Астрономија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Извори: Замена со тековен назив на предлошка, replaced: цитирана книга → наведена книга (3) using AWB
с →‎Галaксија: Јазична исправка, replaced: лоцирано → сместено using AWB
Ред 95:
=== Галaксија ===
При крајот на XVIII век британскиот астроном Сер Вилијам Хершел ги конструираше најголемите рефлекциони телескопи во тоа време и ги употреби за истражување на небото. Тој не само што ја откри планетата Уран, туку и низа двојни ѕвезди во рамките на огромниот број ѕвездени групации и облаци. Неговото броење на ѕвезди во различни региони на небото го увери дека Сонцето е само едно во огромниот облак од ѕвезди распрскани по небото.<br />
'''Млечниот Пат''' претставува галаксија чии ѕвезди се гравитационо поврзани и ротираат околу еден оддалечен центар. Располагањето со информации за оддалеченоста на ѕвездите е од големо значење при проучувањето на структурата на Млечниот Пат. Методот за одредување на овие растојание преку паралаксата може да се примени само за неколкуте илјадници поблиски ѕвезди. Постои посебна класа на ѕвезди, наречени Цефеиди променливи, чија сјајност варира на периоди што зависи од количеството на светлина која тие всушност ја зрачат (во споредба со количеството нивна светлина која стигнува до Земјата). Споредбата помеѓу овие две количества на светлина служи за одредување на нивните растојанија. Потпирајќи се на откритието за односот помеѓу периодот и сјајноста од страна на американскиот астроном Хенриета Свон Ливит, американскиот астроном Харлоу Шејпли ги искористи Цефеидите променливи да ја измери големината на Млечниот Пат. На светлосен зрак кој се движи со брзина од околу 300 000 км/сек му се потребни 400 000 години да го помине Млечниот Пат од едниот до другиот негов крај. Видливата спирала изнесува некаде помалку од половината нејзина ширина. Сé на сé, Млечниот Пат брои околу трилион ѕвезди кои ротираат околу заеднички центар. Сонцето, кое е лоцираносместено на околу 30 000 светлосни години од центарот на Млечниот Пат, патува со брзина од околу 210 км/сек и прави една цела револуција приближно на секои 200 милиони години.<br />
[[Млечниот Пат]] вклучува и огромни количини на честички од прав и гас кои се распрскани помеѓу ѕвездите. Оваа меѓуѕвездена материја í попречува на видливата светлина која доаѓа од далечните ѕвезди така што набљудувачите на Земјата не можат целосно да ги видат далечните делови на Млечниот Пат. Со откритието од 1932 година на американскиот електро инженер Карл Г. Џенски дека радио брановите се емитуваат во Млечниот Пат, почнува да се развива нова гранка на астрономијата. Подоцнежните истражувања укажаа на тоа дека оваа радијација доаѓа делумно од меѓуѕвездента материја, а делумно од дискретни извори формално наречени радио ѕвезди. Радио брановите, кои доаѓаат од далечните делови на Млечниот Пат можат да пенетрираат во меѓуѕвездената материја која не ја пропушта видливата светлина и со тоа им оневозможува на астрономите да ги набљудуваат регионите скриени за оптичките инструменти. Од таквите набљудувања беше констатирано дека Млечниот Пат претставува спирална галаксија со сплескана испакнатост од стари ѕвезди, надворешен диск од топли млади ѕвезди кои ги градат спиралните продолжетоци и огромен, издолжен ореол од бледи ѕвезди. Со набљудувањата на надворешниот диск во 1986 со радио телескоп, за првпат во историјата е забележано раѓање на ѕвезда, во соѕвездието Ophicus или Серпентинскиот носач, оддалечено 500 светлосни години.
Сé до 1980-тите јадрото на Млечниот пат претставуваше мистериозен регион, затскриен од темни облаци на меѓуѕвезден прав. Астрономите почнаа постепено да ја градат целата таа слика на овој регион во 1983 година, кога всушност беше лансиран сателитот ИРАС (Infrared Astronomy Satelite). Сензорите на ИРАС ослободени од попречувачките ефекти на земјината атмосфера успеаа да ги снимат со досега невидена деталност позициите и облиците на огромен број извори на инфрацрвена енергија кои ја зафаќаат сржта на Млечниот Пат. Помеѓу овие беше откриен и еден масивен објект, кој не претсатвува ѕвезда, а е премногу компактен за да биде ѕвездена групација и за кој постои можност да се докаже дека е црна јама.