Британска Империја: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Источноиндиската компанија во Азија: Правописна исправка, replaced: чија што → чијашто using AWB
с Правописна исправка, replaced: 6-тиот век → 6 век (4), 9-тиот век → 9 век (5), 0-тиот век → 0 век (3) using AWB
Ред 11:
Во своите најдбри времиња Британската Империја била најголемата империја во историјата и била најголема светска сила повеќе од еден век. До 1922 година во Британската Империја живееле 458 милиони жители, една четвртина од светското население во тоа време, и зафаќала повеќе од 33, 700,000 km2, скоро една четвртина од целосната копнена површина на Земјата. Како резултат од ова се јавува широката распространетост на нејзиниот јазик и политичкото и културно наследство. Во времето кога Британската Империја била најмоќна, често се велело дека “Сонцето никогаш не заоѓа над Британската Империја”(The sun never sets on the British Empire), бидејќи имало толку многу територии кој биле под нејзино владеење, па на некоја од нив секогаш било сончево.
 
За време на ерата на откритијата во 15-тиот и 16-тиот век, Португалија и Шпанија ги започнале европските истражувања на светот и во текот на тој процес основале големи прекуморски империи. Англија, Франција и Холандија им завидувале на овие овие империи бидејќи биле многу богати и затоа започнале да основаат свои колонии и трговски мрежи во америка и Азија. Во 17-тиот и 18-тиот век, Англија водела низа војни со Холандија и Франција кои (Британија по Актот на Унијата со Шкотска од 1707 година) ја направиле Англија доминантна колониска моќ во Северна Америка и Индија. Губењето на Тринаесетте Колонии во Северна Америка во 1783 година, по војната за независност, ја лишило Британија од една од нејзините најстари и најнаселени колонии. Вниманието на Бритаија наскоро се насочило кон Африка, Азија и Пацификот. По поразот на Наполеонска Франција во 1815 година, за Британија настапила скоро неприкосновена доминација која траела еден век и таа го проширила своето кралско влијание низ целиот свет. Значителен степен на автономија добиле нејзините колонии кои биле населени од белци, а некои од нив биле трансформирани во доминиони.
 
Растот на Германија и на [[Соединетите Американски Држави]], до 19-тот век, го намалиле економското влијание на Британија. Како последица од тоа воените и економски тензии помеѓу Британија и Германија се претвориле во една од најголемите причини за Првата светска војна, за време на која Британија во голема мера се потпрела на својата империја. Конфликтот и предизвикал на Британија големи финансиски тешкотии и иако Британија своето најголемо територијално проширување го постигнала непосредно по војната, сепак повеќе не била најголема економска и воена сила. За време на Втората светска војна британскките колонии во Југоисточна Азија биле окупирани од страна на Јапонија, со што британскиот престиж бил нарушен и се забрзал падот на империјата, и покрај победата на Британија и нејзините острови. Индија, највредната и најнаселената колонија на Британија добила независност две години по завршувањето на војната.
Ред 21:
Британската Империја се основала во времето кога Англија и Шкотска биле одделни кралства. Во 1496 година кралот Хенри VI, по успехот на Шпанија и Португалија во прекуморските истражувања, го назначил [[Џон Кабот]] за водач на патување на кое требало да се открие пат до Азија преку Атлантикот. Кабот започнал зо пловидба во 1497 година, пет години по откривањето на Америка, и иако тој успешно се закотвил на брегот на Њуфаундленд (грешно верувајќи, како Кристофер Колумбо, дека е во Азија), немало обиди за основање колонија. Наредната година, Кабот предводел уште едно патување во Америка, но никогаш повеќе не се слушнало ниту за него ниту за неговите бродови.
 
Немало нови обиди за основање англиски колонии во Америка се до средината на владеењето на Елизабета I, за време на последните децении од 16-тиот век. Католичка Шпанија, поради протестантското преобратување, и станала непријател на Англија. Во 1562 година, англискиот двор ги задолжил Џон Хокинс и Френсис Дрејк, кои извршувале приватни работи, да започнат со напади за трговија со робови против шпанските и португалските бродови на брегот на Западна Африка со цел да се пробијат на атлансткиот систем за трговија. Ова бил неуспешен обид, и подоцна, со засилувањето на Англо-Саксонската војна, Елизабета им го дала својот благослов на други пиратски пљачкосувања на шпанските пристаништа во Америка кои се враќале преку Атлантикот полни со богатство од Новиот Свет. Истоверемено, влијателните писатели како Ричард Хакли и Џон Ди (кој прв го искористил називот Британска Империја) започнале да притискаат за основањето на Англиска империја. До тогаш Шпанија веќе навлегла во Америка, Португалија основала трговски места, како и тврдини на бреговите на Африка и Бразил па се до [[Кина]], а [[Франција]] започнала да се шири на Реката на Св Лоренс за подоцна ова место да го претвори во Нова Франција.
 
==Колонизацијата на Ирска==
 
Иако доцна, во споредба со Шпанија и Португалија, Англија за време на 16-тиот век се ангажирала околу колонизирањето на Ирска, со исцртување на планови кои датирале од времето на Нормандиската инвазија во 1172. Неколку луѓе кои помогнале за колонизирањето на Ирска исто така одиграле голема улога во колонизацијата на [[Северна Америка]], особено една група попозната како” Мажте на Западната Земја”, меѓу кои биле Хемфри Гилберт, Валтер Дрејк, Џон Хокинс, Ричард Гренвил и Ралф Лејн.
 
==“Првата Британска Империја” (1583-1783 година)==
Ред 48:
==Ривалството со Холандија во Азија==
 
На крајот од 16-тиот век, Англија и Холандија почнале да стануваат закана за португалскиот трговски монопол со Азија со тоа што почнале да формаираат компании за да ги финансираат патувањата. Англиското, подоцна британскот компанија на Источна Индија и Холандското компанија на Источна Азија се оформиле во 160 година и во 1602година. Главната цел на друштва била да се вклучат во профитабилната трговија со зачини која се фокусирала главо во две области Источниот индиски архипелаг и [[Индија]]. Таму тие се бореле за трговска доминација со [[Португалија]] како и меѓу себе. Иако Англија на крајот ја победила Холандија како колониска моќ, сепак краткотрајниот холандски напреден финансиски систем и трите англо-холандски војни во 17-тиот век придонеле Холандија да има посилна позиција во Азија. Непријателските односи завршиле по Големата револуција во 1688 година кога холандскиот принц [[Вилем Орански]] го наследил англискиот престол со што започнал мир помеѓу Англија и Холандија. Со договорот кого го склучиле двете нации, трговијата со зачини на Источноиндискиот архипелаг и припаднала на Холандија, а текстилната индустрија во Индија и припаднала на Англија, но наскоро текстилот станал попрофитабилен од зачините и до 1720 година, преку продажба, британските компании ги презеле холандските.
 
==Препирања со Франција==
Ред 77:
Уште од 1718 година, испраќањето во американските колонии било казна за разни криминалци во Британија и годишно преку Атлантикот се испраќале 1000 осуденици. По загубата на Тринаесетте колонии, британците биле принудени да пронајдат алтернативна локација, па така британската влада се насочила кон новооткриената земја – Австралија. Западниот брег на Австралија бил откриен од страна на холандскиот истражувач Вилем Јанц во 1606 година и подоцна била именувака како Нова Холандија, но немало обиди за нејзина колонизација. Во 17770 година Џејмс Кук го открил источниот брег на Австралија и на едно научно патување во Јужниот Тихи Океан тој го барал континентот за Британија и го именувал Нов Јужен Велс. Во 1778 година Јозеф Бенкс, ботаничарот на Кук на патувањето, и покажал докази на британската влада дека има соодветни ботанички услови на Ботанскиот Залив за основање на казнена населба и во 1787 година испловил првиот брод со осуденици кои пристигнале во 1788 година. Британија продолжила да испраќа осуденици во нов Јужен Велс се од 1840 година. Австралиските колонии станале исплатливи извезувачи на волна и злато најмногу поради интензивните златни трески во колонијата Викторија чија престолнина бил [[Мелбурн]], најбогатиот град во светот и најголем по Лондон во Британската Империја.
 
За време на своето патување Кук исто така го посетил и Нов Зеланд кој првпат бил откриен од страна на холандскиот истражувач Абел Тасман во 1642 година и го барал Северот и Југот за бртинаскиот кралски двор во 1769 и 1770 година. Прво, комуинкацијата помеѓу домородното население Маори и европејците била ограничена на размена на стоки. Европските населби се зголемиле за време на првите децении од 19-тиот век, благодарение на бројните трговски места кои се основале, особено на северот. Во 1839 година компанијата на Нов Зеланд објавила дека планира да купи големи земјишни површини и да основа колонии во Нов Зеланд. На 6-ти февруари 1840 година, капетанот Вилијам Хобсон и околу 40 главатари на маорите го потпишале договорот од Ваитанги. Овој договор многумина го сметаат како договор со кој се создал Нов Зеланд, но со оглед на различното толкување на англиската и верзијата на маорите овој остров сѐ уште е спорна тема.
==Војна со Наполеонска Франција==
Ред 94:
Британија нема контрола само врз своите колонии, туку таа била доминантна во поглед на светската трговијата со што успешно ги контролирала економиите на многу држави како што биле Кина, Аргентина и Сијам кои некои историчари ги нарекуваат неформална британска империја.
 
Британските империски сили биле зголемени поради парната машина и телеграфот, нови технологии кои биле измислени во средината на 19-тиот век со кои империјата ја зајакнала својата контрола, а воедно се здобила и со подобра одбрана. До 1902 година Британската Империја била целосно внатршно поврзана со телеграфски кабли кои се нарекувале Црвена Линија.
 
==Источноиндиската компанија во Азија==
Ред 105:
Подоцна британската влада призела директна контрола врз Индија со што започнал периодот познат како Британскиот Раџ во кој со Индија управувал назначен гувернер- генерал, а кралицата Викторија била крунисаната императока на Индија. Источноиндиската компанија се распаднала наредната година.
 
Индија претпела големи загуби на житарки во последните години од 19-тиот век, што предизвикало масовно ширење на глад од што починале над 15 милиони луѓе. Источноиндиската компанија не успеала да спроведе координирана политика со цел да се справи со гладот за време на своето владеење. Ова се сменило за време на Раџот, кога се спроведувале истажувања за причините за гладот со цел да се спроведат нови политики чиј ефект се почувствувал дури во почетокот на 20-тиот век.
 
==Ривалство со Русија==
 
За време на 19-тиот век, Британија и [[Русија]] се натпреварувале за богатството кое го оставиле Османлиската, Персиската и Империјата Оинг кои веќе биле пред својот крај. Ривалствотот во Евроазија станало познато под името Големата игра. Поразите кои Русија им ги нанела на Персија и Турција, во Руско- Персиската војна (1826-1828 година) и во Руско-Турската војна (1818-1829 година), ги покажале руските амбиции и споособности и предизвикале страв кај Британија дека Русија може да направи инвазија врз Индија. Во 1839 година Британија се обидела да го спречи тоа преку обидот да изврши инвазија на Авганистан, но првата Англо-Авганистанска војна имала катастрофални последици за Британија.
Кога Русија извршила инвазија врз турскиот дел од Балканот, во 1853 година, стравот од руско влијание во Средоземјето ги натерал Франција и Британија да извршат инвазија на Кримскиот полуостров со цел да ги уништат руските поморски капацитети. Победата во Кримската војна (1854 – 1856 година), во која што се користеле нови технологии на модерното војување и која што била едниствена глобална војна која се водела помеѓу Британија и друга империја за време на Пакс Британика (британски мир), била катастрофален пораз за Русија. Ситуацијата во Средна Азија не се решила уште две децении, кога Британија го припоила [[Белуџистан]] во 1876 година како и [[Киргистан]], [[Казахстан]] и [[Туркменистан]]. Некое време се чинело дека уште една војна е незибежна, но двете земји во 1878 година се согласиле на спогодба во врска со нивните сфери на влијание во регионот, а во 1907година во врска со другите важни работи, со потпишувањето на Англиско-руската антанта. Уништувањето на руската морнарица во битката кај пристаништето Артур за време на [[Руско-јапонска војна|Руско-јапонската војна]] (1904-1905) исто така ја намалила моќта на Русија и таа веќе не претставувала толкава закана за Британија.
 
Ред 125:
Патот до независноста на белите колонии од Британската Империја започнал со Извештајот Дурхам во 1839 година, со кој се предложила унификација и самоуправување на Долна и Горна Канада како решение на политичките нереди таму. Ова започнало кога се донел актот на унијата во 1840 година со кој се создала провинцијата Канада. Своја влада прва добила Нова Шкотска во 1848 година, и наскоро овој тренд се проширил и кај другите британски колонии во Северна Америка. Со донесувањето на актот на британска Северна Америка во 1867 година од страна на британскиот парламент Горна и Долна Канада, Нов Брунсвик и Нова Шкотска се оформиле во доминионот [[Канада]], конфедерација која имала целосно самоуправување со исклучок на меѓународните односи. Австралија и Нов Зеланд постигнале слично ниво на самоуправување по 1900 година, со австралиските колонии кои се федерализирале во 1901 годин. Терминот доминантен статус (dominion status) официјално се вовел на Конференцијата за колониите во 1907година.
 
Последните децении од 19-тиот век донеле и политички кампањи за ирското независно управување. Ирска се обединила со Британија во рамките на Обединетото Кралство, Велика Британија и Ирска, со актот на унијата во 1800 година по ирското востание во 1798 година и во неа завладеал глад помеѓу 1845 и 1852 година. Самоуправувањето го поддржал британскиот премиер Вилијам Гладстон кој се надевал дека Ирска можеби ќе оди по стапките на Канада како домонионион во империјата но неговиот предлог закон за самоуправување во 1886 година не бил прифатен во парламентот бидејќи многу пратеници се плашеле дека, делумно, независната Ирска може да претставува закана за сигурноста на Велика Британија или да го започне распаѓањето на империјата. Вториот предлог закон за самоуправување исто така не бил прифатен од слични причини. Третиот предлог закон бил прифатен од страна на парламентот во 1914 година, но не се се спровел поради избувнувањето на Првата светска војна што довело до Велигденското востание во 1916 година.
 
==Светските Војни (1914- 1945 година)==
 
До почетокот на 20-тиот век во Британија се појавиле стравови дека веќе нема да може да се сочува единството на империјата, а притоа да се задржи политиката на изолација. [[Германија]] забрзано се развивала како воена и индустриска сила и се сметало дека таа најверојатно ќе биде една од страните во војната која следела. Британија признала дека е премногу раширена на Пацификот и дека е под закана од страна на германската морнарица. Така, Британија формирала алијанса со Јапонија во 1902 година и со нејзините стари непријатели Франција и Русија во 1904 и 1907 година.
 
==Првата светска војна==
Ред 207:
Многу поранешни британски колонии членуваат во Комонвелтот, неполитичко, доброволно здружение на еднакви членови. 15 членки на Комонвелтот сѐ уште имаат ист шеф на државата со Обединетото Кралство.
 
Децении, а во некои случаи и векови британско владеење и емиграција, оставиле траги врз независните нации кои настанале од Британската Империја. Империјата исто така придонела и за користењето на англискиот јазик во многу делови од светот. Денес тој им е мајчин јазик на повеќе од 400 милиони луѓе, а една милијарда и половина го зборуваат како нивни прв или втор странски јазик. Ширењето на англискиот јазик од втотара половина на 20-тиот век е поттикнато и од културното влијание од Соеднинетите Држави кои и самите биле создадени од британски колонии. Англискиот парламентарен систем служи како пример за владите на многу поранешни колонии, а англиското обичајно право за многу правни системи. Британскиот правосуден комитет на личниот совет на кралицата сѐ уште претставува највисок апелационен суд за неколку поранешни колонии на Карибите и Пацификот. Британските протестантски мисионери кои ги имало низ целиот свет кои често биле во улога на војници или јавни службеници ја прошириле англиската вероисповед на сите континенти. Британската архитектура во колониите како што биле црквите, железничките станици и владините згради, сѐ уште постои во градовите кои некогаш биле дел од Британската Империја. Индивидуалните и тимските спортови кои се развиле во Британија, особено фудбал, крикет, тенис на трева и голф биле пренесени и надвор од неа. Британскиот избор на мерен систем, емпириски систем, се користи во некои земји на различни начини. Конвенцијата за возење од левата страна на патот е задржана во многу земји од поранешната империја.
 
Политичките граници кои ги повлекувала Британија, кои не секогаш одразувале хомогени етнички или религиски заедници, придонеле за конфликтите во поранешно колонизираните територии. Британската Империја исто така е одговорна за многу миграции. Милиони луѓе ги напуштиле Британските острови со основањето на заедници во Соеднетите Држави, Канада, Австралија и Нов Зеланд кои потекнувале главно од Британија и Ирска. Тензиите сотануваат помеѓу белото население на овие земји и домородното малцинско население, како и помеѓу белото население и домородното мнозинско население како што е случај во Јужна Африка и Зимбабве. Британското населување во Ирска оставила траги кои се состојат од поделбата на населението на протестантски и католички заедници во Северна Ирска. Милиони луѓе се преселиле во и од британските колонии, со голем број индијанци кои емигрирале во другите делови од Империјата. Тоа се денешните Маласија, Маврициус, [[фиџи]], Гана, Тринидад, Кенија, Уганда, Танзанија и Јужна Африка. Кинеската емиграција, примарно од Јужна Кина, довела до создавање на кинеско мнозинство во Сингапур и кинески малцинства на Карибите. Демографската слика на Британија се променила по Втората светска војна поради имиграцијата во Британија од нејзините поранешни колонии.