Разлика помеѓу преработките на „Луизијана“

Одземени 45 бајти ,  пред 2 месеци
с
Правописна исправка, replaced: 6-тиот век → 6 век, 9-тиот век → 9 век (2), 0-тиот век → 0 век (2) using AWB
(Замена на Image:Great_Seal_of_the_State_of_Louisiana.svg со Image:Seal_of_Louisiana.svg (од страна на CommonsDelinker поради: Duplicate: Exact or scaled-down duplicate: [[:c::File:Seal of Louis)
с (Правописна исправка, replaced: 6-тиот век → 6 век, 9-тиот век → 9 век (2), 0-тиот век → 0 век (2) using AWB)
 
==Предисторија==
Луизијана била населена од Индијанци многу милениуми пред доаѓањето на Европејците во 16-тиот век. Во текот на Средниот древен период, во Луизијана се наоѓал најстариот могила- комплекс во Северна Америка и еден од најстарите комплексни конструкции во Америка, местото Ватсон Брајк во близина на денешен Монро. Комплексот од 11 ритчиња бил изграден околу 3500 п.н.е. Местата Кани и Фрешман од Средниот дневен период исто така со сигурност датираат од 5600-5000 п.н.е, покажувајќи дека сезонските ловци и собирачи на плодови се организирале за да градат комплексни конструкции во денешна северна Луизијана. Местото Хедгепт во Парохијата Линколн е поново, датира од 5200-4500 п.н.е.
 
Околу 2000 години потоа, бил изграден Поверти Поинт, најголемото и најпознатото место од доцнежниот архаичен период во државата. Сегашното село Епс се развило во негова близина. Културата на Поверти Поинт можеби го достигнала врвот околу 1 500 година п.н.е, со тоа што станала првата комплексна култура, а можно е и да била првата племенска култура во Северна Америка. Траела приближно до 700 година п.н.е.
Во 1709 година, францускиот финансиер Антоан Крозат создал монопол на трговијата во француската превласт во Луизијана која се протегала од Мексиканскиот Залив до денешен Илиноис. “Таа дозвола му овозможила со брод да внесува црнци секоја година’’, напишал британскиот историчар Хју Томас.
 
Кога Франција ја продала Луизијана на Соединетите Држави во 1803 година, бргу бил прифатен фактот дека поробените Африканци можат да се носат таму исто како што се носеле во соседната држава Мисисипи и покрај тоа што ова ги прекршувало законите на Соединетите Држави. Иако Луизијана, во почетокот на 19-тиот век, била мал производител на шеќер со релативно мал број робови, набрзо станала голем производител на шеќер откако сопствениците на плантажи купиле робови кои се пренесувале од Африка, а потоа во Јужна Каролина, пред да бидат продадени во Луизијана каде сопствениците на планажи ја принудувале заробената работна сила да работи на нивните плантажи со шеќерна трска без да биде платена. И покрај барањата од страна на пратеникот Џејмс Хилхаус, од Соединетите Држави и од памфлетистот Томас Пејн да се спроведе постоечкиот сојузен закон против ропството во ново стекнатите територии, ропството се распостранило затоа што било извор на голема добивка и на работна сила која чинела најмалку. Последниот шпански гувернер на територијата Луизијана напишал дека “ Искрено, невозможно е низинскиот предел на Луизијана да опстои без робовите”, а со робовите колонијата правела големи чекори кон напредокот и богатството.
 
Потребна е присилена работна сила од робови, рекол Вилијам Клеборн, првиот гувернер на Луизијана од Соеднитети Држави, затоа што непринудените работници-белци “ не би издржале во оваа нездрава клима”. Хју Томас напишал дека Клеборн не бил способен да го спроведе укинувањето на трговијата со луѓе во Луизијана за кое бил задолжен.
Креолската култура е културно соединување кое зема по мал дел од француската, шпанската, африканската, и индијанската култура. Креолската култура е дел од културата на белците-Креолци и црнците-Креолци. Првично името Креолци се однесувало на белците од француско-шпанско потекло. Подоцна поимот исто така се однесувал на потомците од односите на белците со црни жени, од кои многумина биле образовани слободни обоени луѓе. Многу од богатите белци имале квази-трајни односи со црни жени надвор од нивните бракови, а ги издржувале како "placées". Ако жената била поробена на почетокот на врската, човекот вообичаено договарал нејзино ослободување, како и на кое било од нејзините деца.
 
Креолците ги поврзувале со областа Њу Орлеанс, каде што земале замав елаборираните договори. Повеќето богати плантажери имале куќи во градот, како и на нивните плантажи. Народното верување дека Креолеците се мешани луѓе од црнец/ка и Французин/ка дошло од хаитската асоцијација на африканско-француско лице. По револуцијата имало многу имигранти од Хаити во Њу Орлеанс. Иако црнец-Креолец е еден претставник на креолската раса, тој не е единствениот, ниту го има оригиналното значење. Сите соодветни култури на групите кои се населиле во јужниот дел на Луизијана се споиле за да се создаде една "Њу Орлеанс" култура. Креативното соединување на културите на овие групи, заедно со индијанската култура, било наречено "креолска" култура. Таа продолжила да постои и во 20-тиот век како една од преовладувачките социјални, економски и политички култури во Луизијана, заедно со кажун културата.
 
Предците на Кажуните дошле од централнозападна Франција во провинциите Њу Бранзвик и Нова Шкотска во Канада, познати како Акадија. Кога Британците ја добиле француската и индијанска војна, Британците присилно разделувале семејства и ги протерувале поради својата долготрајна политичка неутралност. Повеќето заробени Акадијци биле сместени во затворени кампови во Англија и во колониите на Нова Англија од 10 до 30 години. Многу од оние кои им побегнале на Британците останале во француска Канада. Откако биле ослободени од Англија, многумина се разбегале, некои во Франција, Канада, Мексико или Фокландските Острови. Мнозинството нашле засолниште во јужна Луизијана сместени во регионот околу Лафајет и речниот залив Ла Фурш. До 1970-тите, Кажуните често се сметале за пониска класа граѓани, со тоа што поимот "Кажун" бил донекаде потценувачки. Откако блеснало богатството од нафта и гас, кажун културата, храната, музиката, и нивниот заразен "радоста на живеењето" начин на живот брзо стекнал светска слава.
* Атеисти – 8%
 
Еврејски заедници постојат во поголемите градови во државата, особено во Батон Руж и Њу Орлеанс. Најважна од овие е еврејската заедница во областа на Њу Орлеанс, со население од 12 000 жители пред ураганот Катрина. Присуството на значајна еврејска заедница, основана во почетокот на 20-тиот век, исто така направи од Луизијана необична држава меѓу јужните земји, иако Јужна Каролина и Вирџинија имале влијателно население во некои од нивните најголеми градови од 18-тиот и 19-тиот век. Меѓу истакнатите евреи во политичкото раководство на Луизијана се вбројуваат виговецот ( подоцна демократ) Јуда Бенџамин (1811–1884), кој ја застапувал Луизијана во американскиот Сенат пред Американската граѓанска војна и потоа станал Сојузен државен секретар; демократот Адолф Мејер (1842-1908), сојузен офицер кој ја претставувал државата во амеркинаскиот Претставнички дом од 1891 година сè до својата смрт во 1908 година; републиканскиот државен секретар Џеј Дарен (1954- ) и републиканецот ( демократ пред 2011 година) врховен обвинител, Бади Колдвел (1946- ).
 
{{Инфокутија Држава во САД