Дебар Маало: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Поврзано: Замена со тековен назив на предлошка, replaced: цитирање вести → наведени вести using AWB
с →‎Историја: Јазична исправка, replaced: лоцирано → сместено using AWB
Ред 7:
Маалото настанало од прогонети Македонци од делови на Западна Македонија кои со сила биле раселени и своето ново место на живеење го нарекле според името на етнографскиот предел од каде што дошле.
 
Местото каде што било лоцираносместено ова маало било едно од поновите предградија на Скопје. Пред тоа, на ова место постоеле градини и ниви. Првите куќи биле подигнати во [[1920]] година од страната на Браќата Петар и Андреја Митровиќ и од Јован Поповиќ. Тие потекнувале од [[Голо Брдо]], [[Дебарско]], регион што по [[1918]] година припаднал на соседна [[Албанија]]. Спомнатите дебарчани во [[1919]] година се населиле во Скопје, каде што купиле плацеви и изградиле куќи на просторот на некогашното Дебар маало. Овој простор сé уште не се сметал за градски, туку спаѓал во атарот на селото [[Долно Водно]]. Во 30-тите години на [[20 век]], по економската криза, во Дебар маало почнале да се доселуваат и жители од стариот дел на Скопје. Напуштањето на старите реони во Скопје било резултат на тешкиот економски живот. За продадениот имот во стариот град или како што го нарекувале Старо Скопје, можело да се купи нов плац на периферијата за градење куќа и да се подмират долговите на фамилијата и слично.
 
Од Железничката колонија и Учителската школа, сé до 1920 година, Дебар маало било одделено со празен простор што го населувале доселениците. Дебармаалците биле прочуени ѕидари. Овој занает се пренесувал од генерација на генерација. Ретко некој член од ѕидарска фамилија се занимавал со друг занает. Жените во Дебар маало, освен вршењето на сите женски домашни работи, се занимавале со везење и на тој начин заработувале пари.<ref>''Ljubica M. Ilić, Debar maalo, "Skopski Glasnik" br.407, 1936, 2.''</ref>