Расизам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Еволуциони теории за потеклото на расизмот: Правописна исправка, replaced: кој што → којшто using AWB
с Правописна исправка, replaced: 9-ти век → 9 век (3), 0-ти век → 0 век (3) using AWB
Ред 4:
Точната дефиниција за '''расизам''' е спорна поради мала научна согласност за значењето на поимот „раса“, како и поради мала согласност за што ја сочинува а што не дискриминацијата. Критичарите тврдат дека терминот има различна примена, со сосредоточување на такви предрасуди од страна на белата раса и дефинирајќи едноставни забелешки на расни разлики како расизам. Според некои дефиниции, било која претпоставка дека однесувањето на една личност би било под влијание на неговата расна категоризација е расистичко, без обѕир дали тоа што го сторил е штетно или пејоративно. Други дефиниции вклучуваат и свесно злонамерни форми на дискриминација. Меѓу прашањата за тоа како да се дефинира расизмот се прашањата дали да се вклучат форми на дискриминација кои се ненамерни, како на пример претпоставување што некој претпочита или кои се неговите способности засновано врз расни стереотипи, дали да се вклучат симболични или регулирани форми на дискриминација како што е циркулирањето на етнички стереотипи низ медиумите, и дали да се вклучи социо-политичката динамика на социјална стратификација што во некои наврати е придружено од расна компонента. Некои дефиниции за расизам вклучуваат и дискриминаторски однесувања и ставови засновани врз културни, национални, етнички, општествено слојни или религиозни стереотипи.
Термините расизам и расна дискриминација честопати се користат за да опишат дискриминација на етничка или културна основа, независно од тоа дали овие разлики се опишани како расни. Според Повелбата на Обединетите Нации, не постои разлика помеѓу термините расна дискриминација и етничка дискриминација, а супериорноста заснована на расно разликување е научно и морално погрешна, социјално неправедна и опасна, и не постои оправдување ни во теорија ни во пракса, никаде.
Во минатото, расизмот играл голема улога во политичкото и идеолошкото поддржување на геноцидите како што е Холокаустот, но и во колонијален контекст како што е „каучуковата треска“ во Јужна Америка и Конго, и во европското освојувањето на Америка и колонизацијата на Африка, Азија и Австралија. Расизмот исто така претставувал водечка сила на трансатлантската трговија со робови како и на земји кои се темелеле на расна сегрегација како што се Соединетите Американски Држави во 19-от и раниот 20-ти век и Јужна Африка под апартхејд (анг. apartheid) . Обединетите Нации во целост ги осудуваат расистички политики и идеологии во Декларацијата за човекови права.
 
== Употреба на терминот и сродни термини ==
Ред 38:
== Супремасизам ==
 
Расистичките ставови на белата раса го простиле векови долг колонијализам од страна на Европа врз Северна и Јужна Америка, Африка и Азија. За време на раниот 20-ти век, фразата „Бремето на белиот човек“ широко се употребувала за да се оправда империјалистичката политика како благороден потфат.
 
== Сегрегационизам ==
Ред 77:
По отфрлањето на полигенизмот како и широко распостранетото расистичко и национално насилство од 1930-тите и 1940-тите, научниот расизмот се соочил со силно спротивставување, но потеклото на фундаменталните човечки и социјални различности сè уште се истражува во рамките на академскиот свет, во полиња како што е човечка генетика вклучувајќи ја и палеогенетиката, социјалната антропологија, компаративната политика, историјата на религии, историјтаа на идеи, праисторијата, историјата, етиката и психијатријата. Сите го отфрлаат Мејнеровиот остар расизам. Надвор од границите на Соединетите Американски Држави, постои распострането отфрлање на било каква методологија засновано на нешто слично со поделбата на Блуменбах. На тој начин, постои поголема нејаснотија до која мера и кога се прифаќаат етничките и националните стереотипи.
И покрај тоа што расистичките идеологии се значително дискредитирани по Втората светска војна и Холокаустот, расизмот и расната дискриминација останаа распостранети шитум светот. Некои примери за ова во денешно време се статистики вклучувајќи и, но не ограничувајќи се на, расниот пад на затворениците во однос на националното население, статистики за физичките и менталните способности, и други податоци собрани од научни групи. Додека овие статистики може да бидат точни, и да ги покажуваат трендовите, несоодветно е во многу земји да се претпостави дека поради одделна раса има висок криминал или ниска стапка на писменост дека сите припадници на расата се својствени криминалци, или неинтелигентни по природа.
Дубоа веќе забележал дека, во правењето разлика помеѓу расите, ние не расмислуваме во однос на расата, тука во однос на културата: „...заедничка историја, заеднички закони и религија, слични навики на размислување и свесно стремење заедно кон одредени животни идеали“. Националистите од доцниот 19-ти век били првите кои ги прифатиле современите дискурси на тема „раса“, етничка припадност и „преживување на најприлагодливиот“ за да обликуваат нови националистички доктрини. На крајот на краиштата, расите постојат за да ги претставуваат не само најважните особини на човечкото тело, туку тие се сметаат и за фактор кој несомнено го обликува карактерот и идентитетот на нацијата.
Според овој поглед, културата претставува физичка манифестација создадена од етнички групи, кои како такви се целосно определени по расни карактеристики. Поимите раса и култура станаа разгледувани како тесно поврзани и зависни еден од друг, во некои наврати и до таа мера на вклучување на националност и јазик во дефинирањето. Чистотата на една раса најчесто се поврзувала со доста површински карактеристики кои можеле лесно да се посочат и истакнат, како што е плава боја на коса. Расните особености најчесто се поврзувале со националност и јазикот отколку со вистинската географска распределба на расни карактеристики. Во случајот на нордицизам, називот „германски“ станал практично еквивалент на супериорност на една раса.
Потпомогнат од некои националистички и етноцентрични вредности сопствени достигнувања, овој концепт на расна супериорност се развил со цел да се разликува од други култури, кои биле сметани за инфериорни и мешани. Овој нагласок на културата соодветствува со модерната трендовска дефиниција на расизам: „Расизмот не потекнува од постоењето на ‘расите’. Расизмот ги создава нив преку процес на социјална поделба на категории. Секој може да биде ставен во одделна раса, независно од неговите соматски, културни или религиски различности“.
Ред 180:
Терминот „Хамити“ се употребувал за различни населенија во границите на Африка, кои главно се состоеле од Етиопјани, Еритрејанци, Сомалијци, Бербери и Нубијци. Хамитите се сметале за народ од белата раса кој најверојатно потекнал или од Арабскиот полуостров или Азија врз основа на нивните културн, физички и лингвистички сличности со тамошните луѓе. Европејците ги сметале Хамитите за поцивилизирани од црните Африканци и посродни на нив и на Семитите. Во првите две-третини од 20-от век, хамитската раса се, всушност, сметала за една од родните гранки на белата раса, заедно со Индо-европејците, Семитите и медитеранската раса.
Меѓутоа, честопати се мислело дека самите Хамитите потфрлиле како владетели, што обично се припишувало на вкрстувањето со црнци. Во средината на 20-от век, германскиот научник Карл Мејнхоф (1857–1944 година), наведил дека расата „банту“ била создадена со спојување на хамитска и црнечка раса. Хотентотите (Нама или Кои) биле создадени со спојување на хамитската и бушманската раса, кои денес се наречени „Којсански народ“).
Во раниот 19-ти век во Соединетите Американски Држави, се основало Американското колонизационо општество како примарно средство за предлагање за враќање на поголема слобода и еднаквост на црните Американци во Африка. Обидот резултирал од мешавина на причини со изјава на основачот Хенри Клеј: „непобедлива предрасува како резултат од нивната боја на кожа, тие никогаш не би можеле да се спојат со слободните белци од оваа земја. Беше пожелно, поради тоа, што се однесуваше до нив, и останатиот дел од населението на земјата да ги исцеди.“ Расизмот се проширил низ Новиот Свет во доцниот 19-ти и раниот 20-ти век. Насилно незаконско движење (анг. White capping), што започнало во индијана во доцниот 19-ти век, брзо се раширило низ цела Северна Америка, предизвикувајќи многу африкански работници да побегнат од земјата на којашто работеле. За време на 1860-тите година, во Соединетите Држави се користеле расистички постери за време на изборни кампањи. На еден од тие постери е насликан црнец кој се шета мрзоволно во предворјето додека еден белец го ори неговото поле а друг сече дрва. Придружни етикети на постерот се: „Во потта од твоето лице ќе го јадиш твојот леб“, и „ Белецот мора да работи за да ги задржи своите деца и да ги плаќа своите даноци“. „Црнецот се прашува, што корист имам јас да работам додека тие ги прават овие определувања“.
На 5 јуни 1873 година, господинот Франсис Галтон, истакнат истражувач и роднина на Чарлс Дарвин, напишал писмо до дневниот весник The Times:
„Мојот предлог е да го направиме поттикнувањето на кинески колонии во Африка дел од нашата национална политика, верувајќи дека кинеските имигранти не само што ќе ја задржат својата позиција, туку и дека ќе се размножат и нивните потомци ќе ја истиснат инфериорната црна раса.“ „Јас треба да очекувам дека африканското крајбрежје, моментно ретко населено од мрзоволни, дрдорливи дивјаци, за неколку години може да биде земено под наем од работливите, принципиелни Кинези, кои ќе живеат како делумно независна колонија на Кина, или пак во потполна слобода под свои закони.“
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Расизам