Хамбург: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Замена со тековен назив на предлошка, replaced: цитирана веб страница → Наведена мрежна страница (22) using AWB
с →‎Историја: Правописна исправка, replaced: 9-ти век → 9 век (2), 0-ти век → 0 век using AWB
Ред 159:
По распадот на [[Свето Римско Царство|Светото Римско Царство]] во 1806 година, [[Слободен царски град|слободниот царски град]] Хамбург не бил приклучен кон ниедна поголема административна област задржувајќи определени посебни привилегии, но подоцна станал [[Суверенитет|суверена]] држава со службен наслов ''Слободен и ханзин град Хамбург''. Хамбург бил кратко припоен од [[Наполеон]] кон [[Прва Француска Империја|Првото Француско Царство]] (1810–14). Руските сили под водство на [[Леонтиј Бенигсен|генералот Бенигсен]] конечно го ослободиле градот во 1814 година. Хамбург го повратил својот статус од пред 1811, како град-држава во 1814 година. [[Виенски конгрес|Виенскиот конгрес]] во 1815 година ја потврдил независноста на Хамбург и станал еден од 39-те суверени држави на [[Германски Сојуз|Германскиот Сојуз]] (1815–66).
 
Во 1860 година, државата Хамбург прифатила републикански устав. Хамбург станал град-држава во рамките на [[Северногермански Сојуз|Северногерманскиот Сојуз]] (1866–71), на [[Германско Царство|Германското Царство]] (1871–1918) и во текот на периодот на [[Вајмарска Република|Вајмарската Република]] (1919–33). Хамбург го искусил својот најбрз развој во текот на втората половина на 19-от век, кога неговото население се зголемило за четирипати на 800.000 жители, како растела [[Атлантски Океан|прекуатлантската]] трговија на градот, помагајќи му да стане европско трето најголемо пристаниште. Со [[Алберт Балин]], како нејзин директор, [[Линија Хамбург-Америка|линијата Хамбург-Америка]] станала светска најголема [[Атлантски Океан|прекуатлантска]] бродска компанија на почетокот на векот. Бродски компании кои пловеле до [[Јужна Америка]], [[Африка]], [[Индија]] и [[Источна Азија]] се наоѓале во градот. Хамбург бил местото за повеќето Германци и [[Источна Европа|источноевропејци]] за преселба во [[САД|Соединетите Американски Држави]] во доцниот 19-ти век и раниот 20-ти век. Трговски заедници од целиот свет сакале да се наоѓаат тука.
 
Големата епидемија на [[колера]] во 1892 година била лошо водена од градските власти, кои сè уште задржале необичен степен на независност за германски град во тоа време. Околу 8.600 умреле во најголемата германска епидемија во доцниот 19-ти век и последната голема епидемија на колера во голем град во западниот свет.
 
=== Втора светска војна ===
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Хамбург