Дебрца: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bjankuloski06 ја премести страницата Дебарца на Дебрца презапишувајќи врз пренасочување
с →‎Раселени села во Дебрца: Јазична исправка, replaced: 19ти век → 19 век (2) using AWB
Ред 387:
* [[Леска]]: Ова село постоело некаде кај [[Лешани]] и [[Злести]]. Селото не се спомнува во пописниот дефтер од Охридскиот Санџак во 1582, но за селото имаат предание жителите на селата [[Лешани]] и [[Злести]], села каде што живеат потомците на иселените жители на селото Леска, а според преданието селото исчезнало некаде во 18ти век.
* [[Раштани|Раштани:]] ова село постоело на границата помеѓу селата [[Ботун]] и [[Злести]]. Жителите на селото Злести во местото каде што постоело селото Раштани, пронашле камена плоча на која била заведена годината 1450, плочата подоцна била пренесена во охридскиот музеј,<ref name=":1" /> ова исчезнато село се спомнува и во 1582 во пописот во охридскиот санџак, припаѓало во нахијата Дебрца, имало вкупно 88 жители, кога исчезнало селото еден дел од населението на селото се иселило во кичевското село [[Раштани (Кичевско)|Раштани]], точно кога се случило тоа не се знае.<ref name=":1" />
* [[Мацково|Мацково:]] ова било мало село, постоело северозападно од селото [[Песочани]], не се спомнува во пописот од охридскиот санџак во 1582 година, па веројатно е настано подоцна. По населувањето на албанците во селото Песочани, крајот на 18ти, почетокот на 19ти19 век, населението постепено почнало да се иселува од ова село, денес е познат само родот ''Мацковци (''од кој потекнува познатиот писател [[Ванчо Николески]]), тие од селото Мацково се иселиле околу 1860 година.<ref name=":1" />
* [[Радомирово|Радомирово:]] било едно од најголемите села во Дебрца, постоело северозападно од селата [[Црвена Вода (Охридско)|Црвена Вода]] и [[Песочани]], на самата граница со областа [[Малесија]], се наведува дека имало околу 500 домаќинства. Селото според преданието го добило името по [[Гаврил Радомир]], селото пропаднало во првата половина на 19ти19 век, кога од селото се иселиле последните жители. Денес е познат родот ''Грбаковци'', кој се иселил во селото [[Лешани]] околу 1840 година.<ref name=":1" />
* [[Јаорец|Јаорец:]] селото било на границата помеѓу селата [[Велмеј]] и [[Брежани]]. Во 1582 година било заведено како [[Јаворче]], со 18 христијански домаќинства, преку селото Јаорец водел патот во правец, [[Дебар]]-[[Долна Дебрца]]-[[Демир Хисар]]-[[Битола]]. На крајот од 18ти век поради некоја причина турците го запалиле селото, па така едни избегале во кичевското село [[Јаворец]] (''Милошевци, Трајановци и Илијовци)'', втори во [[Велмеј]] (''Иљовци и Андревци),'' а трети во селото [[Брежани]] (''Десановци и Цветковци).''<ref name=":1" /><ref name=":4" />
* [[Зглавица]]: северозападна од селото [[Издеглавје]], постоело селото Зглавица, според народната традиција селото имало околу 500 домаќинства, што го правело најголемо село во Дебрца. Ова село било средишно место во областа Дебрца, исто така се наведува и дека било главно место во климентовата [[Кутмичевица]]. Кога точно пропаднало селото Зглавица не се знае, но се знае дека од Зглавица има иселеници во селото [[Издеглавје]] (''Тувчевци, Трповци, Куловци, Милевци, Гавриловци, Игларовци, Стојановци, Паунковци, Николовци и Србиновци).'' Иселеници има и на други места.<ref name=":1" />
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Дебрца