето на тоа како вработените го трошат нивното време на ''[[интернет]]'' е потребно за да ја одржат етичката ''[[клима]]'' во компанијата и продуктивноста на работа. Доколку вработените гледаат порнографски сајтови, посетуваат чет-соби или поминуваат часови пазарејќи или тргувајќи преку интернет, целата организација ултимативно страда. Друг пример за овој приод е кога донесувачите на одлуки во бизнисот, ги користат профитот, ефикасноста, и другите критериуми за мерење на перформансите за да оценат што е најдобро за повеќето луѓе. Менаџерот може да направи утилитаристичка одлука да намали 30 % од вработеноста за да може да ги зачува работните места на останатите 70 % на вработените во фабриката.
 
=== ''Индивидуалистички приод'' ===
Ред 93:
# Најпрво испробајте го — кодексот мора да се тестира- може преку примерок на вработени, од различни нивоа и позиции.
# Издадете го кодексот и осигурете дека сите се запознаени со него — издадете го и испратете го на сите вработени, добавувачи и сите релевантни лица. Јавно изјавете дека компанијата има кодекс и имплетанциона програма која ја покрива цела компанија. Ставете го на вашата веб страна, и испратете го на вашите деловни партнери.
# Направете да функционира — практични примери за функционирањето на кодексот треба да бидат претставени на сите внатре во компанијата (и надвор) . Треба да се посочи извршител на кодексот.<br />
Поседувањето на кодекс на етика и имплементациона програма се минималните критериуми за добра репутација на менаџментот. Нешто слично на превентивна медицина: без таква програма, корпорацијата е ранлива, само поради тоа што бизнис етиката не е сфатена сериозно.
 
Ред 100:
 
=== ''Менаџерот'' ===
Менаџерите носат специфична личност и црти на однесувањето во работата. Личните потреби, семејното влијание и верската позадина заедно сите го формираат вредносниот систем на менаџерот. Специфичните лични карактеристики како его — силите, самодовербата и силно чувство на независност може да го спречат менаџерот во носењето на етичките одлуки. Една важна лична карактеристика е стадиумот на морален развој. Во ''преконвенционалното ниво'', индивидуате се грижат за надворешните награди и казни и се покоруваат на авторитетот за да избегнат одредени лични последици. Во организационенен контекст ова ниво може да се поврзе со менаџерите кои користат автократски или принудуваки стил на раководење со вработени ориентирани кон зависно исполнување на специфични цели. На второто ниво наречено ''конвенционално'' луѓето учат да се однесуваат во склад со очекувањето за добро однесување како такво дефинирано од колегите, пријателите, семејството и општеството. Соединувањето на социјалните и личните обврски е важно. Колаборацијата на работната група е префериран манир за исполнување на организационите цели, и менаџерите користат стил на раководење што охрабрува интерперсонални врски и соработка. Во ''постконвенционалното'' ниво индивидуите се водени од внатрешниот состав на вредности и стандарди и ќе ги избегнат правилата и законите кои ги кршат овие принципи. Внатрешните вредности стануваат одлуки базирани не на збирката од апсолутно право или погрешно туку на принципите да не се предизвика штета на другите. Една причина поради која повисоките нивоа на морален развој се пораснувачки важни е и влијанието на глобализацијата. [[Глобализација|Глобализацијата]]та ги направи етичките прашања уште покомплицирани за денешните менаџери. Американските менаџери кои работат во странство треба да се осетливи и отворени кон другите системи како и да бидат храбри за да ги решаваат тешките прашања.
 
=== ''Организацијата'' ===
Ретко може етичкото или неетичкото дејствување на фирмите да биде припишано единствено на личните вредности на еден менаџер. Вредностите присвоени во [[Организација|организацијатаорганизација]]та се многу важни, особено кога разбираме дека повеќето луѓе се на второто ниво од моралниот развој што значи дека тие веруваат дека нивна должност е да ги остваруваат должностите и очекувањата од другите.
 
== Дали етичкото однесување се исплаќа ==
Етичкото однесување е вредно. Истражувачките студии покажуваат позитивна врска меѓу етичкото однесување и лидерската ефективност. Неетичкото однесување е штетно на повеќе нивоа. На општествено ниво, неетичкото однесување создава негативна слика за големиот бизнис. На пример, неетичкото однесување во Енрон и други компании, создава големи трошоци за многу организации и луѓе директно, но исто така штети на секој кој инвестира во берзански акции и на економијата во целина. На организационо ниво, Енрон не е веќе компанијата што беше а нејзиниот ревизор, Артур Андерсен, изгуби многу од своите клиенти и мораше да продава делови од бизнисот како резултат на неетичкото однесување. На индивидуално ниво, поранешниот главен извршен директор на Енрон Кенет Леи и другите, направија милиони од нивното неетичко однесување. Како и да е, овие врвни извршители веќе имаа направено милиони на чесен начин, а нивната подоцнежна неетичност ги фрли во затвор неколку години, а и многу е веројатно никогаш да не уживаат големи позиции. Вредностите и етиката се од суштинско значење за ефективното лидерство. Имање високи етички стандарди значи поседување интегритет, а луѓето обично им веруваат на таквите. Денеска, вработените не претпоставуваат дека може да им веруваат на менаџерите, а една анкета покажа дека најголемиот број од анкетираните лица немаат доверба во [[Менаџмент|менаџментотменаџмент]]от. Прекршеното ветување или лагата водат кон намалување на довербата која е екстремно тешко повторно да се стекне.
 
== Наводи ==
Ред 112:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Деловна етика|*]]
[[Категорија:Применета етика]]