Перово: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Пренасочување кон Долно Перово
 
Отстрането пренасочување кон Долно Перово
Ознаки: Отстрането пренасочување Изворно уредување 2017
Ред 1:
{{Инфокутија за село во Република Македонија
#ПРЕНАСОЧУВАЊЕ [[Долно Перово]]
| име = Перово
| слика = Викиекспедиција Преспа 249.jpg
| големина на слика = 300п
| опис = Куќи во селото
| општина = {{општинскигрб|Општина Ресен}}
| регион = {{грбови|Пелагониски регион}}
| област = [[Горна Преспа]]
| популација = 175<ref name="попис">{{нмс|url=http://www.stat.gov.mk/Publikacii/knigaX.pdf|title=Попис на Македонија|date=2002 |publisher=Завод за статистика на Македонија|accessdate=29 мај 2020}}</ref>
| година = 2002
| поштенски број = 7315
| повикувачки број = 047
| надморска височина = 838
| lat_dir=N | lat_deg=41 | lat_min=00 | lat_sec=51
| lon_dir=E | lon_deg=20 | lon_min=59 | lon_sec=21
| слава =
| веб =
| карта = Долно Перово во Општина Ресен.svg
}}
 
'''Перово''' — село во [[Општина Ресен]], во областа [[Горна Преспа]], во околината на градот [[Ресен]], сместено во близина на брегот на [[Преспанско Езеро|Големото Преспанско Езеро]].
 
== Географиja и местоположба ==
Селото Перово, е една единствена административна единица, месна заедница во Општина Ресен. Значи, службено постои само село Перово. Тоа што локално ,разговорно се именува Долно и Горно е од следните причини: Во 1918 година езерото добило максимално ниво на водата ,кота 852 ( нмв).Селото било поплавено. Дел од населението се сместил кај роднини во соседните села, Дрмени и Царев Двор, а неколку семејства од фамилиите: Кевиловци, Царовци,Мушевци, Милошовци,Маринчевци, бидејки имале ,или купиле земјиште северно 1,00 км,покрај Епирскиот пат Макази -Стење-Корча-Драч, изградиле куќи и тука се населиле. Набргу и исселените почнале да се враќаат на старата локација на селото и да градат куќи западно по песочниот превлак, повисок дел од нивото на водата, на должина од околу 1,00 км. Приодниот пат од Епирскиот пат до селото Перово, сега новава локација ја поделил на источна и западна. Источната е пониска од западната. Така разговорно центарот добил име средсело, источниот дел Долна Маала ,а западниот Горна Маала.
Северно ново населениот дел покрај Епирскиот пат ,бидејки е теренот повисок (кота 853,00), за да се разликува, добил име '''Горно Перово'''. Значи тоа е само локално разговорно именување.Административно, имотно катастарски и службено ,официјално е село Перово.
Село Перово е населба во [[Преспанска Котлина|Преспанската Колина]], сместена на средишниот дел на северното крајбрежје на Големото Преспанско Езеро.Селската црква Свети Атанасие Велики е сместена на 21 степен источна географка должина и 41 степен и 01 минута северна географска широчина. Спрема официелите документи селото постои од пред 16-от век. Имено во пописниот Дефтер од 1583 год на Османлиското Царство село Перово е евидентирана населба со 49 фамилии. Селото било сместено источно и јужно од црквата. Источниот дел го именувале Преку Река ,а западниот Црква (кај црквана).
Дислокацијата започнала веднаш по папсувањето на Илинденското Востание. Имено во вората половина на август 1903 год. башибозлукот и турската војска го запалиле селото. Од 85 куќи, неопожарени останале само 5 куќи. Селаните на просторот околу црквата, северно и северзападно направиле времени смештајни "куќи“ од поплет од гранки премачкани со кал ,покриени со трска. Немирните години: Уриетот, Балканските војни, Првата светска војна, овие куки ги „поживеале“ до 1918 год., кога дошла катастрофата од поплавата и тифусот од војната.
Во атарот на селото ,од северниот дел на котлината се влеваат во Големото Преспанско Езеро три реки: источно од црквата Дрменска Река и западно од селото Стипонска Река и Прељупска Река. Трите се со повремен водотек и буични после топењето на снегот и силни врнежи. За да може водата да истекува во езерскиот простор, и на трите реки јужно од песочниот превлак на кој лоцира црквата ,а порано и селото ,копани биле и редовно чистени канали . И сега просторот јужно од црквата се именува Канали.
 
'''ЗАБЕЛЕШКА:'''Мораме да кажеме дека во Преспанската Котлина постоела насеба, а сега месност викана Перово на северозападното ккајбрежје на Малото Преспанско Езеро ,на западниот крај на песочниот превлак Гладно Поле и подножјето на Сува Гора. Тука е реката Перовска Река, која е природна површинска врска помеѓу Малото и Големото Преспанско Езеро. Во 1568/69 год,спрема пописниот Дефтер, селото имало 7 фамилии. Во 1900 год е без жители .Од 1924 година грците го именуваат Кула. Сега тука лоцира грчката гранична војска и полиција.
 
== Инфраструктура ==
<br />
За инфраструктурата ќе кажеме кратко за: патните сообраќајници и превозните средства, езерскиот сообраќај како овде неизбежен, снабдувањето со вода и одводот на отпадната вода, телефонскиот сообраќај и др.
 
Патниот сообраќај до шеесетите години се вршеше со [[запрега]] од волови, биволи, пар коњи и со еден коњ спрегнати превреме во коли, мал одар за секојденвите потреби во полето, мелење на житариците, собирање на дрва за огрев и друго и голем одар за собирање на сеното, ожнеаните снопови жито, слама, сувата трска, ожнеаната сува пченка и друго и коли за [[коњска запрега]] со четири тркала за секојдневна употреба, потоа коли (кочии), коли (каруси) полуксузни за превоз на луѓе, 8 до 10 лица, и најлуксузните чези. За сите нив задоволувачки беа земјените патишта со најмала ширина од 3 метри.
Во педесетите години од минатиот век луксузно и модерно индивидуално превозно средство и со поголема брзина беше велосипедот.
Во јавниот превоз актуелен беше автобусот (поштата) којшто сообраќаше на релацијата Отешево-Ресен-Битола и обратно, еднаш во денот.
Во втората половина на шеесетите години се изврши реконструкција и асфалтирање на патната мрежа во Преспа. До село Перово стигна асфалтниот пат. Иако задоцнето, ова внесе значителни квалитетни подобрувања. Луѓето почнаа да набавуваат и индивидуални возила автомобили, ама процесот на иселување беше со значителен замав.
Во почетокот на седумдесетите години од минатиот век земјоделците почнаа да го механизираат работењето со набавка и употреба на трактори со приколка и сите други приклучни машини и алатки. Тоа беше значително огромно олеснување на работењето во споредба со дотогашното. Тракторите почнаа да ја истиснуваат запрегата од крупен добиток. Воловите, билковите и коњите сопствениците ги продаваа. Ги зачуваа само кравите за млеко и млечни производи и месо од телињата. Сега веќе нема ниту крави. Тракторот стана и работно и превозно средство и за најбаналните работи. Нема природно арско ѓубре затоашто нема добиток, а во употреба е само вештачкото ѓубриво.
Во втората половина на деведесетите години завршено беше модернизирањето - асфалтирањето на селската улица и западниот пат Перово - Вича. Така се овозможи модерна врска од западната страна со Епирскиот пат Ресен - Стење - Корча - Драч. Сега веќе и автобусите и комбињата од локалниот и меѓуградскиот сообраќај поминуваат низ село Перово.
 
Езерскиот сообраќај за Перово до исушувањето на езерото беше многу актуелен и непходен. Се одвиваше како работен во перовското блато и комуникативен по пократок пат со соседните села. Сообраќајот се вршеше: работниот езерски со чунки-чамци, порано од издлабена бука со пречник на стеблото од околу 50 см и должина од 4 м, а подоцна од чамови талпи-даски. Со нив се одеше во ловиштата, за изградба на ловиштата, за вадење на уловената риба, собирање-жнеење на зелената трска во август и жнеење на стеблата од тската до дното во текот на доцниот есенски и зимскиот период. Со овие чамци, истовремено, можеа да работат две лица. За риболов во езерската акваторија подлабока и со присуство на ветрови и бранови се употребуваа рибарските чунови тип дојрански за риболов со мрежи и 2-3 рибари и тип охридски за риболов со влак. Тие беа возени од самите рибари со весла. Беа изработени од дрвен материјал коишто и во случај на хаварија пливаа во водата, а не потонуваа. Подоцна од седудесетите години почнаа да се употребуваат и охридските кајчиња со вонбродски мотор „Пента“. Со нив се зголеми полупречникот на движење-рибарење по езерото, се олесни физичкото напрегање и значително се зголеми брзината на движење.Сега при оваа состојба на намалено ниво на езерото од 9 м и оддалеченоста на крајбрежната линија од 3,5 км ги исклучи од употреба сите овие пловни средства. Жалосно и со голема стопанска загуба човекот ја предизвика оваа катастрофа.
 
Телефонскиот сообраќај е внесен во почетокот на осумдесетите години од страна на поранешната ЈНА со двопаричен телефон. Првиот број го доби Христо Калунџиовски, а по 4-5 години и Александар Коњановски. Потоа и тогашната ПТТ изврши мрежно поврзување со наплата на секој индивидуален приклучок од 1000 германски марки. Во селото почнаа да се инсталираат телефоните во зависност од индивидуалните можности на секое семејство. Училиштето веќе не работеше, бидејќи, немаше деца за во училиште.
Во втората половина на осумдесетите години изграден беше регионалниот водовод с.Крушје-Ресен-с.Сирхан. За селата обезбедени беа бесплатни ПВЦ цевки за приклучување. За Перово исто така беа обезбедени околу 2 км цевки. За помали трошоци селаните сами извршија изградба на приклучокот. При проверката на пропустливост на водоводниот приклучок се покажа дека има 5-6 лоши споеви. Тие беа причина ЈКП „Пролетер“ од Ресен да не го прими како свое средство и да не го активира. Скоро сите семејства вградија индивидуални хидрофори со употреба на водата од бунарите или цевкасти бунари. Така водоводот како најсоодветно и најквалитетно решение не беше употребуван до втората половина на девесетите години. Конечно беше поправен и ставен во функција. Сите семејства се приклучија на регионалниот водовод затоа што хидрофорите покрај потрошувачката на струја честопати беа и во дефект.
<br />
Приклучувањето на регионалниот водовод внесе нов квалитет во секојдневниот живот. Се наметна нормалната потреба од решавање на одвод на отпадната вода. Повторно, индивидуално решение се најде со изградба на индивидуални дептички јами. Песокливото земјиште, тука, е погодно за ова решение. Ама, сега веќе се загади плитката, фреатска потповршинска вода која се употребуваше со копаните бунари ѕидани од камен. Повеќето од нив се затворени, а некои со хидрофори се употребуваат за наводнување на зеленчуковите градини.
 
Сегашната бројна состојба на семејствата, старосната структура и семејниот состав од вкупно 140 жители не е сила која што може без помош од државата и иселеништвото да земе врз себе изградба на канализациона одводна мрежа. Ова решение не е скапо о комплицирано затоа што еден колектор со должина од 3,5 км може да го реши проблемот.
 
== Историja ==
Спрема официјалните документи селото постои од пред 16-от век. Кажувањата на луѓето генерациски пренесувани велат:“Некогаш двајца браќа ПЕРО И ОТЕШ, дошле на оваа локација. Се договориле ПЕРО да остане тука и да закуќи куќа ,а ОТЕШ да отиде на локацијата на село Отешево и таму тој да се насели. Бидејки овде е рамница нема дрва, Отеш да му отстапи на Перо дел од шумата , да може да собира дрва за греење и други потреби”. Така направиле. И ден денешен во реонот на Отешево постои локација, шума која се вика Перовска шума.
Спрема пописниот дефтер од 1583 год. за Охридскиот Санџак, село Перово имао 49 домакинства. Од 49-те домакини - глава на семејствата, 5 биле попови. Во селото имало 17 неженети мажи кои биле задолжени да плаќаат данок од 25 акчиња (Сребрени турски пари) годишно, затоа што биле неженети.
Административно село Перово припаѓало на Санџакот Охрид, нахија Преспанска, Горна Преспа, кој го опфаќала просторот северно од селата Стење и Подмочани. Зошто?
Уште тогаш Преспанската Котлина административно била поделена на три дела:
'''Горна Преспа''', северно од селата Стење и Подмочани, со 40 селски населби, во состав на Санџак Охрид,како еден административен дел,
Долна Преспа, јужно од селата Стење и Подмочани, која била поделена на уште два административни дела :
'''Мала Преспа''', сегашната Мала Преспа во Р Албанија, во чиј состав било и селото Нивици (сега во Р Грција, во состав на Казата Билишта, со 12 селски населби и
'''Голема Преспа''', источниот дел заедно со населбите околу Малото Преспанско Езеро, во состав на Каза Горица(Корча, со 44 селски населби.
Во 1844 год. селото Перово го посетил Рускиот учен, проф. на универзитетот во Казан Виктор Григорович, славист. Имено дошол да ја истражува Европска Турција, Западна Македонија.После посетата на Охрид и св. Наум, преку планината Галичица, дошол во с. Стење, каде ја разгледал селската црва св. Кирил и Методи. Од Стење селаните со чамец преку Големото Преспанско Езеро го донесле во с. Перово. Тука ја разгледал селската црква св. Атанасие Велики. Покрај фреските и иконите нашол и 20 книги на старословенски јазик. (“Отчерк путешествија по Европејској Турции......” од Виктор Григорович ,Казан 1855 год.)
Пред и во текот на Илинденското Востание, селото било активно и организирано. Сите мажи кои биле на печалба во Стамбол, Бугарија, Влашко, после одржувањето на Смилевскиот Конгрес, должни биле да купуваат оружје и муниција и да го испраќаат во селото. Тие поединечно и во мали групи, незабележително да се враќаат дома. Во селото била организирана чета од 50 востаници под водство на војводата Тасе од с. Кривени. Попот Андреја бил јатак, учесник и организатор на криењето на оружјето и подготвувањето на локацијата за збегот. Покасно предаден од кодошите бил жестоко измачуван и убиен. Во месноста Лолици, во трските на Перовско Блато, селаните пред востанието направиле колиби во кои сместиле храна облека и кебиња за спиење. До нив доаѓале со чунки-чамци од издлабени стебла или талпи.
На денот на почетокот на востанието селската чета заедно со четата од с. Покрвеник го нападнале и завзеле шурленскиот Ан-Сир Хан,а после тоа и Стенскиот Ан - Царина. Од четите немало ранети и загинати. Од Перовската чета Турската војска го заробила само Ѓорѓи Чавкаловски, а после неколку дена го убиле во атарот на с.Покрвеник. Жителите на с.Перово успешно се криеле во колибите во трската до втората половина на месец Август, кога биле предадени од кодошите. Тука, со селаните биле и воениот советник на војводата Славејко Арсов,поручникот на Бугарската војска Александар Панајотов и Коле (Никола) Царовски од с. Перово, соработник на војводата.Во почетокот на педесеттите години од минатиот век, доделена му беше Илинденска споменица и пензија.
Башибозлукот и Турската војска ја запалиле трската. Селаните морале да излезат. Мажите биле соблекувани голи и тепани,а жените и девојките силувани.Поручникот Панајотов бил веднаш убиен, а Коле Царовски со гњурење и дишеше со трска излегол, на езерската чистина и во месноста Нисија се скрил.(Сеќавања на Славејко Арсов од Л.Милетич, Софија 1924. год. и лично кажување на Коле Царовски).
Периодот после Илинденското востание до крајот на Првата светска Војна бил тежок и мачен. Младотурската револуција- Уриетот, Балканските Војни и Првата светска војна, создале посебни тешкотии. Некои од селаните биле по седум години војници и војници на двете завојувани страни. Борбите, посебно на Македонскиот фронт, маларијата и тифусот одзеле многу животи.
Периодот од 1918 год. до 1941 год. поминал под Српска власт. Селаните биле третирани како срби, морале да зборуваат српски јазик, во црквата и училиштето се слу`жело и учело на српски јазик.
После 1919 год. исселените од поплавата почнале да се враќаат и да градат куќи. Куќите биле од камен во темелите и плитари (непечени тули) на ѕидовите. Таваните и кровот од дрво, плафонот од плетена трска -кочинки и малтерисани , а покривот од плет од гранки премачкан со кал и турска ќерамида. Плитарите ги правеле сами од калта од реката Дрменска и ги сушеле на сонце. Со вода се снабдувале од копани бунари ,ѕидани со камен ,длабоки до 5 метри.
Сиромаштијата и немаштината ги натерала луѓето да одат на печалба ,сега во новиот свет, Америка. Таму останувале 3 до 4 години. Се враќале дома да донесат пари ,да купат земја или изградат куќа, да направат дете и пак да одат на печалба. Ова траело до почетокот на Втората светска војна. Сите што останале во Новиот Свет, никога не се вратија. После војната почнале да си ги повлекуваат своите од Стариот Крај.
Пред војната постоела СКОЈ- евска организација . партиски (КПМ) активисти. Вотекот на војната тие организирале Заднинска служба и подготвување и дотур на храна, леб и облека за партизаните. Во 1944год повеќе селани биле мобилизирани и учесници во единиците на Македонската војска.
Во 1945 год. започна со работа новата социјалистичка власт (НРМ). Слободата го донесе и правото на национално Македонско искажување, употребата на Македонскиот јазик во секојдневието, училиштето, црковната служба и др. Спроведена беше конфискација и национализација на имотот. Покасно во 1949 год. спроведена беше и колективизација. И во двата случаи поимотните и противниците на колективзацијата беа репресирани од новата власт.
Основното четиригодишно училиште "Цар Самуил"работеше со учител Македонец на Македонски јазик. Во попладневните и вечерните часови, организирано беше описменување на сите неписмени возрасни луѓе.
Во 1949 год. воведена беше локална електрификација со улично светло и по една [[електрична светилка|светилка]] во секое семејство. Извор на струја беше дизел агргат "Ансалдо" кој се палеше со влечење на долга ортома. Во 1957 год., летото, селото беше приклучено на дистрибутивната мрежа. Тогаш почнаа да се купуваат и првите радиоапарати.
Колективизацијата и одземањето на имотот и стоката на селаните , беше многу голема грешка на социјализмот во Македонија. Словенците не извршиле ниту национализација ниту колективизација.Животот беше сиромашен и тежок. Во почетокот на педесеттите години почнаа по групи со чамци преку езеро, лугето да бегаат во Грција ,како политички емигранти. Таму беа прифаќани и собирани во логорот Лаврион. Во логорот остануваа четири до седум години,за потоа ако имаат гаранција да заминат во САД или Канада. Во 1954 колективите, последни во Преспа од цела Југославија , беа расформирани.
Во 1956 год. започа изградбата на хидромелиоративнот систем за наводнување на Ресенско Поле, 3500 хектари, за интензивно овоштарство. Во 1962/64 год овој систем квалитетно беше подобрен со бетонирање на земјеното корито на каналите. Ова значеше напуштаwе на традиционалното земјоделие.
Во 1949 год. од владата на НРМ забрането беше чуваwето на ситна стока-добиток. Овците и козите ги снема од преспанските села.
Во 1948 год. во с.Перово беше формирана рибарска задруга "Рибар", во која се зачленија и работеа луѓето од селото што се занимава со риболов.
Младите луѓе се определуваа за образованието. Така во 1955 год. имавме млади заботехничар, учител и гимназијалци. Наобразбата продолжи,така што иднината даде повеќе образовани луѓе од разни струки. Продолжи и печалбарењето. Законот за амнестија и одобрено -легално печалбарење, популарно наречено "гастарбајтлуг", го испразни селото од млади луѓе и деца. Основното училиште престана да работи. Еве и ден денес не работи, затоа што таа боилошка катастрофа продолжи и уште трае. Во селото имаме повеќе од 10 мажи на возраст од 30 до 50 години не женети и без надеж да се оженат. Селото е населба на стари луѓе,над 65 години.
Во 1990 год. се случи рападот на социјлистичкиот систем. Во селото настана поделба на идеолошка основа. Се создадоа две групи-партии: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. За чудо групите беа, а тоа уште трае, доста антагонизирани, спротивставени една на друга. На власт се сменија и двете партии, ама не дојде до никакво подобрување на животот во селото. Завладеа некоја апатија, незаинтересираност за ништо друго освен за јаболкото. Полето е скоро 80% необработено. Дури и селската продавница не работи. Падна кровот пред 5 до 6 години , нема организираност, нема сили кои ќе ја обноват. “Странците”,печалбарите од Шведска и другите, ја превзедоа иницијативата ,ама без домашната поткрепа нема успех.
 
Во пописниот дефтер од 1583 година во селото Перово регистрирани се 49 домаќинства:
 
''-Атанас Бошко, Јован Кирко, Марич Миро, Никола Радко, Бојо Продан, Петри Агапин, Ѓуро Петко, Стојко Јандро, Петко Димитри, Никола Атанас, Јован Петко, Петко Иваниќ,Стојан Перо, Продан Миле, Михајло Петко, штавачот Петко, Јован Димитри, Никола Стојан, Митан Менко, Ѓорго Продан, Јован Петро, Марко Ѓорго, Петко Лозан, Кирче Тодор, Пејо Никола, Атанас Јован, Петко Јован, Никола Волчин, Димитри Атанас, Јован Димитри, Јован Петко, Петко Мешко, Никола Петко,Петко Никола, Јован Пејо, Продан Миле, Петко Махачко, Јован Петро, Димитри Стојан, Киро Димитри, Атанас Доброслав, Рајко Пејо, Петко Јован, Гојко Марко.''
 
''-''Попови: ''Поп Михајло, Поп Јован, Поп Димитри, Поп Никола и Поп Никола од Дупени.''
 
-Неженети: ''Кирко Манојло, Димитри Грк, Бојко Димитри,Стојко Јарче,Димитри Јанко,Стојко Киро,,Атанас Димитри, Никола Јарче, Вукослав Петко,Новак Петко, Петко Јован, Никола Митан, Стојан Никола, Петко Петко, Никола Тодор, Лазар
Петко, Јован Петко.''
 
== Стопанство ==
Спрема податоците од пописниот турски дефтер од 1583 год. селото ги плаќало следните даноци:
- Во селото имало 49 домакинства, неженети мажи 17 и 2 баштини (имоти без сопственик), а ги обработувале жителите на селото. Сите тие плаќале данок од по 25 акчиња по глава на семејство и неженет.<br />
-Испенџе............68 по 25 акчиња = .......................................... 1.700 акчиња
 
-Пченица, 40 товари, вредност....................................................2.160 -/-
 
-Јачмен, 15 товари,вредност......................................................450 -/-
 
-Рж 25 товари, вредност.........................................................750 -/-
 
-Просо , 1 товар, вредност.......................................................30 -/-
 
-Уров, 1 товар,вредност..........................................................30 -/-
 
-Овес, 10 товари,вредност........................................................180 -/-
 
-Ушур од шира,250 медри,вредност.................................................1.500 -/-
 
медра,мерка за шира - грозје чија тежина била 8 оки-10,262 кгр
 
- Ушур од лен....................................................................80 -/-
 
Ушур, данок во натура, десеток од производот
 
-Данок за риба..................................................................515 -/-
 
-Ушур од улишта.................................................................25 -/-
 
-Данок за градинарски култури....................................................98 -/-
 
-Данок за свињи..................................................................73 -/-
 
-Данок за корито.................................................................50 -/-
 
-Данок за летно пасиште(јајлак) се зема од дојдените од надвор...................40 -/-
 
-Такса за вино,се зема од продадната шира донесена од надвор.....................30 -/-
 
-Нијабет,свадбарина,пољарина и за тапија за земја...............................344 -/-
 
'''ВКУПНО ................. 8.055 акчиња'''
 
Дадениот преглед ни кажува дека населението на селото се занимавало со ситно земјделие и сточарство.Толку колку да се прехрани семејството и да остане семе за идната година. Се разбира тука е и храната и крмата за крупната и ситната стока.
Крупната стока ,кравите за млеко, млечни производи (сирење, кисело млеко-потквас, маштеница (матеница) , маст (путер), изварок (урда), приплод, и телиња за месо, волови и коњи за запрега. Ситната стока, овците за волна, млеко, млечни производи и месо, свињите за месо и др. Живината-кокошката била присутна во секое семество. Неизбежни како домажни животни биле и кучето(песот) и мачката, за кои се разбира морало да се обезбеди храна и соответна нега и внимание.
Ваквата состојба траеше до интензивирањето на земјоделството со одгледување на јаболкото во педесетите години од минатиот век.
Се било натурално, од природата за природата. Значи производите чисто природни , а ѓубрењето-прихраната на почвата исто така чисто природна.
Парите се добивале од евентуалниот вишок на производи и најчесто и редовно од рибарењето и трската. Риболовот бил тој, кој создавал храна и пари. Имено просторот јужно од вториот песочен превлак , преку река-црква-тумби-Вича ,наречен Перовско Блато со длабочина на водата до три метри, обраснат со трска и сите други водни растенија, бил богат со сите видови риби. Тој простор е со должина (исток-запад) од околу 2 км и широчина (север-југ) околу 500 метри. Именуван е од исток кон запад : Вршица, Лолици, Омарица, Патиште ,Солејнца и Вича. Овој простор е парцелизиран во правоаголни парцели широки до 30 метри со насока север-југ. Секое домакинство има свои парцели. Тие се ловишта за риби и места на кои се собира трска за храна на добитокот и трска за плетење кочинки (платна- рогози 2,5-4,0 м), и покривање на плевните и другите помошни објекти.
Ловиштата подготвени за риболов се викаа овде Коци, во Охрид даљани и Дојран,мислам мандри. Рибата се ловела секое утро. Доколку дента имало откуп се носела дома,а ако немало се чувала тука во ловиштето во цилиндри од плетена трска именуван Немјак/немјаци. Уловената риба се носела кај даночникот-Дулеxијата ,се мерела и десетокот останувал кај дано~никот а остатокот кај рибарот.
Во селото постои селско место викано Коначе. Тоа е простор од околу 30 метри широк и 200 метри долг. На јужната страна до 1950 год имаше остатоци од зградата Дулија-кантарница. Другиот простор е празен, на којшто одмарале и чекале товарните или запре`ните грла. Не продадената риба се солела-саламурела во каци,чувала до бо`икните пости запразниците во декември,а дел се ни`ела во низи и сушела на сонце. Така сува се продавала. Трската, пак, над водата со зелени листови и цвет, после сеењето на житото и вршидбата,(после 15 Август) се жнеела ,сушела и во снопови се складирала во плевните за прехрана на добитокот во зимата. Остатокот од трската-стеблата над вода и во вода до дното ,во месеците кога спласнувале работите во полето (Ноември, Декември, Јануари) се жнеела со сор-ови за плетење и покривање на плевните и помошните објекти. Плетењето се вршеше со врбови прачки.
Оваа активност попредузимливите луѓе и сега ја практикуваат. Плетените кочинки-рогози ги продаваат за плафони на куќи и други помошни објекти.
Риболовот покасно,не ние познато кога ,се вршел и со мрежи ношници со различна големина на отворот (окцето) на плетивото: ситни 1-2 см за рибата белвица,овде викана нивичка, бидеји најмногу ја има во атарот на с.Нивици каде што езерото е најдлабоко а водата најчиста. Оваа риба солена нанижана во низа исушена на сонце се продава под име циронка; потоа средна големина 4-6 см за лов на плотици (писи) ,скобуст (бојник) и мренка; и оката со отвор на окцето 7-12 см., за лов на крап различна големина и тежина. Мреживе се индивидуален алат на групи од по двајца рибари во еден чамец. За групно рибарење во употреба бил ВЛАК. Тоа е полукружна мрежа плетена од подебел и појак конец висока околу 5 метри, долга не помалку од 50 метри. Во средината има отвор кој завршува со исто плетиво-Xеп со дијаметар од 2-3 метри и должина до 10 метри. Горната и долната страна на влакот се обрабени со дебело јаже-ортома. На долниот дел има оловни топки да тежат и се влечат по дното , а на горниот топки од плута да ја држат мрежата затегната по височина. Оваа мрежа рибарите ја поставуаат во вода на неколку стотини метри, а потоа со долги ортоми, две групи ја влечат кон копното. Влечејки го влакот, сета риба бега кон отворот со xеб. На копно сета уловена риба се вади од xебот.
Во втората половина на педесеттите години во СИР ХАН беше формирано рибарското стопанство "Рибар". Во него влегоа рибарите од с. Перово и с. Стење со своите мрежи и чунови-чамци. Стопанството набави и рибарски брод со влечна мрежа КОЧА, идентична на влакот. Се покажа дека влечејки ја бродот мрежата по езерското дно, убива дел од рибите и ги уништува алгите со кои се храни рибата. После неколку години беше исклучен од употреба.
Во периодот на социјализмот секое семејство имаше по еден или двајца вработени. Во слободното време работеа и селско стопански работи. После распадот на социјализмот и најлошата приватизација скоро сите останаа без работа.Се занимаваат со земјоделски работи. Не решеното прашање со пласманот и ниските цени на производите, производството го прават не рентабилно и ненадежно.
== Образование и култура ==
 
Веќе наведовме дека официјалните турски документи за историјата на Македонскиот народ опширен пописен дефтер на охридскиот санџак од 1583 година, том 8-ми книга прва, дава податок дека во с. Перово имало 5 попови. Тие биле писмени луѓе што знаеле да читат и пишуваат. Во тоа време Црквата и верата биле стожерот заштитник на националниот идентитет на маќедонскиот народ, иако отоманската власт вршела силен притисок за асимилација и исламизирање на рајата,неверниците. Богослужбата се вршела на старословенски јазик. Тоа го констатирал Виктор Григорович при посетата во 1844 год.
Старата дотраена црква посветена на св. Атанасие Велики ,селаните ја урнале и изградиле нова ,која и ден денес постои. Таа е изградена и осветена во 1867 год. Запишано е на округлиот камен на западниот калкан на црквата.
Познато е дека после укинувањето на Охридската Архиепископија започнале притисоците на Патријаршијата и Егзархијата врз македонскиот народ.<br />
Во село Перово училиштето постои од 1875 год. (Георги Трајчев,"Преспа",Софија 1923 год.) Училиштето сигурно било Егзархиско. Тоа го забележав од пишувањето, ракописот на мојот дедо на бугарско писмо. Училиштето било во состав на црквата.
После Балканските војни и поделбата на Македонија, с. Перово е под Српска власт. Училиштето работи на српски јазик. Во периодот поме|у 1930 -1935 год. изградено било ново училиште на локација до црквата.Тоа беше убаза зграда од камен и тули,со четири училници и одделно простории за стан за учителот. Настава се одржувала до 1941 год., кога езерото добило максимално ниво и Германија ја окупирала Македониија.Во текот на војната настава немало до 1945 год. <br />
Во 1948 год. кога езерото по третпат поплави, наставата продолжи во зградата стан за порезникот, финансијата како го викале,од српското време, изградена на сред село.
Прв учител по ослободувањето беше Христо (Кицо) од с. Покрвеник. После него Александар (Цане) Хаџиевски од Ресен.После него Љубица тогаш завршена во учителската школа во Битола, а после неа Данче Клинчаровски од с. Дрмени итн.
Црквата, верата бие тие што ги насочувале и одржувале моралот и етиката. Верските празници: Божик, Водици, Велигден, славите Митровден, Пречиста, св. Ѓоргија, св.Никола и селската слава св. Атанас летен (15-ти Мај), биле денови на кои им се посветувало максимално внимание. Се чистеле и белеле куќите, метеле дворовите и улицата,се подготвувале убави јадачки и пијачки, се облекувала нова,чиста и убава облека и се чекале гости. На средсело свирела музика ,а младите играле и пееле.За децата посебни радосни настани биле Коледе и Сурово(Стара нова година). На вечер пред празникот се палеле огнови и цела ноќ се бдеело околу огнот. Сабајлето околу 5 сатот се тргнуваше на коледарење од куќа во куќ,а низ цело село.
За младите вечерните седенки за калапење тутун, лупење и ронење пченка ,беа забава и разонода. Се прикажуваа итроштини,приказни и пееа најубави македонски народни песни.
Во почетокот на педсеттите години на минатиот век, за првпат беше извршено проектирање на филмови со подвижен кино проектор на киното во Ресен.Еднаш или два пати во месецот доаѓаше во селото и на отворено на бел варосан фасаде ѕид се вршеше проекција. Гледачите на сопствени столчиња седеа и гледаа филм.
За државните празници училиштето и учениците приредуваа приредби, а после тоа имаше игранка.
 
== Демографија ==
Според статистиката на [[Васил К’нчов|Васил К'нчов]] („[[Македонија. Етнографија и статистика|Македониja, Етнографиja и статистика]]“) од 1900 година, во ''Перово'' живееле 590 жители, сите [[Македонци]].<ref name=":0">[http://www.promacedonia.org/vk/vk_2_36.htm Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 241.]</ref>
 
Според секретарот на бугарската егзархија [[Димитар Мишев]], („[[La Macédoine et sa Population Chrétienne]]“) во 1905 година во ''Перово'' имало 600 [[Македонци]], егзархисти.<ref name=":1">D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 170-171.</ref>
 
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 103 домакинства и 175 жители, сите [[Македонци]].<ref>http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.</ref>
 
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:<ref>Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.</ref>
{| class="wikitable"
!Година
!1900
!1905
!1948
!1953
!1961
!1971
!1981
!1991
!1994
!2002
|-
|'''Население'''
|590<ref name=":0" />
|600<ref name=":1" />
|410
|434
|428
|351
|331
|209
|213
|175
|}
 
=== Родови ===
Долно Перово е македонско село.
 
Родови во селото се: Ајгаровци, Блатковци (Грковци), Голицовци, Гуновци, Гроздановци, Гронџевци, Гребановци, Ѓуровци, Јанкуловци, Јосифовци, Каљунџиовци, Кевиловци, Калиовци, Коцкаровци, Климевци, Каровци, Коњановци, Кардевци, Луловци, Лиговци, Лижевци, Мушевци, Мелеловци, Мицкаловци, Милошевци, Мотлевци, Нунушовци, Нонкуловци, Печенковци, Пшковци, Поповци, Ромбевци, Римановци, Рауковци, Стојчевци, Србиновци, Цакуловци, Царовци, Циревци, Чавкаловци, Чачевци и Шутиновци.<ref>{{Наведена книга|title=Населбите во Преспа|last=Јовановски|first=Владо|publisher=Ѓурѓа|year=2005|isbn=|location=Скопје|pages=}}</ref>
 
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1949 година, родови во селото се:
 
* '''Староседелци и непознато потекло:''' ''Рацковци со Шапковци (1 к.), Поповци со Царовци, Печенковци, Блатковци и Поповци (28 к.), Ќевиловци (3 к.), Голицовци (2 к.), Мушевци (1 к.), Луловци (7 к.), Мицкаловци со Марковци, Шундовци, Гребаковци и Џакуловци (3 к.), Иванковци (14 к.)''
* '''Доселеници:''' ''Џуровци (6 к.)'' доселени се од некое место [[Џура село|Џура]] (?).<ref>{{Наведена книга|title=Преспанска област|last=Русиќ|first=Бранислав|publisher=Архивски Фонд на МАНУ, к-2, АЕ 87|others=|year=|isbn=|location=|pages=}}</ref>
 
== Општествени установи ==
Во ова село моментално нема училиште, меѓутоа постоеше едно од најстарите основни училишта во Преспа уште од крајот на XIX век, најпрвин сместено до селската црква а подоцна диссместено во центарот на селото.
 
== Администрација и политика ==
 
=== Изборно место ===
 
Во селото постои изборното место бр. 1664 според [[Државна изборна комисија на Македонија|Државната изборна комисија]], сместени во просториите на продавница.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://mojotizbor.mk/arhiva/parlamentarni-izbori-2011/9-uncategorised/194-opisi-na-izbiracki-mesto.html|title=Описи на ИМ|last=|first=|date=|work=|archive-url=|archive-date=|dead-url=|accessdate=3 ноември 2019}}</ref>
 
На [[Македонски претседателски избори (2019)|претседателските избори во 2019 година]], на ова изборно место биле запишани вкупно 190 гласачи.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=https://rezultati.sec.mk/mk-MK/1/r/all/56/1613|title=Претседателски избори 2019|last=|first=|date=|work=|archive-url=|archive-date=|dead-url=|accessdate=3 ноември 2019}}</ref>
 
== Културни и природни знаменитости ==
Перовската трска богата со над сто видови на птици во чии атар се наоѓа орнитолошкиот резерват Езерани.
Црквата св.Атанасиј Велики е почната 1869 а завршена 1876 година. Во неа може да се види прекрасен иконопис од мијачки најстори.
 
== Редовни настани ==
 
== Личности ==
Моменталниот министер за одбрана [[Зоран Коњановски]] е од ова село. Ова село дало и четири магистри, едниот е [[Илија Чавкаловски]] со своите трудови за водостојот на Преспанското Езеро, другиот е Џуровски Живко со своите трудови околу рибниот фонд во Преспанското Езеро, Митко Царовски магистер на економски науки и Сандре Нонкуловски магистер по економски науки.
Од ова село потекнува позната пејачка Тања Царовска која ги пееше насловните нумер на филмовите Троја, Александар Македонски, Одисеј и Пасија.
 
== Култура и спорт ==
 
[[ФК Рибар]] - кој се натпреварува во општинската лига и кој беше првак на општинската лига во ресен во 1972 година и повторно 1981 година.
 
== Наводи ==
 
* Турски Документи за историјата на македонскиот народ, опширен пописен дефтер на охридскиот санџак од 1583 год., Том 8-ми, книга 1, Скопје, 2000 год.
* Виктор Григорович “Отчерк путешествија по Европејској Турцији”, Казан 1855 год.
* Славејко Арсов, “Сеќавања”, приредил Л. Милетич, Софија 1923 год.
* Влогимјеж Пјанка, “Топономастика на охридско-преспанскиот басен”, Скопје 1970 год.
* Георги Трајчев, “Преспа”, Софија 1923 год.
* Топографски карти 1:100.000; 1:50.000; 1:25.000, ВГИ на ЈНА Белград.
* [[Јован Цвииќ]], “Атлас језера Македоније, Старе Србије и Епира”, Београд 1902 год.
* Лични кажувања на Никола Коле Царовски учесник во Илинденско-то Востание.
* Илија Чавкаловски, “Преспанско Езеро-Осцилациите на нивото на водата”, НИП Глобус, Скопје 1997.
* Илија Чавкаловски, “Преспа”, Глобус, Скопје 2001 год.
* Илија Чавкаловски, лични животни сеќавања и доживувања
 
== Галерија ==
 
<center>
<gallery mode="packed" heights="180px">
Податотека:Викиекспедиција Преспа 246.jpg|Улица во селото
Податотека:Викиекспедиција Преспа 247.jpg|Стари и нови куќи во селото
Податотека:Викиекспедиција Преспа 248.jpg|Поглед на селото
</gallery>
</center>
 
== Наводи ==
{{наводи|2}}
 
== Надворешни врски ==
{{Ризница-ред|Dolno Perovo|Перово}}
 
{{Општина Ресен}}
 
[[Категорија:Перово| ]]
[[Категорија:Села во Македонија]]
[[Категорија:Ресенски села]]
[[Категорија:Села во Општина Ресен]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Перово