Карл Маркс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Надворешни врски: Додадена категорија using AWB
с →‎top: Правописна исправка, replaced: 0-ти век → 0 век using AWB
Ред 22:
'''Карл Маркс''' ({{lang-de|Karl Marx}}; [[Трир]], [[5 мај]] [[1818]] - [[Лондон]], [[14 март]] [[1883]]) — [[Германија|германски]] [[филозофија|филозоф]], [[политичка економија|политички економист]], историчар, социолог, политички теоретичар, новинар и комунистички [[револуција|револуционер]]. Еден е од најистакнатите претставници на Меѓународното здружение на работниците (попознато како [[Прва интернационала]]) и е втемелувач на [[марксизам|марксизмот]]. За најважно негово дело сме смета обемната четири-томна расправа „[[Капиталот (Маркс)|Капиталот]]“.
 
Роден во [[Трир]], Германија во граѓанско семејство, кое во периодот на неговото раѓање од [[јудаизам]] преминува во [[христијанство]]. Неговиот татко бил адвокат, човек восхитен од идеалите на [[Француска револуција|Француската револуција]], со длабоки либерални чувства, во чиј дух го воспитувал и својот син. Маркс студирал право и филозофија на универзитетите во Бон, Берлин и Јена. Тој се оженил со Џени фон Вестфален во 1843 година. Поради своите политички публикации, Маркс останал без државјанство и со децении живеел во егзил со својата сопруга и децата во Лондон, каде продолжил да ја развива својата мисла во соработка со германскиот мислител Фридрих Енгелс и да ги објавува своите списи, истражувајќи во читалната на Британскиот музеј. Негови најпознати дела се памфлетот од 1848 година, Комунистичкиот манифест и четири-томниот ''Das Каpitаl''. Неговата политичка и филозофска мисла има огромно влијание врз интелектуалната, економската и политичката историја на 20-ти век. Во 1999 година, Маркс е прогласен за мислител на милениумот,  во 2005 година за светски најголем филозоф и во 2013 година за светски најдобар научник.
 
Критичките теории на Маркс за општеството, економијата и политиката - колективно сфатени како марксизам - тврдат дека човечките општества се развиваат преку класна борба. Во капитализмот, ова се манифестира во конфликт помеѓу владејачките класи (познати како буржоазија) кои ги контролираат средствата за производство и работничките класи (познати како пролетаријат) што ги создаваат овие средства со продажба на нивната работна сила за возврат за плати. Применувајќи критички пристап познат како историски материјализам, Маркс предвиде дека, како и претходните социо-економски системи, капитализмот произведува внатрешни тензии што ќе доведат до физичко и вредносно уништување на неговиот капитал (конфликт меѓу раширувањето на производството и оплодувањето на вредноста)<ref>{{Наведена книга|title=Капиталот, том трети|last=Маркс|first=Карл|publisher=Мисла|year=1976|isbn=|location=Скопје|pages=226-229}}</ref> и негова замена со нов систем познат како комунизам преку победоносна класна борба извојувана од работничката класа. Но, истовремено Маркс предупреди на причини со спротивно дејство „зошто ова паѓање не е поголемо или побрзо ... влијанија со спротивни дејства, кои го попречуваат и укинуваат дејството на општиот закон и нему му даваат карактер само на тенденција, поради што паѓањето на општата профитна норма ние го означивме како тенденциско паѓање.“<ref>{{Наведена книга|title=Капиталот, том трети|last=Маркс|first=Карл|publisher=Мисла|year=1976|isbn=|location=Скопје|pages=213-220}}</ref>