Хокеј на мраз: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Повреди: Јазична исправка, replaced:  km →  км using AWB
с →‎Историја: Јазична исправка, replaced: 19ти век → 19 век using AWB
Ред 13:
 
Игрите со стап и топка се играле уште пред-христијански времиња. Вакви игри се играле и во Европа, како на пример Ирскиот спорт хурлинг, сличниот шкотски спорт шинти, и други видови на хокеј на трева, како на пример бенди во Англија. Европските доселеници во Канада со себе ги донесоа и ваквите игри и ги прилагодија на ладните климатски услови. Овој вид на забава често ја практикуваа британските војници. Според усните преданија, има докази од традиционалните игри со стап и топка која ја играле канадските индијанци Микмак во Источна Канада. Во книгата Микмашки Легенди(1984 година), Сила Ранд опишува игра со топка која се вика Туадиџик. Ранд, исто така опишува игра Волчамадиџик, која се играла после контактот со европската игра хурлинг.
Сликите од раниот 19ти19 век во Нова Шкотска, Канада ни ги покажуваат почетоците на хокеј на мраз, наречен Шини, кога се играл без некои одредени правила. Така, многу од овие рани игри ги попримија физичко-агресивните аспекти на она што Микмак го нарекоа Лакрос. Игрите Шини биле играни на заледените површини на реките Сен Лорен во Монтреал, Квебек и Кингстон, и на Отава во Онтарио. Обично голем број на играчи учествуваат во овие игри. Самиот термин „шини“ и денес се користи во Канада и означува рекреациони натпревари хокеј на лед или уличен хокеј.
 
Во 1825 година, поларниот истражувач Џон Франклин напиша дека „ Играта хокеј на мраз е утрински спорт ", за време на една од неговите арктички експедиции на Големата Мечка Езеро. Во 1843 година воено британско лице напиша : „ Почнете да лизгате оваа година, брзо усовршете се и имајте многу забава со хокеј на мраз “. Еден напис во вечерниот бостонски весник спомнува за такмичење во хокеј на мраз, што таа година се одржа во Халифакс во 1859 година.