Дебрца: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Раселени села во Дебрца: Јазична исправка, replaced: 19ти век → 19 век (2) using AWB
с →‎Раселени села во Дебрца: Јазична исправка, replaced: 18ти век → 18 век (4) using AWB
Ред 385:
 
* [[Сатеска]]: ова село се спомнува во пописниот дефтер од 1582, припаѓало на Охридскиот санџак, нахија Дебрца, имало вкупно 25 жители и било едно од помалите села во дебрчката нахија, селото се наоѓало во атарот на селото [[Ботун]], кога и како исчезнало ова село не постојат точни податоци.
* [[Леска]]: Ова село постоело некаде кај [[Лешани]] и [[Злести]]. Селото не се спомнува во пописниот дефтер од Охридскиот Санџак во 1582, но за селото имаат предание жителите на селата [[Лешани]] и [[Злести]], села каде што живеат потомците на иселените жители на селото Леска, а според преданието селото исчезнало некаде во 18ти18 век.
* [[Раштани|Раштани:]] ова село постоело на границата помеѓу селата [[Ботун]] и [[Злести]]. Жителите на селото Злести во местото каде што постоело селото Раштани, пронашле камена плоча на која била заведена годината 1450, плочата подоцна била пренесена во охридскиот музеј,<ref name=":1" /> ова исчезнато село се спомнува и во 1582 во пописот во охридскиот санџак, припаѓало во нахијата Дебрца, имало вкупно 88 жители, кога исчезнало селото еден дел од населението на селото се иселило во кичевското село [[Раштани (Кичевско)|Раштани]], точно кога се случило тоа не се знае.<ref name=":1" />
* [[Мацково|Мацково:]] ова било мало село, постоело северозападно од селото [[Песочани]], не се спомнува во пописот од охридскиот санџак во 1582 година, па веројатно е настано подоцна. По населувањето на албанците во селото Песочани, крајот на 18ти, почетокот на 19 век, населението постепено почнало да се иселува од ова село, денес е познат само родот ''Мацковци (''од кој потекнува познатиот писател [[Ванчо Николески]]), тие од селото Мацково се иселиле околу 1860 година.<ref name=":1" />
* [[Радомирово|Радомирово:]] било едно од најголемите села во Дебрца, постоело северозападно од селата [[Црвена Вода (Охридско)|Црвена Вода]] и [[Песочани]], на самата граница со областа [[Малесија]], се наведува дека имало околу 500 домаќинства. Селото според преданието го добило името по [[Гаврил Радомир]], селото пропаднало во првата половина на 19 век, кога од селото се иселиле последните жители. Денес е познат родот ''Грбаковци'', кој се иселил во селото [[Лешани]] околу 1840 година.<ref name=":1" />
* [[Јаорец|Јаорец:]] селото било на границата помеѓу селата [[Велмеј]] и [[Брежани]]. Во 1582 година било заведено како [[Јаворче]], со 18 христијански домаќинства, преку селото Јаорец водел патот во правец, [[Дебар]]-[[Долна Дебрца]]-[[Демир Хисар]]-[[Битола]]. На крајот од 18ти18 век поради некоја причина турците го запалиле селото, па така едни избегале во кичевското село [[Јаворец]] (''Милошевци, Трајановци и Илијовци)'', втори во [[Велмеј]] (''Иљовци и Андревци),'' а трети во селото [[Брежани]] (''Десановци и Цветковци).''<ref name=":1" /><ref name=":4" />
* [[Зглавица]]: северозападна од селото [[Издеглавје]], постоело селото Зглавица, според народната традиција селото имало околу 500 домаќинства, што го правело најголемо село во Дебрца. Ова село било средишно место во областа Дебрца, исто така се наведува и дека било главно место во климентовата [[Кутмичевица]]. Кога точно пропаднало селото Зглавица не се знае, но се знае дека од Зглавица има иселеници во селото [[Издеглавје]] (''Тувчевци, Трповци, Куловци, Милевци, Гавриловци, Игларовци, Стојановци, Паунковци, Николовци и Србиновци).'' Иселеници има и на други места.<ref name=":1" />
* [[Манастирец врбјани|Манастирец]], [[Жежница]] и [[Петрчани|Петрчани:]] ова биле мали села кои постоеле во атарот на селото [[Врбјани]], [[Манастирец врбјани|Манастирец]] пропаднал уште во 18ти18 век, за Жежница кога пропаднало нема точни информации, додека највеќе се сочувани информации за селото [[Петрчани]]. [[Петрчани]] било 3км североисточно од селото Врбјани, прв помен за селото е во 1582 година, припаѓало на Охридскиот санџак, нахија Дебрца, и имало 79 жители. Селото се до 1863 било македонско кога во селото се населиле [[Черкези (народ)|Черкези]], тие биле многу лоши, вршеле големи зулуми, убиле некоја девојка што одела на патот [[Кичево]]-[[Охрид]], потоа земале некоја девојка од селото [[Гари]], и ја исламизирале. Поради сет терор кој го вршеле, Македонците од селата [[Врбјани]], [[Годивје (Охридско)|Годивје]] и [[Сливово]] се здружиле и го уништиле селото, при што убиле многу Черкези по што земјата од селото ја поделиле помеѓу себе. Некои Черкези што се спасиле пребегнале во [[дебарско]], при што и денес постојат муслимани со презимето Черкези во околината на дебар. Некои од денешните родови во селото Врбјани (''Патниковци, Анѓелевци, Ќемаловци, Радевци, Поповци, Вретовци, Савевци, Муратовци, Мушевци, Шамалевци и Пејовци)'' живееле во наведените три раселени села.<ref name=":1" />
* [[Војово|Војово:]] се наоѓало во атарот на селото [[Годивје (Охридско)|Годивје]], на падините на планината [[Караорман]]. Селото изчезнало кон средината на 18ти18 век, кога после пустошењето на Годивје, кога пропаднало старото Годивје еден дел од населението се иселило во [[Годивје (Прилепско)|прилепско]], по што денешното Годивје го обновиле доселеници од раселеното село [[Војово]], така во Годивје постојат следните родови доселени од [[Војово]]: ''Чараповци, Секуловци, Попаѓовци, Јаковчевци, Шутаровци, Деспотовци, Бачовци, Станковци, Дојчиновци, Шипинковци и Коруновци.''<ref name=":1" />
* [[Белче мраморец|Белче]]: селото се наоѓало на патот [[Сливово]]-[[Мраморец]], но во атарот на селото Мраморец, селото пропаднало пред повеќе од 300 години, при што населението избегало на разни страни, некои се скриле во Мраморец, други отишле во Туин, па се вратиле назад, а трети отишле во селото [[Белче]], [[демирхисарско]], четврти во [[Сливово]] (''Белчевци)''.<ref name=":1" /><ref name=":4" />
* [[Брест оздолени|Брест]]: селото се наоѓало источно од селото [[Оздолени]], крај патот [[Издеглавје]]-[[Слатино (Охридско)|Слатино]]. Тоа село поради некоја причина пропаднало, па еден дел од жителите пребегнале во селото [[Оздолени]] (''Шишковци, Богдановци, Трпчевци и Смилевци).''<ref name=":1" />
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Дебрца