Влад Цепеш: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Ставот кај романците: Јазична исправка, replaced: 19ти век → 19 век using AWB
с →‎Ставот кај романците: Праовписна исправка, replaced: 19тиот век → 19 век (2) using AWB
Ред 148:
Романскиот фолклор и литература од друга страна го отсликуваат Влад Цепеш како херој. Неговата репутација во родната земја е на човек кој застанал пред странските и домашните непријатели давајќи му речиси спротивен симболизам од вампирот на Стокер. Во Романија тој се смета како еден од најголемите лидери во историјата на земјата и се наоѓа во списокот на „100 најголеми романци“ во телевизиската серија „Mari Români“ емитувана во 2006.
Современиот портрет за Влад Трети, откриен од романски историчари во доцниот 19 век, е приложен во галеријата на хоророт во замоко Амбрас во Инсбрук. Оригиналот е некаде загубен, но поголема копија насликана анонимно во втората половина на 16тиот век сега се наоѓа во истата галерија.
Неговата слика во модерната романска култура се судира со странските перцепции. Последниот дел од популарната поема од 19тиот19 век на Михаи Еминеску, „Scrisoarea a III-a“, помогна околу претворањето на сликата за Влад во модерна легенда, каде тој е човек во контраст со претпоставуваниот општествен распад под Фанариотите и политичката сцена од 19тиот19 век (сугерирајќи дури и дека насилните методи на Влад би можеле да бидат лекот). Имено првиот автор да го претстави Влад како романски херој бил од Трансилванија кој веројатно никогаш не отпатувал во Валахија, тоа е Јоан Будаи-Делеану. Околу 1800-та тој напишал романски херокомична епска поема, „Țiganiada“, во која принцот Влад Цепеш е свиреп воин кој се бори против отоманците. Многу пред романската литература, ова дело, за разлика од тоа на Еминеску, останало необјавено и игнорирано речиси еден век, и не причинило никакво влијание.
Сите слики за неговиот живот го покажуваат како безмилосен, но само оние што потекнуваат од саксонските клеветници го покажуваат како садист или лудак. Овие памфлети продолжиле да бидат објавувани долго по неговата смрт, иако обично само за забава наместо како пропаганда. Долго бил во заборав се доскоро кога со неговите упорни обиди против Отоманското Царство се здобил со поддржувачи, не само во денешната модерна Романија, туку и во кралствата на Унгарија, Полска и Република Венеција и на Балканот. Еден унгарски дворјански хронолог запишал дека кралот Матиас „дејствувал спротивно од општото мислење на јавноста“ во Унгарија кога Дракула бил затворен, што играло голема улога во менување на непопуларната одлука на самиот Матиас. Во тоа време, како „истакнат затвореник“, пред целосно да биде помилуван и пред да му се дозволи да ја освои Валахија, Влад бил славен како христијански херој од посетителите ширум Европа.