Академска диплома: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Сегашни нивоа за здобивање со диплома: Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB
с →‎Канада и САД: Правописна исправка, replaced: 9-тиот век → 9 век using AWB
Ред 316:
 
====Канада и САД====
Во САД и Канада, од крајот на 19-тиот век, во сила е трикратниот дипломски систем за диплома, магистер и доктор, кој следи малку поинаква шема на студии од Европските еквиваленти.
 
Во САД и Канада, повеќето стандардни академски програми се базираат на четири годишните дипломски студии, при што најчеста е Диплома за Уметности (B.A.), или Диплома за Наука (ВЅ / B.Sc.), потоа едно или две годишна магистратура (најчесто Магистер за Уметности (M.A.), или Магистер за Науки (M.S./M.Sc.); било која од овие програми може да трае три години), и уште една или две години за работа и истражување, кулминирајќи во "сеопфатен" преглед во едно или повеќе полиња, плус можеби некое наставно искуство, а потоа пишување на дисертација за докторат, најчесто Доктор по Филозофија (Ph.D.), или други видови како што се Доктор по Образование (Ed.D.), Доктор по Психологија (Psy.D.), Доктор по Теологија, (Th.D.), за вкупно десет или повеќе години од почеток на дипломските студии (што обично започнуваат на околу 18 годишна возраст ) до доделување на докторатот. Овој временски распоред е само приближен, сепак, студентите во забрзаните програми понекогаш може да заработат диплома за три години или, од друга страна, за одреден проект за дисертација може да бидат потребни четири или повеќе години. Покрај тоа, дипломираниот студент може да чека неодредено време помеѓу дипломирањето и запишувањето во следното ниво, или пак за дополнителна диплома за веќе завршено ниво. Затоа, не постои временски рок за стекнување со академските дипломи.